КАЛЕНДАР
|
|
|
ИЗДАВАШТВО |
|
 |
|
|
КИЧЕЕВСКО АРХИЈЕРЕЈСКО НАМЕСНИШТВО |
»
Прва кичевска парохија
»
Втора кичевска парохија
»
Трета кичевска парохија
»
Четврта
кичевска парохија
Прва кичевска парохија
Црква "Свети апостоли Петар и Павле" - Кичево,
тел. бр. 045-223-987
Парохиски свештеник протојереј-ставрофор Ѓорѓи Лапоски, ул.
Иван Трпески бр. 45 - Кичево,
тел. бр. 045-266-751 и 070-711-978
Во состав на оваа парохија се дел од градот Кичево и
селата: Вранештица, Староец, Бигор Доленци, Челопеци,
Атишта, Миокази, Орланци, Речани, Светораче, Дупјани,
Козичино, Патеец, Карбуница, Лисичани, Крушица, Рабетино.
Парохиски свештеник е протојереј-ставрофор Ѓорѓи Лапоски.
Роден е на 21. II 1952 година во село Витолиште - Прилепско,
каде што завршил основно образование. Средно образование
завршил во Македонската православна богословија "Св. Климент
Охридски" во Скопје. За ѓакон е ракоположен на 11. III 1973
година, а за свештеник на 18. III 1973 година од страна на
тогашниот Митрополит Дебарско-кичевски г. Методиј. На
парохиска служба во Првата кичевска парохија стапил на 10.
VI 1996 година.
Кичево:
- централна парохиска црква "Свети апостоли Петар и Павле" -
според податоците, во својот сегашен изглед е изградена на
почетокот на дваесеттиот век, но, на темели од постара
црква. Нејзиното целосно обновување е извршено во 1974/75
година. Обновувањето на иконите го извршил Кузман Фрчкоски
од Галичник. Иконостасот е изработен во периодот на
градењето на црквата, а иконите на него се од 1925/26
година. Во понов период, поради настанатите потреби,
изграден е нов придружен објект, во кој се наоѓаат црковна
трпезарија, крстилница и административни простории за
свештениците.
- црква "Свети Кирил и Методиј" - во изградба.
Село Вранештица:
- црква "Свети Никола" - градена е по иницијатива на
архиепископот Милетие, од 1858 - 1861 година. Зографисана е
во 1916 година од страна на Никола Мартиноски од Лазарополе.
Живописот во олтарот е дело на Дичо Зограф, кој работел
заедно со Глигор и Аврам, зографи од Тресонче, во 1880
година. Иконописец е Методиј Јованов Здравески од село
Големо Црско.
- црква "Свети Ѓорѓија" - прва изградена црква во
Вранештица, според историчарите на уметноста, изградена кон
крајот на XVI век.
- црква "Свети Илија" - според историчарите на уметноста,
градена неколку години подоцна од црквата "Св. Ѓорѓија".
Село Староец:
- црква "Свети Јован Крстител" - осветена на 12. IX 1999
година од страна на Митрополитот Дебарско-кичевски г.
Тимотеј.
Село Бигор Доленци:
- црква "Свети Антониј" - изградена во 1865 година.
Иконостасот е дело на резбари од Лазарополе.
- црква "Света маченичка Параскева" - изградена во 1858
година, а реновирана во 1999 година. Според податоците,
градителите на црквата биле од селото Малкоец. Иконостасот е
изработен во 1865 година, а иконите на него се дело на
познатиот Дичо Зограф.
Село Челопеци:
- црква "Свети пророк Илија" - изградена во 1861, а обновена
во 1910 година од страна на селаните. Фреските во
внатрешноста се дело на зографот Јаков Радев Мажовски од
Лазарополе. И во оваа црква, иконостасот го изработил Дичо
Зограф од Галичник. Во 1999 година е извршено обновување на
фрескоживописот од страна на Бошко Попоски од Кичево.
Село Атишта:
- црква "Свети Димитрија" - градена во периодот од 1936-1938
година. Иконостасот, целиот во резба, е изработен неколку
години подоцна. Иконите не него се дело на браќата Доне и
Илија Донески од село Гари.
Село Миокази:
- црква "Свети Антонија" - обновена во 1935, а реновирана во
1998 година, при што се избришани сите надворешни белези,
кои покажуваат година на градба и евентуални други записи.
Село Орланци:
- црква "Свети Никола" - изградена во 1872 година. Поради
тоа што турците ја запалиле, во целост изгорела во 1903
година. Обновена е во 1908 година, во нејзиниот поранешен
изглед. Иконостасот, кој е пренесен од старата црква, е
изработен во периодот помеѓу 1882 - 1885 година.
- црква "Света Недела" - градена на темели од постара црква,
која потекнува од 1938/39 година. Осветена на 07. VIII 2005
година од страна на Митрополитот г. Тимотеј.
Село Речани:
- црква "Света Богородица" - градена во 1933 година, а
осветена во 1936 година. Иконостасот е изработен во 1934
година.
Село Светораче:
- црква "Свети Кузман и Дамјан" - во својот сегашен изглед,
изградена е во 1858 година. Иконостасот, изработен од
мајстори мијаци, е од крајот на XIX век.
- црква "Свети Никола"
Село Дупјани:
- црква "Свети Ѓорѓија" - изградена во 1872 година.
Село Козичино:
- црква "Свети Атанасија" - изградена во периодот од 1883 -
1885 година. Иконостасот и иконите се дело на мијачките
зографи.
Село Патеец:
- црква "Преподобна Параскева" - камен темелникот е осветен
на Х јули 1996 година, осветена на 30. ВИИ 1999 година од
страна на Митрополитот г. Тимотеј. Градена е од страна на
мајсторите Санде и Славе Софрониоски од село Лазоровци.
Фрескоживописот го изработи уметникот Драган Ристески од
Охрид, додека иконостасот е дело на резбарот Панта од
Кавадарци.
Село Карбуница:
- црква "Свети Никола" - изградена во 1862 година, од кога
потекнува и иконостасот. Во 1938 година направена е
надградба, кога се насликани и иконите од горниот ред на
иконостасот, кои се дело на иконописци од Галичник.
Село Лисичани:
- црква "Свети пророк Илија" - камен-темелник осветен и
поставен во 1995 година од страна на Митрополитот г.
Тимотеј. Се гради на темели од постара црква, веројатно од
1560 година, која не се знае кога и зошто е срушена.
Изградбата е во тек.
Село Крушица:
- црква "Света Богородица" - изградена во средината на XIX
век, а реновирана во 1950 година. Над влезната врата се
наоѓа фреска на заштитничката на црквата, Света Богородица,
дело на зографот Крсте Колоски од Лазарополе, од 1980
година.
Село Рабетино
- црква "Свети Димитрија" - изградена во средината на XIX
век.
|
|
 |
Втора кичевска парохија
Црква "Свети апостоли Петар и Павле" - Кичево,
тел. бр. 045-223-987
Парохиски свештеник протојереј Војне Ристески, ул. Мара
Угринова - Гина 2/3 Кичево,
тел. бр. 045-220-582 и 070-425-161
Во состав на оваа парохија се дел од градот Кичево и
селата: Другово, Горно и Долно Добреноец, Подвис, Лавчани,
Јаорец, Душогубица, Кленоец, Попоец, Иванчиште, Малкоец,
Ехловец, Извор и Пополжани.
Парохиски свештеник е протојереј Војне Ристески. Роден е на
20. III 1962 година во село Бонче - Прилепско. Средно
образование завршил во Македонската православна богословија
"Св. Климент Охридски" во Скопје. За ѓакон е ракоположен на
19. VIII 1984 година, а за свештеник на 26. VIII 1984 година
од страна на Митрополитот Преспанско-битолски г. Петар. На
парохиска служба во Втората кичевска парохија стапил на 01.
VII 1985 година.
Кичево:
- централна парохиска црква "Свети апостоли Петар и Павле"-
според податоците, во својот сегашен изглед е изградена на
почетокот на дваесеттиот век, но, на темели од постара
црква. Нејзиното целосно обновување е извршено во 1974/75
година. Обновувањето на иконите го извршил Кузман Фрчкоски
од Галичник. Иконостасот е изработен во периодот на
градењето на црквата, а иконите на него се од 1925/26
година. Во понов период, поради настанатите потреби,
изграден е нов придружен објект, во кој се наоѓаат црковна
трпезарија, крстилница и административни простории за
свештениците.
Село Другово:
- црква "Света Недела" - осветена на 09. XI 1996 година од
страна на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Фрескоживописот е дело на Бошко Попоски и Владо Димоски од
Кичево. Иконостасот го изработил резбарот Сокол од Скопје, а
иконостасните икони ги иконописал академскиот сликар
Мирослав Крстески.
Село Горно Добреноец:
- црква "Свети Никола" - според записот на самиот објект,
градбата на црквата е започната во 1938 година, а ја градел
мајсторот Алексо, од мијачките села. Во внатрешноста на
црквата има иконостас, на кој се поставени 6 големи и 13
мали икони.
Село Долно Добреноец:
- црква "Света Варвара" - камен-темелник е осветен и
поставен во 2000 година од страна на Митрополитот г.
Тимотеј. Изградбата е во тек.
Село Подвис:
- црква "Свети Атанасие" - градена во текот на XIX век,
додека иконостасот е изработен во 1871 година.
Село Лавчани:
- црква "Свети архангел Михаил" - изградена во почетокот на
XIX век. Фреските и иконите на иконостасот се дело на
познатиот зограф Кузман Фрчкоски од Галичник.
Село Јаорец:
- црква "Свети Никола" - изградена на местото на стара
црква, на почетокот на минатиот век. Иконостасот е изработен
неколку години подоцна, а иконите на него се дело на
Теодосиј Колоски од Лазарополе.
Село Душогубица:
- црква "Света Богородица" - според записот, градена е од
1930 - 1936 година, од страна на селаните. Иконостасот го
изработиле резбарите Васил и Петко од село Гари.
Село Кленоец:
- црква "Света Богородица" - изградена во XIX век.
Иконостасот е изработен во 1913 година, од мајстори од
мијачките села.
Село Попоец:
- црква "Свети Никола" - според записите, градена е во 1860
година. Иконостасот е изработен на почетокот на ХХ век, дело
на мијачките мајстори.
- црква "Света Богородица Пречиста" - се наоѓа во месноста
Старо Село. Не се знае кога е градена.
Село Иванчишта:
- црква "Свети Никола" - градена во средината на XIX век.
Фреските во внатрешноста на црквата се дело на Кузман
Фрчкоски од Галичник. Дел од иконите потекнуваат од 1907 и
1908 година, а ги изработил иконописецот Митре Донев од село
Гари.
- црква "Свети Атанасие" - постара од црквата "Свети
Никола". Реновирана е во 1989 година.
Село Малкоец:
- црква "Света Недела" - започната е да се гради во 1996
година, а осветена е во 2004 година од страна на
Митрополитот г. Тимотеј. Ѕидарските работи се дело на Војо
Миладиноски од Кичево, а фрескоживописот е изработен од
Драган Ристески од Охрид.
Село Ехловец:
- црква "Свети Пантелејмон" - изградена во 1850 година.
Големиот иконостас е дело на мијачките мајстори.
- црква "Свети Атанасија" - се наоѓа во месноста Старо Село,
од каде се доселени сегашните жители. Не се знае кога е
градена.
Село Пополжани:
- параклис "Света Пречиста Богородица" - граден во почетокот
на XIX век. |
|
 |
Трета кичевска парохија
Црква "Свети апостоли Петар и Павле" - Кичево,
тел. бр. 045-223-987
Парохиски свештеник Стевчо Тошевски, ул. Мара Угринова -
Гина 1/3 - Кичево,
тел. бр. 045-220-582 и 075-575-059
Во состав на оваа парохија се дел од градот Кичево и
селата: Цер, Големо и Мало Црско, Велмевци, Прострање,
Белица, Козица, Кладник, Свињиште, Брждани, Јудово и
Видрани.
Парохиски свештеник е Стевчо Тошевски. Роден на 08. IV 1964
година во село Добрушево - Битолско,. каде што завршил
основно образование. Средно образование завршил во
Македонската православна богословија "Св. Климент Охридски"
во Скопје. За ѓакон е ракоположен на 02. VIII 1986 година, а
за свештеник на 08. VIII 1986 година од страна на
Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. На парохиска
служба во Третата кичевска парохија стапил на 01. Х 1986
година.
Кичево:
- централна парохиска црква "Свети апостоли Петар и Павле"
- според податоците, во својот сегашен изглед е изградена на
почетокот на дваесеттиот век, но, на темели од постара
црква. Нејзиното целосно обновување е извршено во 1974/75
година. Обновувањето на иконите го извршил Кузман Фрчкоски
од Галичник. Иконостасот е изработен во периодот на
градењето на црквата, а иконите на него се од 1925/26
година. Во понов период, поради настанатите потреби,
изграден е нов придружен објект, во кој се наоѓаат црковна
трпезарија, крстилница и административни простории за
свештениците.
Село Цер:
- црква "Свети Никола" - изградена во средината на XIX век.
Иконостасот е изработен во 1839 година. Фрескоживопис има
само на сводот и на ѕидот од десната страна на олтарот.
- црква "Свето Вознесение" - градена во време на турското
ропство. Иконостасот го изработиле Стефан и Никола Крстески
во 1899 година.
- црква "Преподобна Параскева"
- црква "Свети Атанасиј" - изградена во 1863 година, кога
архиепископ бил Милетиј.
- црква "Света Богородица" - изградена во 1977 година.
Село Големо Црско:
- црква "Свети Атанасиј" - градена во средината на XIX век.
Село Мало Црско:
- црква "Свети Ѓорѓија" - градена во 1848 година.
Иконостасот, изработен во 1893 година, и иконите на него се
дело на заографи од Лазарополе.
- црква "Свети Илија" - градена во 1933 година, на темели од
стара црква.
- црква "Света Недела" - од почетокот на ХХ век.
Село Велмевци:
- црква "Свети пророк Илија" - изградена во 1838 година.
Иконостасот е направен од Серафим од Тресонче, во 1873
година. Од тој период е и фрескоживописот, кој го има на
целата површина во внатрешноста на црквата.
- црква "Света Богородица" - постара од црквата "Свети
Илија". Иконостасот е изработен во 1875 година од мијачки
резбари.
- црква "Света Петка" - изградена во 1999 година.
Село Прострање:
- црква "Свети Никола" - градена во почетокот на XIX век.
Иконостасот и иконите се дело на зографот Коста од Крушево,
изработени во 1889 година.
- црква "Света Петка" - изградена во 1920 година.
- црква "Света Богородица" - нема податоци кога е градена.
- црква "Свети Атанасиј" - градена во седумдесеттите години
од минатиот век, на темели од стара црква.
Село Белица:
- црква "Свети Ѓорѓија" - од средината на XIX век.
Иконостасот и иконите потекнуваат од 1909 година.
- црква "Свети Александрија" - изградена на темели од стара
црква. Нема податоци за тоа кога е градена.
Село Козица:
- црква "Преподобна Параскева" - според записот, градена во
1870 година, од кога потекнува и иконостасот. Иконите се
дело на зографот Никола од Крушево.
Село Кладник:
- црква "Света Богородица" - изградена во средината на XIX
век.Иконостасот е од почетокот на минатиот век.
Село Свињиште:
- црква "Свети Никола" - изградена во средината на XIX век.
Иконостасот е од 1868 година, а иконите на него се дело на
зограсфите Јосиф, Филип и Ристе од Лазарополе.
Село Брждани:
- црква "Свети Никола" - дело на мајстори од Охрид,
изградена во 1872 година. Иконостасот е изработен во 1874
година од страна на Аврам Дичов од Тресонче.
Село Јудово:
- црква "Свети Атанасиј" - изградена во 1845 година, а
според податоците во црковните книги, осветена е во 1863
година. Иконостасот и фрескоживописот се од 1902 година.
Иконите се дело на Крсте Николов и син му Русалим од
Лазарополе.
Село Видрани:
- црква "Свети Никола" - осветена во 1989 година од страна
на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Иконостасот е
изработен во 1989 година, а иконите на него се дело на
Мирослав Крстески од Кичево. |
|
 |
Четврта кичевска
парохија
Црква "Свети апостоли Петар и Павле" - Кичево,
тел. бр. 045-223-987
Парохиски свештеник Ристо Камбуроски, ул. Борис Кидриќ бр.
2/13, Кичево,
тел. бр. 045-223-902 и 070-670-669
Во состав на оваа парохија се дел од градот Кичево и
селата: Букојчани, Јагол, Јагол Доленци, Кнежино, Лазоровци,
Лешница, Манастир Доленци, Мидинци, Ново Село, Осломеј,
Осој, Поповјани, Премка, Раштани, Србјани, Тајмиште и Туин.
Парохиски свештеник е Ристо Камбуроски. Роден е на 06. I
1973 година во село Горно Крчино - Албанија. Средно
образование завршил во Македонската православна богословија
"Св. Климент Охридски" во Скопје. За ѓакон е ракоположен на
11. IX 1999 година, а за свештеник на 12. IX 1999 година од
страна на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. На
парохиска служба во Четвртата кичевска парохија стапил на
01. VI 2003 година.
Кичево:
- централна парохиска црква "Свети апостоли Петар и Павле"
- според податоците, во својот сегашен изглед е изградена на
почетокот на дваесеттиот век, но, на темели од постара
црква. Нејзиното целосно обновување е извршено во 1974/75
година. Обновувањето на иконите го извршил Кузман Фрчкоски
од Галичник. Иконостасот е изработен во периодот на
градењето на црквата, а иконите на него се од 1925/26
година. Во понов период, поради настанатите потреби,
изграден е нов придружен објект, во кој се наоѓаат црковна
трпезарија, крстилница и административни простории за
свештениците.
Село Букојчани:
- црква "Свети Никола" - изградена во седумдесеттите години
на минатиот век, на темели од стара црква градена во 1882
година, а потоа урната. Фрескоживописот е дело на зографот
Кузман Фрчкоски од Лазарополе, работен во периодот од 1976 -
1978 година.
Село Јагол:
- црква "Свети Никола" - изградена во почетокот на 1848
година, а во 1936 година изграден е уште еден спрат.
Иконостасот е изработен во 1938 година од страна на браќата
Јоаким и Томо Николоски од Лазарополе.
Село Јагол Доленци:
- црква "Света Богородица" - градена во 1935-1936 година.
Иконостасот е направен веднаш по изградбата на црквата.
Село Кнежино:
- црква "Свети Димитрија" - изградена е во 1911 година, а
осветена е дури после 94 години, на 30. Х 2005 година од
страна на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Село Лазоровци:
- црква "Свети Ѓорѓија" - градена е кон крајот на XVI или
почетокот на XVII век. Фреските се од XVII век, додека
иконостасот е од XIX век.
Село Лешница:
- црква "Свети Кузман и Дамјан" - градена во седумдесеттите
години на ХХ век, а осветена во 1994 година од страна на
Митрополитот г. Тимотеј. Иконите на иконостасот се дело на
Мирослав Крстески од Кичево, изработени во 1995 година.
Село Манастирско Доленци:
- црква "Свети Димитрија" - камен-темелник е осветен и
поставен на 26. VII 2001 година од страна на Митрополитот г.
Тимотеј.
Село Мидинци:
- црква "Преподобна Параскева" - изградена во 1952 година, а
осветена во 1963 година. Фреските се од 1962-1963 година.
Иконостасот и иконите на него се пренесени од старата црква
и потекнуваат од 1923 година.
Село Ново Село:
- црква "Света Богородица" - градена во почетокот на ХХ век
и не е осветена.
Село Осломеј:
- црква "Света Богородица" - изградена во 1921 година.
Обновена во 1986 година и преосветена во 1987 година од
страна на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Иконостасот е подарок од Цветан Лазарески и потекнува од
1923 година.
Село Осој:
- црква "Света Недела" - градена од 1935 до 1937 година.
Осветена е на 09. IX 1979 година од страна на Митрополитот
Дебарско-кичевски г. Ангелариј. Зографисана е од Кузман
Фрчовски од Галичник. Најголемиот дел од фреските се
живописани во 1997 година.
-
црква "Света маченичка Параскева" - изградбата е започната
во 1998 година и сеуште е во тек.
Село Поповјани:
- црква "Свети Никола" - сегашната црква е изградена во 1993
година.
- црква "Свети Атанасиј" - изградена во 1990 година.
Село Премка:
- црква "Свети Илија" - изградена во 1937/38 година.
Неосветена.
- црква "Свети Атанасиј" - изградена во 1871 година. Нема
фрескоживопис. Иконите на иконостасот се дело на Крсте и
Трајан од 1866 година, а подоцна ги дополниле Павле и Здраве
Велкоски од село Премка.
Село Раштани:
- црква "Свети Ѓорѓија" - изградена во 1922 година.
Фрескоживописот во неа е дело на Мито С. Дамчески.
Село Србјани:
- црква "Свети Петар и Павле" - според преданието на
постарите жители, црквата датира уште од времето на св.
Климент Охридски, односно од IX век. Последното обновување
на црквата се случило во првата половина на ХХ век, а
најголемиот дел од фрескоживописот е обновен дури после
Втората светска војна.
Село Тајмиште:
- црква "Свети апостоли Петар и Павле" - изградена во 1861
година, целосно изгорена во пожар во 1921 година, па
повторно обновена и преосветена во 1928 година. Иконостасот
и фреските се дело на Данило Нестороски - Фрчкоски од
Галичник, изработени во 1928 година.
- црква "Преподобна Параскева" - постара црква која е
обновена во 1975/76 година, кога е изработен и
фрескоживописот од страна на зографот Кузман Фрчкоски.
Осветена е една година пред тоа, во 1974 година.
Село Туин:
- црква "Свети Никола" - изградена во 1922 година.
Внатрешноста на црквата е уредувана од страна на Костадин и
Стојан Здравкоски, и иконостасот најверојатно е нивно дело.
|
|
 |
| | |
|
ЛИТУРГИИ |
|

|
|
|
Литургија на претходно осветени дарови |
|
|
|
|
ИЗДАВАШТВО |
|
 |
|
|
|
|
|