Во Неделата на православието Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на свештенослужители од Охридското архиерејско намесништво отслужи света Василиева Литургија во црквата „Св. Никола" – Геракомија во Охрид.

На светата Литургија на која присуствуваа голем број на верници со пригодна беседа, говорејќи за овој празник и за христијанските добродетели, се обрати Владиката Тимотеј, а потоа и подолго време ги причести верниците, кои во поголем број подготвени пристапија кон Светиот Путир.

Повеќе...

Великопосните богослужби во Охридското архиерејско намесништво на Дебарско-кичевската епархија во првите четири дена од светата Четириесетница се извршуваат со едноцрквие во „Св. Богородица – Каменско" во градот Охрид. На богослужбите присуствуваат сите свештенослужители од намесништвото, со востановен ред на дежурен свештеник, кој ги извршува богослуженијата, а останатите свештенослужители, возглавени од Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, своето молитвено учество во богослужбите го дополнуваат на двете певници.

Повеќе...
Страница 151 од 151

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Август 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
27 28 29 30 31 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31 1 2 3 4 5 6