„Да застанеме, браќа, во домот на нашиот Бог и во дворовите Негови, и да ги прославиме Неговите величија и чудеса, зашто е дивен во Своите светии, кои се покоруваат на Неговите заповеди. Со нив и Наум пречудниот се радува“ (песна од канонот на Утрена на преподобен Наум Охридски Чудотворец).

 

Со Божјата промисла и благослов, еве и оваа година го прославивме пречесниот спомен на преподобниот Наум Охридски, сотрудникот на светиот Климент, кои заедно го просветија македонскиот род и го преведоа во богопознание. Затоа и оваа година, манастирот во кој преподобниот Наум се подвизуваше и ги остави своите свети мошти, беше преплавен со неброен верен народ од сите страни, кој дојде да му ги принесе првите плодови на Преподобниот и да му принесе песни на пофалба и слава за неговите неизброени чудеса. 

spy offers | Jordan Ανδρικά • Summer SALE έως -50%

 

 

Празнувањето на преподобниот исцелител започна ден претходно, на 02 јули, во манастирот „Св. Наум Охридски“, со Празнична вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, свештениците Димче Азески, Љупчо Бакрачески, Александар Димоски и Сашо Целески, еромонахот Ефросиниј, протоѓаконот Васил Ристовски и ѓаконот Христијан Костоски. По завршувањето на Вечерната, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која подолу ви ја пренесуваме во целост.

 

Торжествата продолжија утредента, на 03 јули, со света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на Митрополитот Агатангел, архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофор Тоди Јован од Албанската православна црква, свештениците Димче Азески, Љупчо Бакрачески и Сашо Целески, еромонахот Ефросиниј, протоѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васил Ристовски и ѓаконот Христијан Костоски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Агатангел се обрати кон верниците со пригодно слово, во кое се задржа на подвигот на преподобниот Наум Охридски и на посветеноста на светиите кон Бога, која ги раѓа плодовите на љубовта. Во продолжение ви ја пренесуваме беседата на Митрополитот Тимотеј. 

 

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Драги браќа и сестри,

Денеска нашата света Црква го прославува големиот подвижник и учител на словенските народи, преподобниот Наум Охридски. Неговиот животен пат инспирира и нè упатува, како ние треба да се самоиспитуваме во нашиот христијански пат, од земјата кон небото. Самоиспитување, тоа значи да се анализираме дали нашето срце навистина е христијанско, односно, дали навистина сме христијани. Кон тоа нè поучува и славниот ап. Павле кој вели: „Испитувајте се сами себе дали сте во верата! Сами испитувајте се!" (2 Кор 13, 5). Без вера не може да има христијани. Можеби преку нашите надворешни дејствија покажуваме дека сме христијани, но, дали внатре во себе сме вистински христијани? Внатрешниот живот треба да се пројавува низ надворешното делување. Доколку надворешното делување е делување без вистински внатрешен христијански живот, тогаш, сето тоа е лага и лицемерие. Сите ние се фалиме со верата, но, дали ги вршиме и делата кои се составен дел од неа, како што нè учи апостолот: „Може некој да рече: ҆ти имаш вера, а јас имам дела҅. Покажи ми ја верата своја без дела, а јас ќе ти ја покажам верата своја од моите дела" (Јк 2, 18).


Се нарекуваме христијани по името на Христос. Се поставува прашањето, дали сме ја распнале плотта, заедно со страстите и похотите, како што му приличи на христијанинот, којшто верува во Христа распнатиот, како што вели св. ап. Павле: „Оние, пак, кои се Христови, го распнаа телото свое со страстите свои и похотите" (Гал 5, 24). Честопати велиме дека веруваме во Евангелието, но, дали живееме достојно според евангелските зборови? Го исповедаме вистинскиот Бог, но, дали живееме достоен евангелски живот? Дали живееме со чиста вера и чиста совест, онака како што Он бара од нас? Дали внимателно го слушаме словото Божјо и дали според неговите поуки го поправаме нашиот живот? Се причестуваме со светите тајни, односно со телото и крвта Христови, но, дали после пресветото причестување се преумуваме и дали се преобразуваме како духовно нови луѓе?


Сите овие нешта потребно е да ги разгледаме во себеси и да се огледаме како живееме, како се однесуваме кон другите, како мислиме, како зборуваме, како се однесуваме и со какво срце се обраќаме кон Бога, Кој се гледа. Да се поправиме и измириме. Не само по име да се нарекуваме христијани, туку, да бидеме вистински Христови следбеници, онака како што тоа од нас го бара нашиот Спасител Господ Исус Христос и Неговата света Црква.


Ете зошто обрнуваме внимание на овие нешта. На нештата кои се обележје на вистинскиот христијанин и кои во себе носат бесцено сокровиште. Тие обележја се оделотворување на нашата вера. А светата вера е духовен дар. Дар кој не може да се прими со никакви сетила, туку, се покажува надворешно низ плодовите, на ист начин како што добри плодови го покажуваат доброто дрво. Каде што е светоста и вистинската жива вера, таму престојува благодатта на Светиот Дух. Каде што е благодатта на Светиот Дух, таму е и духовниот плод, односно, љубовта, радоста, мирот, долготрпеливоста, добротата, милосрдноста, верата, кротоста, воздржливоста (Гал 5, 22).


Прославувајќи го денеска св. Наум, да се загледаме во нашите срца и души. Та по молитвите на св. Наум, Милостивиот Бог, преку благодатта на Светиот Дух, нека ги просветли и осветли нашите срца и умови. Па, во нашиот живот, да отфрлиме сè што е гревовно и што нè приврзува кон земното и да го замениме со возвишеното, светото, оправдувајќи го името христијанско. Поткрепени од благодатта Божја, да правиме добри дела, бидејќи верата без дела е мртва, според зборовите на св. ап. Јаков. Така, да измолиме милост Божја за спасение на нашите души, сега и во сета вечност. Амин!


Свети Науме, моли го Бога за нас!

 

Св. Наум Охридски - вечерна
02.07.2018 год.
Манастир „Св. Наум Охридски" – Охрид

svnaumlet2018 1svnaumlet2018 2svnaumlet2018 3svnaumlet2018 4svnaumlet2018 5svnaumlet2018 6svnaumlet2018 7svnaumlet2018 8svnaumlet2018 9svnaumlet2018 10svnaumlet2018 11svnaumlet2018 12svnaumlet2018 13svnaumlet2018 14svnaumlet2018 15svnaumlet2018 16svnaumlet2018 17svnaumlet2018 18svnaumlet2018 19svnaumlet2018 20svnaumlet2018 21svnaumlet2018 22svnaumlet2018 23svnaumlet2018 24svnaumlet2018 25svnaumlet2018 26svnaumlet2018 27

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5