На 12.11.2023 година, во 23 Недела по Педесетница и на празникот на св. ап. Клеопа и на св. мч- ци. Зиновиј и Зиновија, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, игуменот Гаврил, свештеникот Горан Божиновски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, изврши осветување на храмот "Св. вм_чка. Недела" во Голд Кост, Квинсленд, Австралија. По осветувањето на храмот, беше отслужена света архиерејска Литургија, а на крајот, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме. 

 

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

Драги браќа и сестри,

Со благодатта на Севишниот Свет Дух го осветивме овој дом Божји, та тој да стане пребивалиште и живеалиште Божјо и светилиште на тајните, словење на словото Божјо и скала која допира до небото, за да се издигнат молитвите на верата кон Престолот на Севишниот Бог.

Благословен е Бог Кој така благоизволи, а заради напредување во спасението на човечките души. Благословени се слугите Божји, кои напредуваа во делото на благодатта, со грижи, со труд, со соединување на добри дела, од кои и најмалата лепта има висока цена пред очите на Бога, Кој милостиво гледа на срцето на дарителот. Благословот на Бога Отецот да осенува, светлината на Исуса Христа, Синот Божји, да просветува, крилото на Светиот Дух да ја покрива секоја човечка душа која доаѓа во ова светилиште со вера и љубов кон Бога, со молитва и надеж во Него, со признавање на својата немоќ и гревовност, со желба за Неговата благодат, за исполнување на Неговите заповеди.

Секој дом Божји, пред сѐ, е место за молитва. Тука, во домот Божји, ние доаѓаме со молитва и со желба да ги оставиме гревовите и слабостите, и да се измениме и промениме, а храмот да ни постане обновување на нашите духовни сили. Што е помоќно од Словото Божјо, преку Кого сѐ е создадено, и Кое создава сѐ? Тоа дејствува овде. Што е посилно од молитвата која ги надминува облаците и го наведнува кон себе Севишниот? Таа овде живее, како во свој дом, зашто храмот според зборовите на Писмото е дом за молитва (Лк. 19, 46). Што е поблагородно од присуството на нашиот Господ Исус Христос, Кој затоа и дојде во светот, за да ги спаси грешниците (1Тим. 1, 15). Он овде присуствува духовно, според своето несомнено ветување: зашто каде се двајца или тројца собрани во мое име, таму сум и Јас посреде нив (Мт. 18, 20). И видливо, во светото пречисто Тело, кое за нас се прекршува за опростување на гревовите, и во светата Божествена Крв, која за нас се излива за оставање на гревовите. Што се сите тајни кои овде се извршуваат, ако не се сосуди во кои се вселува благодатната Божествена сила, победоносна над злото, благопомошна за доброто, заклучена и откриена – видливо заклучена, невидливо откриена; заклучена за разумот кој испитува, откриена за срцето кое верува. Заклучена за невнимателниот и непокајан грешник, откриена за оној кој искрено се кае и се подвизува за свое поправање. Дојди, пристапи, очисти се, укрепи се и ќе го победиш злото и ќе успееш во доброто. На вас ви го покажувам храмот, за да престанете со своите престапи и гревови.

Гласот на храмот зборува кон мене, и маж, т.е. ангел стоеше близу до мене – кажува тајновидецот на храмот. Ако и нашите очи, браќа, бидат отворени за гледање на тајните, и ние ќе ги видиме ангелите кои со нас влегуваат, кои со нас служат, како определени да им служат на оние кои ќе го наследат спасението (Евр. 1, 14). Што мислите, што зборуваат тие чисти и верни служители Божји, кога ќе нѐ видат во храмот невнимателни, неочистени, мрзливи кон молитвата, како не пристапуваме кон тајните, не одделувајќи се од животните грижи, не мрзејќи го гревот со совршена омраза? Не соодветствуваат овие нешта со патот на нашето спасение. Зошто велат тие, зошто на овие луѓе им е тој свет храм, ако тие не се грижат за своето осветување? Храмот тогаш ќе стане само сведок за нашето неразбирање и на страшната осуда зашто не се исползувале овие блиски и удобни дарови за спасение.

Св. ап. Павле во своето Прво послание до Коринтјаните вели: Божјиот храм е свет, а тоа сте вие (1Кор. 3, 17). И ние, кои денеска се наоѓаме во овој свет храм, да се поучиме од овие зборови на ап. Павле. Потребно е најнапред и ние да постанеме храм Божји, па дури потоа Бог да се всели во храмот којшто го изградивте со вашите раце. Да се обратиме со искрена молитва кон Бога и кон св. вмч-чка Недела, на која што е посветен овој дом Божји, тие да нѐ просветат и осветлат, па да одиме по вистинскиот Христов пат, и да измолиме милост за спасение на нашите души, сега и во сета вечност. Ја користам оваа прилика, на сите вас, коишто се вградивте во овој дом Божји, и кои потрошивте од ваши лични средства, да Ви искажам благодарност и пофалба, а Семилостивиот стоструко на сите да ви врати, најпрвин со здравје, а потоа со сите благодети Божји. Нека е честито, од Бога благословено и вечно. Амин.

         Oсветување на храм „Св. Недела“

Голд Кост

12.11.2023 г.

 

IMG 1998 Rp4sjU0L6S IaD6zgyL9VIMG 2004 yAisKugZ8T rBY98qbp24IMG 2010 MSKTrhep2o 2iit3cYc7f

20231112 093900 nXdGWpnq6820231112 094350 1 7wNf2FUu0o20231112 100743 VYGfqV7I8V20231112 100800 xhYSv0Rm7I20231112 101045 CTNCesQO1B20231112 101137 HOC7GBYO5820231112 101210 cUPGP1Xp0F20231112 101912 FeFq3d471w20231112 102303 m3Bhvu4T6V20231112 103119 lgDp0hKx7Y20231112 103450 FJfNr18n8G20231112 104204 s6Wlhap75Y20231112 104217 XofsX6JH5x20231112 112650 VA1zShwH0K20231112 112706 Bg3DxYX20R20231112 113410 qQLMtm3Y4j20231112 113420 y9joqRMS7120231112 114431 nXRzQsaq2rIMG 1991 K18G22V93fIMG 2029 TC2eMzYF7f

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Април 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3