„Како ризница скапоцена и извор кој на земните им точи реки што ги очистуваат болестите, нам ни се даде твоето свештено тело, кое дава исцеление за различни болести, и божествена благодат на оние, кои доаѓаат кај него, за да извикаме: Радувај се, цару Владимире!“ (кондак на свети Јован Владимир).

 

Свети Јован Владимир е еден од најзначајните словенски светии, чиј живот бил украсен со кротост и смиреност, иако самиот тој бил владетел, односно кнез на Дукља. Црковната историја го забележува како исповедник на православната вера, просветител, но и маченик. Житието зборува дека подигал цркви и манастири, праќал учители за Христовата наука меѓу својот народ, а и самиот тој живеел богоугодно и во молитва, секогаш подготвен да го жртвува својот живот, за да го спаси својот народ од маки и страдања. Токму затоа и неговиот култ бил длабоко распространет насекаде меѓу словенските народи, а особено на просторите на древната Охридска архиепископија.

Asics footwear | Air Jordan Retro - 2021 Release Dates + Preview , Fitforhealth
Повеќе...

На 27.05.2016 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, зеде учество во чинот на осветување на новиот руски крст во Лешочкиот манастир, поставен по иницијатива на Руската амбасада во Р. Македонија, како сведоштво и благодарност за примањето на руските монаси, кои бегаа од прогонот на комунистичкиот режим во Русија. На чинот на осветувањето чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на Митрополитите Тимотеј, Иларион и надлежниот Митрополит Јосиф, како и на повеќе свештенослужители од Македонската православна црква. Пред присутните најпрво се обрати амбасадорот на Руската федерација во РМ, г-дин Олег Шчербак, како и неговата сопруга, а по осветувањето на крстот, со пригодно слово, се обрати и Архиепископот Стефан. На овој свечен чин присуствување и делегација од Вааламскиот манастир, предводена од игуменот Методиј, кој од страна на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, беше одликуван со Орден на свети Климент од Прв ред, за неговиот придонес во зацврстувањето на духовните врски меѓу Руската и Македонската православна црква - Охридска архиепископија и промовирањето на духовната култура меѓу македонскиот и рускиот православен народ. Со Орден на свети Климент од Трет ред, Светиот синод го одликува и Андреј Николаевич Деменко, поради промоција на православните вредности и поддршка на православните светињи. 

Sneakers Store | Trending
Повеќе...

На 25.05.2016 година, во просториите на Конгресниот центар на УКИМ, во Охрид, беа осветени просториите на ново отворениот почесен конзулат на Руската Федерација во Р. Македонија. На осветувањето чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на свештениците Ѓорѓи Блажевски и Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. На свеченото отворање присуствуваа: Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, ректорот на Санктпетербуршката академија, Неговото Високопреосвештенство Архиепископот Петерхофски г. Амвросиј, претставници од Министерството за надворешни работи на Р. Македонија, ректорот на УКИМ Скопје, проф. д-р Велимир Стојковски, којвоедно е и прогласен за почесен конзул на Руската федерација во РМ, амбасадорот на Руската Федерација во РМ, г-дин Олег Шчербак, советникот во Руската амбасада во РМ, г-дин Константин Берсенев,  претставници од Локалната самоуправа и други гости.

spy offers | Air Jordan Release Dates Calendar
Повеќе...

Светло прославувајќи ги светите рамноапостолни солунски браќа, Кирил и Методиј, богоносните отци и работници на лозјето Христово, денес се радуваат сите словенски народи, меѓу кои е и нашиот македонски род. А и како да не се радуваме кога Сесловенските и македонски просветители нè избавија од ропството на незнаењето и многубоштвото, и ни го дадоа неицрпниот извор на вода, која тече во живот вечен. 

 

По повод овој голем празник, висока црковно-државна делегација беше во посета на Рим, вечното почивалиште на светиот Кирил Солунски, каде со повеќе пригодни свечености беше одбележан празникот на светите браќа. Празнувањата започнаа ден порано, на 23.05.2016 година, со отворањето на изложбата Св. Климент Охридски и неговите претстави во ликовната уметност, која беше поставена во просториите на Понтификалниот универзитет „Урбанијана“, а беше организирана од страна на НУ Завод и Музеј Охрид. На отворањето на изложбата, свои обраќања имаа Претседателот на Собранието на Р. Македонија, г-дин Трајко Вељаноски, како и Министерката за култура на Р. Македонија, г-ѓа Елизабета Канческа Милевска. Вечерта заврши со извонредниот концерт на гитаристот Дарко Багески.

latest Nike Sneakers | Nike Shoes
Повеќе...

„Пак ни дојде летниот спомен на Атанасија, кој го носи името на бесмртноста, златотечниот Нил, кој со нови надоаѓања нè наводнува со нови златострујни наноси на бесмртноста, и ни ги дава плодовите на нераспадливоста, со врвното благовестење: Нè учи да се поклонуваме на неразделна Троица, ни точи божествени учења, ги напојува мислите на верните, и се моли за душите наши“ (стиховна стихира на Слава... на Вечерна богослужба на свети Атанасиј Велики).

 

На 15.05.2016 година, во Неделата на мироносиците и на празникот на свети Атанасиј велики во манастирот „Св. Атанасиј Велики“, метох на манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, протоерите Никола Христоски и Димче Ѓорѓиески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Nike Sneakers | Marki
Повеќе...
Страница 150 од 278

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Април 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3