Родениот ден на Спасителот и Заштитникот на најмладите, го прославија и му се израдуваа и дечињата од нашата Епархија, кои беа топло пречекани од Дедо Владика. Имено, на 07.01.2016 година, во просториите на Дебарско-кичевската епархија, Митрополитот Тимотеј приреди прием за свештенството од нашата Епархија, а најмногу се израдуваа дечињата, кои со радост му го честитаа Божик на Митрополитот Тимотеј, а Дедо Владика им подари пакетчиња, возвраќајќи им на радосниот поздрав: Христос се роди!

 

Best Nike Sneakers | Nike Shoes, Clothing & Accessories
Повеќе...

„Царството Твое, Христе Боже, е царство за сите векови, и Твоето господство од поколение во поколение. Христе Боже, Кој се воплоти од Светиот Дух и од Приснодева Марија, Твоето доаѓање ни огреа светлина: Светлина од Светлина, сјај на Отецот, сета твар си ја просветлил, сè  што дише Те фали; Образу на славата Отчева, Кој постоиш пред вековите, Боже, Кој засветли од Дева, помилуј нè“ (стихира на Господи повикав... на Вечерна на Рождество Христово).

 

Оној за Кого сите пророштва говореа, на Кого сите се надеваа, Новиот Адам, дојде и се овоплоти, за да го спаси светот и човекот. Затоа и денеска сета вселена се радува и пее; Слава на Бога во висините, а на земјата мир, меѓу луѓето добра волја!

 

На овој радосен ден, на 07.01.2016 година, на денот на Рождеството на нашиот Спасител, Господ Исус Христос, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, протоерејот Никола Христоски, свештеникот Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. На Литургијата присуствуваше неизброен верен народ, кој во најголем дел и пристапи да се причести со Телото и Крвта Христови. По завршувањето на Литургијата, протоерјот Никола Христоски го прочита Божикното послание, испратено од Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, заедно со членовите на Светиот Архиерејски синод на Макеодонската православна црква - Охридска архиепископија. Истото ви го пренесуваме во целост.

Running sport media | Releases Nike Shoes
Повеќе...

„Сега тајно ќе се исполни пророчкото претскажување: И ти Витлееме, земјо Јудина, никако нема да се наречеш помал од војводствата (Јудини), подготвувајќи ја пештерата; оти од тебе ќе излезе Водач на народите, во тело, од Дева Отроковица, Христос Бог, Кој ќе го пасе Својот народ - новиот Израил! Сите заедно, да го прославиме Неговото величие“ (тропар на Прв час на Претпразнество на Божик). 

 

На 06.01.2016 година, на Претпразненството на Христовото Рождество - Бадник, во храмот „Св. Петар и Павле“ во Кичево, беше отслужена свечена Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереите Никола Христоски и Стевчо Тошевски, свештениците Ристо Камбуроски, Александар Матески, Ѓорѓи Блажевски и Александар Крстаноски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Вечерната богослужба, Митрополитот Тимотеј го освети бадниковото гранче и се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која подолу во целост ви ја пренесуваме. Пред доаѓањето во градскиот храм во Кичево, Митрополитот Тимотеј го посети и манастирот „Пресвета Богородица - Пречиста“ во Кичево, каде што го освети бадниковото гранче и го навести доаѓањето на Овоплотениот Бог. Во продолжение ви ја пренесуваме беседата на Митрополитот Тимотеј.

 

Best Nike Sneakers | Women's Nike Air Jordan 1 trainers - Latest Releases , Ietp
Повеќе...

На 03.01.2016 година, во манастирот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во с. Кнежино, Кичево, се упокои во Господа монахињата Доротеја, која последните десет години од својот овоземен живот целосно ги посвети на Бога, подвизувајќи се и градејќи го манастирот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Кнежино, Кичево. Монахињата Доротеја е родена во 1954 година во кичевското село Цер, а својот работен век го поминува во Охрид, каде што и се пензионира. Поминувајќи одреден период на искушеништво во повеќе наши манастири, таа ќе остане во манастирот во Кнежино, за кој и непрестајно се грижеше последните години од својот живот. Изминатата година, монахињата Доротеја се бореше со тешка и неизлечлива болсет, подготвувајќи се за средба со Севишниот Бог. Монахињата Доротеја беше погребана на 05.01.2016 година, во гореспомнатиот манастир. Опелото на монахињата Доротеја го изврши Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, заедно со повеќе свештенослужители. Митрополитот Тимотеј на крајот се обрати кон присутните роднини, пријатели и верници на упокоената со пригодно слово, кое во целост ви го пренесуваме.

Adidas shoes | Women's Nike Air Jordan 1 trainers - Latest Releases , Ietp
Повеќе...

„Преподобен отче, ти не си им дал сон на очите твои, ниту дремка на веѓите твои, додека душата и телото не си ги ослободил од страстите и за живеалиште на Духот не си се подготвил себе, бидејќи, откако Христос, со Отецот, си изгради дом во тебе, те направи и живеалиште на Едносушната Троица. И сега, Науме блажени, моли се да се спасат душите наши“ (Литиска стихира на Слава... на Вечерна на преп. Наум Охридски Чудотворец). 

 

Празнувањето на преподобниот Наум Охридскиот Чудотворец, таткото на монасите, започна на 04.01.2016 година со свечена Вечерна богослужба во манастирот на Белото Езеро, којшто самиот го изгради и во кој со пост и молитва секојдневно ги победуваше страстите и искушенијата. На Вечерната богослужба чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на Светинаумовата обител, протоерејот Никола Христоски, свештеникот Роберт Илијевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. 

 

Прославата на великиот Црноризец продолжи утредента на 05 јануари, со света Архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Никола Христоски, свештениците Атанас Казанџиски, Димче Азески, Владо Недески и Роберт Илијевки, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Nike shoes | GOLF NIKE SHOES
Повеќе...
Страница 159 од 279

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Април 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3