На 02.02.2023 година, денот кога Бугарската православна црква и бугарскиот народ го слави великиот празник Сретение Господово, на покана од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Пловдивски г. Николај, во посета на Пловдивската митрополија присуствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј. На великиот празник Сретение Господов, Митрополитот Тимотеј чиноначалствуваше на Литургијата во митрополитскиот храм „Св. вмч-чка. Марина“ во Пловид, во сослужение на неговиот домаќин Митрополитот Пловдивски г. Николај, Митрополитот Брегалнички г. Иларион од МПЦ-ОА, Митрополитот Западно и Средноевропски г. Антониј, Митрополитот Старозагорски г. Кипријан, Митрополитот Доростолски г. Јаков, Мелничкиот Епископ г. Герасим, главен секретар на Синодот на БПЦ, Величкиот Епископ г. Сиониј, игумен на Тројанскиот и Бачковскиот манастир, Браничкиот Епископ г. Пахомиј, ректор на Семинаријата „Св. Иван Рилски“, Знеполскиот Епископ г. Арсениј и Смоленскиот Епископ г. Висарион, викари на Митрополитот Пловдивски, архимандритот Максим, протоерејот-ставрпфор Никола Христоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, како и повеќе свештенослужители од Бугарската православна црква. Ова е првата заедничка Литургија на архиереи од МПЦ-ОА и од БПЦ, а значењето на ова братско сослужување го истакна и Митрополитот Николај во својата беседа на крајот од Литургијата. На Литургијата, Митрополитот Николај му го додели и Орденот „Св. ап. Ерм“ на Митрополитот Тимотеј, Орден за којшто беше одлучено од поодамна, но оваа свечена објава и официјално доделување се случи токму на ова прво заедничко сослужување по долги години исчекување. Од името на Митрополитот Тимотеј и делегацијата, му благодариме на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Пловдивски г. Николај, за срдечниот пречек и прекрасната Литургија, со надеж дека овие средби и заедничарења во Чашата на спасението ќе стануваат сѐ почести, а врските помеѓу двете свети Цркви ќе бидат исполнети со љубов во Христа. Во прилог Ви го пренесуваме и линкот од страната на Пловдивската митрополија, на којшто можете преку фотографиите да го доживеете прекрасното духовно сослужување во Митрополитскиот храм „Св. вмч-чка. Марина“ во Пловдив.    

 

Фотографии од службата во Пловдив

 

Plovdiv 2023

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јули 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
29 30 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2