На 25.10.2008, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на повеќемина свештенослужители, во охридското село Опеница освети камен-теменилник на нова црква-параклис, посветена на светите врачи Козма и Дамјан. Иницијатор за градба на овој параклис е свештеникот Димче Ѓорѓиески, парох варошки во Охрид, кој потекнува од истото село, како и останатите жители од ова село кои живеат и работат во Охрид и се покажани како добри стопанственици.

Повеќе...

По повод јубилејот 150 години од изградбата на црквата посветена на св. Арахангел Михаил во Струшкото село Ташмаруништа, во присуство на многуброен верен народ, надлежниот Митрополит Дебарско-кичевски и плаошко струшки г. Тимотеј во сослужение на повекемина свештеници од стушкото и охридското архиерејско намесништво, отслужи света Литургија. По завршувањето на Литургијата, Владиката кон многубројниот народ се обрати со празнично слово.

Повеќе...

Владиката Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на свештенството од парохиската црква „Св. Богородица – Каменско“ од Охрид, свештениците Љупчо Симиџиоски и Сашо Богдановски, како и свештеникот Игор Никовски и ѓаконот Димче Азески, во попладневните часови отслужи Мало Повечерие со Акатист на Пресвета Богородица.

Повеќе...

Благовештение – објавувањето на благата вест за Христовото раѓање и за почетокот на нашето спасение, како што се пее во тропарот на празникот, во Охрид свечено беше прославен со света, божествена архиерејска Литургија во катедралната црква на охридските архиепископи, „Света Софија“.

На светата Литургија чиноначалствуваше Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на повеќе свештенослужители од епархијата.

 

Повеќе...

Во четвртата недела од светата Четириесетница, посветена на свети Јован Лествичник, Владиката Дебарско-кичевски г. Тимотеј со свештенослужители од Охридското и Струшкото архиерејско намесништво, отслужи света Литургија во соборната градска црква „Св. Ѓорѓи“ во Струга.

Повеќе...
Страница 149 од 150

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јули 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
29 30 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2