Дома   Митрополит   За епархијата   Намесништва   Монаштво   Цркви и манастири   Контакти
 НАМЕСНИШТВА
  Охридско архијерејско
     Намесништво
  Струшко архијерејско
     Намесништво
  Кичевско архијерејско
     Намесништво
  Дебарско архијерејско
     Намесништво
  Бродско архијерејско
     Намесништво
 КАЛЕНДАР
   ФОТОГАЛЕРИЈА


Галерија на икони

   ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

      Постави прашање

      Одговори на прашањата
 ИЗДАВАШТВО

  СТРУШКО АРХИЈЕРЕЈСКО НАМЕСНИШТВО

» 
Прва струшка парохија
» 
Втора струшка парохија
» 
Трета струшка парохија
» 
Четврта струшка парохија (Драслајчка)
»  Вевчанска парохија
»  Ложанска парохија

Прва струшка парохија
Црква "Свети великомаченик Ѓорѓи" ул. Маршал Тито б.б. - Струга,
тел. бр. 046-780-633 и 046-780-634
Парохиски свештеник протојереј Митре Попоски, ул. Богомилска 1/1 - Охрид, тел. бр. 046-253-347 и 070-581-581

Во состав на оваа парохија се дел од градот Струга и селата: Брчево, Присовјани, Локов, Манастирец, Нерези и Безево.
Парохиски свештеник е протојереј Митре Попоски. Роден е на 30. Х 1958 година во с. Боровец - Струшко, каде што завршил основно образование. Средно образование завршил во Македонската православна богословија "Св. Климент Охридски" во Скопје. За ѓакон е ракоположен на 02. VIII 1980 година, а за свештеник на 04. VIII 1980 година од страна на тогашниот Митрополит Дебарско-кичевски г. Ангелариј. На парохиска служба во првата струшка парохија стапил на 30. XI 1998 година.

Струга:
- централна парохиска црква "Свети великомаченик Ѓорѓи" - изградена е на темели од стара црква во 1835 година. Изградена е за помалку од два месеци, односно изградбата започнала на 10 мај а завршила на 20 јуни. Се работело ден и ноќ, откако со поткуп од 11000 гроша бил добиен ферман за градење од тогашната турска власт. Покрај струшките првенци, изградбата ја помогнал и грчкиот Митрополит Калиник, кој бил Митрополит во Охрид повеќе од 40 години (од 1800 до 1842 година). Фрескоживописот е дело на браќата Христо, Исак и Козма Макариеви од Галичник. Во црквата било организирано келијно училиште, во кое одреден период работеле и преродбениците Димитар и Константин Миладинови. Во 1983 година започнало градењето на новата административна зграда во дворот на црквата, која била изградена и осветена во 1985 година.

- црква "Свети Никола" - изградена и осветена на 10. Х 1983 година од страна на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

- црква "Света Петка" - изградена и осветена на 15. IX 1996 година од страна на Митрополитот г. Тимотеј.

- црква "Свети великомаченик Димитриј" - изградена и осветена на 23. Х 2005 година од страна на Митрополитот г. Тимотеј.

- црква "Свети жени мироносици" - камен-темелник е осветен и поставен на 19. V 2002 година, а осветена на 02. IX 2007 година од страна на Митрополитот г. Тимотеј во сослужение на Митрополитот Струмички г. Наум.

Село Брчево:
- црква "Света великомаченичка Варвара"

- црква "Свети архангел Михаил"

- црква "Свети великомаченик Димитриј" - ¬осветена на 30. VIII 1998 година од страна на Митрополитот г. Тимотеј.

Село Присовјани:
- црква "Свети Никола"

- црква "Свети Атанасиј"

- црква "Света Богородица" - ¬камен-темелник е осветен и поставен во мај 2000 година од страна на Митрополитот г. Тимотеј.

Село Локов:
- црква "Вознесение Христово - Свети Спас"

- црква "Света Петка"

- црква "Свето Преображение" - камен-темелник осветен и поставен на 19. VIII 1994 година од страна на Митрополитот г. Тимотеј.

Село Манастирец:
- црква "Свети архангел Гаврил" - осветена на 26. VII 1999 година од страна на Митрополитот г. Тимотеј.

Село Нерези:
- црква "Свети великомаченик Ѓорѓи"

- црква "Свети Никола"

- црква "Вознесение Христово - Свети Спас"

- црква "Воведение во храм на Пресвета Богородица - Пречиста"

Село Безево:
- црква "Свети великомаченик Димитриј"

Втора струшка парохија
Црква "Свети великомаченик Ѓорѓи" ул. Маршал Тито б.б. - Струга,
тел. бр. 046-780-633 и 046-780-634
Парохиски свештеник протојереј-ставрофор Илија Танаскоски, ул. Нико Нестор бр. 38 А - Струга,
тел. бр. 046-782-980 и 070-622-327

Во состав на оваа парохија се дел од градот Струга и селата: Мислешево, Збажди, Буринец, Модрич, Вишни и Мали Влај.
Парохиски свештеник е пртојереј-ставрофор Илија Танаскоски. Роден е на 29. VI 1951 година во село Велмеј - Охридско, каде што завршил основно образование. Средно образование завршил во Македонската православна богословија "Св. Климент Охридски" во Скопје. За ѓакон е ракоположен на 10. III 1974 година, а за свештеник на 17. III 1974 година од страна на тогашниот Митрополит Дебарско-кичевски г. Методиј. На парохиска служба во Втората струшка парохија стапил на 05. III 1976 година.

Струга:
- централна парохиска црква "Свети великомаченик Ѓорѓи" - изградена е на темели од стара црква во 1835 година. Изградена е за помалку од два месеци, односно изградбата започнала на 10 мај а завршила на 20 јуни. Се работело ден и ноќ, откако со поткуп од 11000 гроша бил добиен ферман за градење од тогашната турска власт. Покрај струшките првенци, изградбата ја помогнал и грчкиот Митрополит Калиник, кој бил Митрополит во Охрид повеќе од 40 години (од 1800 до 1842 година). Фрескоживописот е дело на браќата Христо, Исак и Козма Макариеви од Галичник. Во црквата било организирано келијно училиште, во кое одреден период работеле и преродбениците Димитар и Константин Миладинови. Во 1983 година започнало градењето на новата административна зграда во дворот на црквата, која била изградена и осветена во 1985 година.

Село Мислешево:
- црква "Свети Јован Крстител"

- црква "Воведение во храм на Пресвета Богородица" - осветена во 1992 година. Истата е изградена во поголеми размери и осветена на 09. IX 2007 година од страна на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

- црква "Свети Климент"

Село Збажди:
- црква "Успение на Пресвета Богородица"

Село Буринец:
- црква "Воведение во храм на Пресвета Богородица"

Село Модрич:
- црква "Успение на Пресвета Богородица"

- црква "Свети Никола"

- црква "Свети Атанасиј"

- црква "Свети великомаченик Ѓорѓи"

- црква "Свети архангел Гаврил" - камен-темелник осветен и поставен на 26. VII 2004 година од страна на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Градбата е завршена и во тек се подготовки за нејзино осветување.

Село Вишни:
- црква Свети Атанасиј"

- црква "Свети Никола" - камен-темелник осветен и поставен на 07. VIII 1999 година од страна на Митрополитот г. Тимотеј

- црква "Свети Климент"

- црква "Света Недела"

- црква "Свети Спас"

- црква "Света Петка" - камен-темелник осветен и поставен на 29. VII 2006 година од страна на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, а осветена е на 28. VII 2007 година, со благослов на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, од страна на Митрополитот Брегалнички г. Иларион

Село Мали Влај:
- црква "Свети Никола"

- црква "Свети Атанасиј"

- црква "Света Петка"

Трета струшка парохија
Црква "Свети великомаченик Ѓорѓи" ул. Маршал Тито б.б. - Струга,
тел. бр. 046-780-633 и 046-780-634
Парохиски свештеник протојереј Темелко Донески, с. Подмоље
тел. бр. 046-281-886 и 070-783-070

Во состав на оваа парохија се дел од градот Струга и селата: Р'жаново, Селци, Пискупштина, Глобочица, Радожда и Калишта.

Парохиски свештеник е протојереј Темелко Донески. Роден е на 08. XI 1950 година во село Лешани - Охридско, каде што завршил основно образование. Вонредно завршил средно образование во Македонската православна богословија "Св. Климент Охридски" во Скопје. За ѓакон е ракоположен на 05. IV 1970 година, а за свештеник на 19. IV 1970 година од страна на тогашниот Митрополит Дебарско-кичевски г. Методиј. На парохиска служба во Третата струшка парохија стапил на 15. XI 1987 година.

Струга:
- централна парохиска црква "Свети великомаченик Ѓорѓи" - изградена е на темели од стара црква во 1835 година. Изградена е за помалку од два месеци, односно изградбата започнала на 10 мај а завршила на 20 јуни. Се работело ден и ноќ, откако со поткуп од 11000 гроша бил добиен ферман за градење од тогашната турска власт. Покрај струшките првенци, изградбата ја помогнал и грчкиот Митрополит Калиник, кој бил Митрополит во Охрид повеќе од 40 години (од 1800 до 1842 година). Фрескоживописот е дело на браќата Христо, Исак и Козма Макариеви од Галичник. Во црквата било организирано келијно училиште, во кое одреден период работеле и преродбениците Димитар и Константин Миладинови. Во 1983 година започнало градењето на новата административна зграда во дворот на црквата, која била изградена и осветена во 1985 година.

Село Р'жаново:
- црква "Света великомаченичка Недела"

Село Селци:
- црква "Свети Атанасиј"

- црква "Свети Никола"

Село Пискупштина:
- црква "Свети Никола"

- црква "Свети Јован Претеча" (Боровечки синор)

Село Глобочица:
- црква "Свети Антониј" - осветена на 18. VII 1993 година од страна на Митрополитот Брегалнички г. Стефан по одобрение на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Село Радожда:
- црква "Свети Никола"

- црква "Света Петка"

- црква "Свети архангел Михаил"

- црква "Свети Илија"

- црква "Света Богородица"

- црква "Света Недела" - камен-темелник осветен и поставен во 2001 година од страна на Митрополитот г. Тимотеј.

Село Калишта:
- црква "Свети Никола"

Четврта струшка парохија (Драслајчка)
Црква "Свети великомаченик Ѓорѓи" ул. Маршал Тито б.б. - Струга,
тел. бр. 046-780-633 и 046-780-634
Парохиски свештеник Петар Бојчиноски, ул. Вељко Влаховиќ 3/2 - Струга,
тел. бр. 046-782-133

Во состав на оваа парохија се дел од градот Струга и селата: Драслајца, Мороишта, Биџево, Ташморуништа, Долна Белица и Горна Белица.

Парохиски свештеник е Петар Бојчиноски. Роден е на 01. III 1956 година во Крушево, каде што завршил основно образование. Средно образование завршил во Македонската православна богословија "Св. Климент Охридски" во Скопје. За ѓакон е ракоположен на 05. III 2000 година од страна на Митрополитот Повардарски г. Агатангел , а за свештеник на 20. I 2001 година од страна на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. На парохиска служба во Четвртата струшка парохија стапил на 15. II 2001 година.

Струга:
- централна парохиска црква "Свети великомаченик Ѓорѓи" - изградена е на темели од стара црква во 1835 година. Изградена е за помалку од два месеци, односно изградбата започнала на 10 мај а завршила на 20 јуни. Се работело ден и ноќ, откако со поткуп од 11000 гроша бил добиен ферман за градење од тогашната турска власт. Покрај струшките првенци, изградбата ја помогнал и грчкиот Митрополит Калиник, кој бил Митрополит во Охрид повеќе од 40 години (од 1800 до 1842 година). Фрескоживописот е дело на браќата Христо, Исак и Козма Макариеви од Галичник. Во црквата било организирано келијно училиште, во кое одреден период работеле и преродбениците Димитар и Константин Миладинови. Во 1983 година започнало градењето на новата административна зграда во дворот на црквата, која била изградена и осветена во 1985 година.

Село Драслајца:
- црква "Успение на Пресвета Богородица"

- црква "Света великомаченичка Недела" - камен-темелник осветен и поставен во мај 1992 година од страна на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Целосно изградена и во тек се подготовки за нејзино осветување.

Село Мороишта:
- црква "Свети Никола" - осветена на 05. V 1985 година од страна на Митрополитот г. Тимотеј.

- црква "Вознесение Христово - Свети Спас" - осветена на 18. V 1997 година од страна на Митрополитот г. Тимотеј.

Село Биџево:
- црква "Вознесение Христово - Свети Спас"

Село Ташморуништа:
- црква "Свети архангел Михаил" -

- црква "Свети великомаченик Димитриј" - осветена на 20. Х 1996година од страна на Митрополитот г. Тимотеј.

- црква "Свети маченик Мино" - осветена на 31. VIII 2003 година од страна на Митрополитот г. Тимотеј.

- црква "Света великомаченичка Недела" - осветена на 14. IX 2003 година од страна на Митрополитот г. Тимотеј.

- црква "Свети Харалампиј" - камен-темелник осветен и поставен на 24. V 2007 година. Изградбата е во тек.

Село Долна Белица:
- црква "Успение на Пресвета Богородица"

- црква "Свети архангел Михаил"

- црква "Света Петка" - ¬камен-темелник осветен и поставен во 1989 година од страна на Митрополитот г. Тимотеј.

Село Горна Белица - Парумба:
- црква "Света Троица" - осветена на 28. IX 1998 година од страна на Митрополитот г. Тимотеј.

Вевчанска парохија
Црква "Свети Никола" - с. Вевчани, тел.бр. 046-798-133
Парохиски свештеник Зоран Попоски, с. Вевчани, тел.бр. 046-798-033 и 070-236-565

Во состав на оваа парохија се селата: Вевчани, Октиси и Горна Белица.

Парохиски свештеник е Зоран Попоски. Роден е на 16. XI 1958 година во село Вевчани, каде што завршил основно образование. Средно образование завршил во Македонската православна богословија "Св. Климент Охридски" во Скопје и дипломирал на Православниот богословскиот факултет "Св. Климент Охридски" во Скопје. За ѓакон е ракоположен на 05. I 1983 година, а за свештеник на 09. I 1983 година од страна на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. На парохиска служба во Вевчанската парохија стапил на 01. IV 2001 година.

Село Вевчани:
- централна парохиска црква "Свети Никола"

- црква "Света великомаченичка Варвара и Свети СаваЕрусалимски" - камен-темелник е осветен и поставен на 20. X 1994 година од страна на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

- црква "Свети великомаченик Димитриј"

- црква "Преподобна Параскева"

- црква "Свети Спас"-долни - камен-темелник е осветен и поставен на
20. X 1985 година, а осветена е на 10. X 1996 година од страна на Митрополитот
г. Тимотеј.

- црква "Успение на Пресвета Богородица" - во рушевини.

- црква "Свети великомаченик Ѓорѓи" - во рушевини, која с#уште не е лоцирана.

- манастир "Свети Спас" - горни

- параклис "Света великомаченичка Недела"

- параклис "Преполовение"

- параклис "Богојавление"

Село Октиси:
- црква "Свети Атанасиј Велики"

- манастир "Свети Никола"

- параклис "Свети великомаченик Димитрија"

- месност "Свети Јован Крстител" - каде што се фрла крстот на Богојавление.

Село Горна Белица:
- црква "Преподобна маченичка Параскева"

- манастир "Свети Климент"

- манастир "Света Троица" - парумба

Ложанска парохија
Црква "Свети Власиј" - с. Ложани.
Парохиски свештеник Ристе Наумоски, ул. Маршал Тито ламела Единство 1/8 - Струга, тел. бр. 046-783-092 и 075-486-670

Во состав на оваа парохија се селата: Ложани, Враништа, Подгорци, Лабуништа, Боровец и Јабланица.

Парохиски свештеник е Ристе Наумоски. Роден е на 02. II 1972 година во село Нерези - Струшко. Основно образование завршил во село Луково. Завршил гимназија во Струга и дипломирал на Теолошкиот факултет "Св. Климент Охридски" во Скопје. За ѓакон е ракоположен на 30. IX 1997 година, а за свештеник на 10. Х 1997 година од страна на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. На парохиска служба во Ложанската парохија стапил на 01. IX 2004 година.

Село Ложани:
- централна парохиска црква "Свети Власиј" - изградена во 1893 година. Има и фрескоживопис.

- параклис "Преполовение" - камен-темелник е осветен и поставен на
15. VII 2006 година од страна на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Градбата е во тек.

- параклис "Света Недела" - треба да се гради.

Село Враништа:
- црква "Света Богородица - Пречиста" - трикорабна базилика, според легендите од времето на цар Самоил.

- црква "Свети Никола" - од почетокот на 19 век. Зографисана од Дојчин од Росоки и Јован од Струга.

- црква "Света Петка" - камен-темелник е осветен и поставен на 17. XII 2000 година, и осветена на 16 IX 2007 година од страна на Митрополитот г. Тимотеј.

- параклис "Свети архангел Михаил" - изграден во 1992 година.

- параклис "Свети Кузман и Дамјан" - изграден во 1985 година.

- параклис "Свети Атанасиј Велики" - изграден во 1973 година.

Село Подгорци:
- црква "Свети Никола" - изградена во 1845 година, а фрескоживописана во 1847 година за време на султанот Абдул Меџид. Осветена е од надлежниот архијереј Дионисије.

- црква "Свети Јован Владимир" - изградена во 1924 година. Не е осветена.

- црква "Света Богородица - Пречиста" - камен-темелник е осветен и поставен во 1995 година од страна на Митрополитот г. Тимотеј. Во тек се активности за нејзино осветување.

- збирно место со икона "Света Петка" - на кое треба да се гради црква.

Село Лабуништа:
- црква "Свети Никола" - од 19 век.

- црква "Свети Илија" - изградена во 1977 година, а осветена е во 1979 година од страна на тогашниот Митрополит Дебарско-кичевски г. Ангелариј. Нема фрескоживопис.

Село Боровец:
- црква "Света Богородица" - изградена во 19 век. Нема фрескоживопис, а иконите се од Дичо Зограф.

- црква "Свети Атанасиј Велики" - од 19 век. Нема фрескоживопис.

Село Јабланица:
- црква "Свети пророк Илија" - изградена во 1896 година. Преосветена од Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј во 1996 година. Нема фрескоживопис.

- црква "Света Богородица - Пречиста" - изградена во 1976 година, а осветена во 1978 година од страна на тогашниот Митрополит Дебарскоп-кичевски г. Ангелариј. Нема фрескоживопис. Иконите се од 1843 година, изработени од Дичо Зограф и од други зографи, што потврдува дека имало постар објект.

- црква "Свети Мино, Виктор и Викентие" - ¬изградена во 1975 година, а осветена на 24. XI 2001 година од страна на Митрополитот г. Тимотеј. Нема фрескоживопис. Иконите на иконостасот се од 1826 година, што потврдува дека имало постар објект.

- црква "Преполовение" - камен-темелник е осветен и поставен на 17. VI 2003 година од страна на Митрополитот г. Тимотеј.

- манастир "Свети пророк Илија" - изграден во 1954 година. Во тек се подготовки за негово осветување.

- параклис "Света Петка" - изграден во 2002 година.

- параклис "Свети Никола" - изграден во 1996 година.

- параклис "Света Петка" - изграден во 1994 година.

- параклис "Света Недела" - изграден во 1997 година.

   ЛИТУРГИИ

Литургија на претходно осветени дарови
   ИЗДАВАШТВО

  © 2008 Дебарско-кичевска епархија