На 10.09.2019 година, во културниот центар при храмот „Св. вмч. Ѓорѓи и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн, Австралија, беше одржано редовното Епархиско собрание на Австралиско-сиднејската епархија, на коешто претседаваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј. Епархиското собрание започна со пригодна молитва во храмот, по што започна работниот дел на Собранието. Најпрво Митрополитот Тимотеј даде извештај за своето двегодишно работење (2018-19 година), а потоа беше разгледан и финансискиот извештај за 2017-2018 година, како и за 2018-2019 година. По добиените информации од Просветниот одбор на Епархијата, како и од Комисијата за организирање на свеќоливница, беа добиени и информации околу ревизијата на Статутот на Епархијата, а потоа се пристапи кон избор на нови членови на телата и органите на Епархијата. На местото потпретседател на Епархиското собрание повторно беше избран г-дин Љупчо Стефановски од Волонгонг, за секретар на Епархијата беше избран г-дин Сашо Стојчевски од Њукасл, а за благајник г-дин Филип Пејов од Перт. Беа избрани и нови членови на Епархискиот управен одбор и нови делегати за АЦНС, како и нови членови на Просветниот одбор на Епархијата. На крајот, беа разгледани и други останати прашања од животот на Епархијата. Митрополитот Тимотеј им се заблагодари на сите досегашни членови и учесници на Епархиските тела и органи, а особена благодарност искажа кон досегашниот секретар г-дин Крис Ангелков од Перт, како и кон досегашниот благајник г-дин Јоте Ќандовски од Перт, за нивниот труд и несебично залагање, како и за големиот придонес во организирањето на Епархијата во изминитатите години. Митрополитот се заблагодари и на сите делегати за присуството, како и конструктивноста во учеството на ова Собрание. На самиот крај, Митрополитот Тимотеј искажа и голема благодарност кон Управата на храмот „Св. вмч. Ѓорѓи и Пресвета Богородица“ од Епинг, Мелбурн, за нивната успешна организација на овогодинешното Епархиско собрание. 

jordan Sneakers | Nike News

 

sobranieavstr2019 1sobranieavstr2019 2sobranieavstr2019 3sobranieavstr2019 4sobranieavstr2019 5sobranieavstr2019 6sobranieavstr2019 7

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5