Празникот посветен на Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста, во Охрид свечено се одбележа со архиерејска Литургија во црквата „Света Богородица-Каменско“. Со Литургијата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на: протојереј Сашо Богданоски, свештеник Љупчо Симиџиоски, свештеник Игор Никовски и свештеник Саше Костадиноски, како и ѓаконите Димче Азески и Николче Ѓурѓиноски. На светата Литургија забележително беше присуството на голем број на верен, благочестив народ кој се причести со светото Тело и Крв Христова. Кон мноштвото народ Митрополитот Тимотеј се обрати со празнична беседа, која интегрално ви ја пренесуваме:

Повеќе...

Од 24 - 26. XI 2008 година Митрополитот Тимотеј, во придружба на ѓаконот Николче Ѓурѓиноски, го посети Пловдивскиот Митрополит, г. Николај. Повод за истата беше барањето на честичка од светите мошти на св. Климент Охридски за новоизградениот храм, „Св. Климент Охридски”, во Пловдив.

Со решение на САС бр. 242 од 05. XI 2008 година. Митрополитот Тимотеј, заедно со Митрополитот Иларион, протоѓаконот Дени Насков, ѓакон Сашо Ристоски и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски, на 24. XI беа пречекани на граничниот премин Деве Баир, од страна на Митрополитот Николај и директорот за вероисповедание при владата на Република Бугарија, со државен протокол и придружба на службени возила.

 

Повеќе...

По повод празникот на свети архангел Михаил и на останатите бестелесни, небесни, ангелски сили во манастирот "Свети Наум Охридски" се служеше света архиерејска Литургија, бидејќи црквата што ја изградил преподобниот охридски чудотворец, свети Наум, им ја посветил ним. На Литургијата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски, г.Тимотеј во сослужение на архимандрит Нектариј, игумен на манастирот, протојереј-ставрофор Тоди Јован, свештеник од Подградец, Р. Албанија, свештеник Никола Христоски, свештенослужител во манастирот "Свети Климент и свети Пантелејмон" – Плаошник и ѓакон Димче Азески, референт при Дебарско-кичевската епархија.

Повеќе...

На празникот на светите бесребреници Козмо и Дамјан, во истоимената црква во Варош − Охрид, се служеше света архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на свештеник Љупчо Симиџиоски, парох при црквата "Света Богородица - Каменско", Охрид, свештеник Димче Ѓорѓиески, парох Варошки, свештеник Никола Христоски, редовен свештенослужител во манастирот "Свети Климент и Пантелејмон" - Плаошник, свештеник Саше Костадиноски, новоракоположен свештеник кој е на пракса во црквата "Света Богородица – Каменско" и ѓакон Димче Азески, референт при Дебарско-кичевската епархија.

 

Повеќе...

Денот кога Православната црква го празнува споменот на светиот маченик Нестор, Митрополитот Дебарско-кичевски г.Тимотеј во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот "Свети Наум Охридски", свештеникот Игор Никовски, секретар на Дебарско-кичевската епархија, свештеникот Сашо Ристески, парох на деветтата охридска парохија, и ѓаконите Димче Азески и Николче Ѓурѓиноски, референти при Дебарско-кичевската епархија, служеше света божествена Литургија во црквата "Свети Никола" - Долна Маала во Охрид. На светата Литургија во ѓаконски чин беше ракоположен магистерот по теолошки науки Владо Недески од Охрид, за кого молиме Бог да му дарува духовни сили достојно да Му служи Нему и на Неговата Црква, за радост на ангелите и за пораз на демоните.

 

Повеќе...
Страница 156 од 159

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јануар 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
29 30 31 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1