На 06.11.2008 г. во резиденцијата на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј се одржа работен состанок на Одборот за возобновување на светиклиментовиот Универзитет во Охрид. Во одборот зедоа учество академик Крум Томовски, академик Петар Хр. Илиевски, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, проф. д-р Вера Битракова – Грозданова, Митрополит г. Тимотеј, д-р Лазар Шуманов и г. Паско Кузман, директор на Дирекцијата за заштита на културни споменици од Скопје. Одборот ги разгледа програмските задачи што треба да се гради на археолошкиот локалитет на Плаошник. По опстојно разгледување и сериозни анализи со мали измени и дополнувања беше прифатен и усвоен предлогот на работниот одбор за ревитализација на светиклиментовиот Универзитет на Плаошник. По завршувањето на состанокот, членовите на одборот направија посета на самото место на локалитетот.

Повеќе...

Во дваесеттата недела по Педесетница, на денот кога Црквата го празнува споменот на св. вмч. Артемиј, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на повеќемина свештенослужители, во охридското село Велгошти го изврши чинот на осветување на нова црква-параклис посветена на св. вмч. Димитриј. Кон многубројниот верен народ, Митрополитот г. Тимотеј се обрати со пригодно слово.

 

Повеќе...

На 26.10.2008 г., Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, зеде учество на чинот на осветување на новата црква во Македонска Каменица, посветена на Успение на Пресвета Богородица. После осветувањето, се отслужи архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на Митрополитите: надлежниот Брегалнички г. Иларион, како и гостите Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Струмички г. Наум, Повардарски г. Агатангел, и поранешен Европски г. Горазд, како и поголем број свештеници и ѓакони.

 

Повеќе...

На 27 октомври, кога Црквата го слави празникот на преподобна Параскева-Петка (Петковден), Митрополит г. Тимотеј, во истоимениот манастир во село Велгошти, охридско, во сослужение на повеќемина свештенослужители отслужи света Литургија. На божествената Литургија, во ѓаконски чин беше ракоположен богословот Саше Костадиноски од Македонски Брод, кој моментално е студент на Богословскиот факултет во Скопје.

Повеќе...

Саботата, 25.10.2008 г. во предпладневните часови, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј го освети патот кон манастирот св. Спас во Горно Лакочереј, охридско архиерејско намесништво. Патот го пуштија во употреба градоначалникот на Охрид г. Александар Петрески во придружба на останатите советници од локалната самоуправа, а во присуство на повеќе жители од селото, и со настап на културно-уметничко друштво со изведби на повеке народни песни и ора.

Повеќе...
Страница 148 од 150

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јули 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
29 30 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2