КАЛЕНДАР
|
|
|
ИЗДАВАШТВО |
|
 |
|
|
БРОДСКО АРХИЈЕРЕЈСКО НАМЕСНИШТВО |
»
Бродска парохија
»
Манастиречка парохија
»
Русјачка парохија
Бродска парохија
Црква "Света Богородица" - Македонски Брод,
Парохиски свештеник Марко Трпкоски, ул. Никола Карев бр.2 -
Македонски Брод,
тел. бр. 045-275-009 и 071-613-940
Во состав на оваа парохија се градот Македонски Брод и
селата: Сланско, Дреново, Требино, Грешница, Девич и Суви
дол.
Парохиски свештеник е Марко Трпкоски. Роден е на 22. III
1960 година во село Брест - Македонски Брод, каде што
завршил основно образование. Средно образование завршил во
Македонската православна богословија "Св. Климент Охридски"
во Скопје. За ѓакон е ракоположен на 07. I 1982 година, а за
свештеник на 08. И 1982 година од страна на Митрополитот
Дебарско-кичевски г. Тимотеј. На парохиска служба во
Бродската парохија стапил на 14. II 1982 година.
Македонски Брод:
- централна парохиска црква "Света Богородица" - изградена
во 1872 година. Иконостасот и иконите се дело на зографот
Николај од Крушево, изработени во периодот од 1883 - 1885
година. Делумно е фрескоживописана во 1988 година од страна
на зографите Јован и Гоце Милески.
- црква "Свети Никола" - изградена на темели на стар
манастир, кој бил опустошен и запален од Турците. Повторно
изграден и осветен на 08.В 1993 година од страна на
Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
- црква "Свети архангел Михаил" - во месноста Пешна, во
близина на Македонски Брод. Камен-темелник е осветен и
поставен на 20. XI 1998 година од страна на Митрополитот г.
Тимотеј.
Село Сланско:
- црква "Свети Никола" - изградена во 1890 година.
- црква "Свети Илија" - изградена во 1934 година.
Село Требино:
- црква "Свети Димитрија" - изградена во 1644 година, со
исклучително убав фрескоживопис од тој период.
Село Грешница:
- црква "Света Параскева" - изградена во 1903 година.
Фрескоживописана од непознат автор и осветена во 1913
година.
Село Девич:
- црква "Свети Ѓорѓија" - изградена во 1948 година, а
осветена е на
12. VIII 1984 година од страна на Митрополитот г. Тимотеј.
Село Суви дол:
- црква "Свети Никола" - започната е да се гради во 1967
година. Градбата е завршена и е фрескоживописана во
последниве години, така што подготовките за осветување се во
тек. |
|
 |
Манастиречка парохија
Црква "Света Богородица" с. Горни Манастирец
Парохиски свештеник Боге Богески (пензионер)
Оваа сегашна парохија е составена од шест поранешни
парохии, коишто згаснаа поради отселувањето на населението
од овие села (миграција село - град во седумдесеттите
години).
Парохиски свештеник е Бога Богески. Роден е на 11. IX 1943
година во село Црешнево - Македонски Брод, каде што завршил
основно образование. Средно богословско образование завршил
во Призрен. За ѓакон е ракоположен на 09. XII 1965 година, а
за свештеник на 19. XII 1965 година од страна на Епископот
г. Климент.
Манастиречка парохија:
Село Горни Манастирец:
- црква "Света Богородица"
- манастир "Света Богородица" - изграден во 1899 година.
Село Долни Манастирец:
- црква "Свети великомаченик Ѓорѓија" - изградена во 1920
година.
Село Могилец:
- црква "Свети архангел Михаил" - изградена во 1919 година.
- манастир "Воскресение Христово" - камен-темелник е осветен
и поставен 05.В 2005 година од страна на Митрополитот
Дебарско-кичевки г. Тимотеј.
Село Калуѓерец:
- црква "Свети Никола" - изградена во 1920 година.
Село Инче:
- црква "Свети Талалеј" - изградена во 1918 година.
Поранешна Локвичка парохија:
Село Локвица:
- црква "Свети великомаченик Димитрија" - изградена во 1872
година.
Село Вир:
- црква "Свети Никола" - изградена во 1891 година.
- црква "Свети Атанасие Велики"
Село Белица:
- црква "Свети Пантелејмон" - изградена во 1889 година.
- црква "Свети илија"
- црква "Вознесение Христово"
- црква "Света Троица"
- црква "Свети Талалеј"
Село Модриште:
- црква "Свети Атанасиј Велики" - изградена во 1728 година.
Село Црешнево:
- црква "Вознесение Христово" - изградена во 1898 година.
- црква "Свети Никола" - камен-темелник е осветен и поставен
на 05.VIII 2000 година од страна на Митрополитот г. Тимотеј.
- манастир "Света Троица"
Поранешна Томино селска парохија:
Село Томино село:
- црква "Свети Константин и Елена" - изградена во 1831
година.
Село Слатина:
- црква "Свети великомаченик Ѓорѓија" - изградена во 1867
година.
- црква " Свети Талалеј"
Село Тополница:
- црква "Свети Атанасиј Велики" - изградена во 1872 година.
Село Сушица:
- црква "Свети Никола (Свето Вознесение) - изградена во 1890
година.
Село Горно Крушје:
- црква "Свети Талалеј" - изградена во 1871 година.
Село Долно Крушје:
- црква "Свети Никола (Св. Богородица)" - изградена во 1902
година.
- манастир "Свети Илија" - изграден во 1935 година.
Поранешна Ковачка парохија:
Село Ковач:
- црква "Свети Теодор" - изградена во 1934 година.
- црква "Свети Јован" - изградена во 1802 година.
- црква "Свети Атанасиј" - изградена во 1891 година.
Село Самоков:
- црква "Свети Илија" - камен-темелник е осветен и поставен
на 06. XII 1993 година, а осветена е на 02. ВИИИ 1994 година
од страна на Митрополитот г. Тимотеј.
Село Лупште:
- црква "Свети Петар и Павле (Свети Никола)" - изградена во
1879 година.
Село Зркле:
- црква "Свети Никола (Свети Илија) - изградена во 1838
година.
Село Рамне:
- црква "Света Параскева" - изградена во 1849 година.
Село Ковче:
- црква "Свети Козмо и Дамјан (Свети Илија) - изградена во
1973 година
Село Брест:
- црква "Свети Талалеј" - изградена во 1891 година.
- црква "Свети Јован" - камен-темелник е осветен и поставен
на 17. ВИИ 2004 година од страна на Митрополитот г. Тимотеј.
- црква "Свето Преображение"
Поранешна Бенечка парохија:
Село Бенче:
- црква "Свети архангел Михаил" - изградена во 1875 година.
Село Звечан:
- црква "Свети Петар и Павле (Св. Димитрија)" - изградена во
1891 година.
Село Косово:
- црква "Свети Ѓорѓија" - изградена во 1895 година.
Село Горно Ботуше:
- црква "Свети Никола (Св. Богородица)" - изградена во 1905
година.
Село Долно Ботуше:
- црква "Свети Никола (Св. Јован)" - изградена во 1915
година.
- манастир "Успение на Пресвета Богородица"
Поранешна Требовска парохија:
Село Требовле:
- црква "Вознесение Христово" - изградена во 1892 година.
Село Волче:
- црква "Свети архангел Михаил"
Село Растеш:
- црква "Свети Јован" - изградена во 1920 година.
- црква "Свети Никола" - изградена во 1925 година.
Село Близанско:
- црква "Свети Петар и Павле" - изградена во 1904 година.
Село Здуње:
- црква "Свети Петар и Павле" - дислоцирана поради езерото.
црква "Свето Воведение" - дислоцирана поради езерото.
Село Брезница:
- црква "Свети Никола" - изградена во 1901 година.
- црква "Успение на Пресвета Богородица"
Село Тажево:
- црква "Свети Илија" - изградена во 1903 година.
- црква "Свети Никола"
Село Битово:
- црква "Свети Никола" - изградена во 1912 година.
- црква "Свети апостоли Петар и Павле" |
|
 |
Русјачка парохија
Црква "Свето Воведение" - с. Русјаци,
Парохиски свештеник Марко Трпкоски, Македонски Брод,
тел. бр. 045-275-009
Во состав на оваа парохија се селата: Русјаци, Латово,
Пласница, Ореоец, Ижиште и Дворци.
Парохиски свештеник е Марко Трпкоски. Роден е на 22. III
1960 година во село Брест - Македонски Брод, каде што
завршил основно образование. Средно образование завршил во
Македонската православна богословија "Св. Климент Охридски"
во Скопје. За ѓакон е ракоположен на 07. I 1982 година, а за
свештеник на 08. I 1982 година од страна на Митрополитот
Дебарско-кичевски г. Тимотеј. На парохиска служба во
Бродската парохија стапил на 14. II 1982 година.
Село Русјаци:
- централна парохиска црква "Свето Воведение" - изградена во
1873 година.
- црква "Свети Пантелејмон" - изградена во 1669 година.
Село Латово:
- црква "Света Богородица" - изградена во 1881 година.
- манастир "Свети апостоли Петар и Павле" - изграден во 1938
година - во руинирана состојба. Покрената е иницијатива за
негово возобновување.
Село Пласница:
- црква "Свети Никола" - изградена во 1785 година.
Село Ореоец:
- црква "Свети архангел Гаврил" - изградена во 1628 година.
- црква "Свети Никола" - изградена во 1692 година.
Село Ижиште:
- црква "Свети Никола" - изградена во 1692 година.
Село Дворци:
- црква "Света Недела" - изградена во 1892 година. Сеуште не
е осветена.
- црква "Свети Никола" - изградена во 1873 година, со вреден
иконостас што е изграден во 1893 година од страна на
зографот Николај од Крушево.
- црква "Свети Илија" - изградена во 1934 година, а осветена
од страна на патријархот Варнава.
Единствено село без црква е Дреново.
|
|
 |
| | |
|
ЛИТУРГИИ |
|

|
|
|
Литургија на претходно осветени дарови |
|
|
|
|
ИЗДАВАШТВО |
|
 |
|
|
|
|
|