„Да го прославиме божествениот Лука - проповедникот на вистинското благочестие, и говорникот на неискажливите тајни, црковната ѕвезда, зашто Словото, Кој единствено ги знае тајните на срцата, го избра него, заедно со мудриот Павле, за учител на народите“ (кондак на утрена на св. ап. и ев. Лука).

 

На 31.10.2024 година, денот кога си спомнуваме на големите светила, св. апостол и евангелист Лука и св. Коонстантин Кавасила, во храмот „Пресвета Богородица - Перивлепта“ во Охрид, а со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, беше отслужена света Литургија, на која служеа протоерејот-ставрофор Александар Димоски, свештениците Љупчо Бакрачески и Васил Михајлоски и еромонахот Никодим. По завршувањето на Литургијата, беше прочитана и беседата од Митрополитот Тимотеј упатена до сите верни чеда. Истата ви ја пренесуваме во целост.

 

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

Драги браќа и сестри,

Нашиот Спасител, Господ Исус Христос, го проповедаше словото за Царството Божјо. Целата Негова проповед ја разоткриваше вистината за тоа Царство. Навистина, и пред сѐ, тоа е Царство Небесно, односно од другиот свет, во кое совршено царува Божјата волја. Него ќе го наследат оние кои се трудат да влезат во радоста на Господарот на животот.

Но, Царството Божјо е и треба да биде катадневна судба на луѓето тука. Тоа е една иднина за сите луѓе кои таму ќе живеат во полната радост на новата земја и новото небо. Тоа е судба на секој човек, а и Самиот Господ Исус Христос вели: Царството Божјо е внатре во вас (Лк. 17, 21). Тоа се разоткрива во душата на луѓето. Кога ќе почне копнежот за Царството Божјо да се оплодува, тогаш самото Царство Божјо започнува да се пројавува со срцето, во мислите и во делувањето на луѓето. Тоа го опфаќа целокупниот нивен живот.

Христијаните се наречени синови на Царството Божјо (Мт. 13, 39). Такви се оние кои, пред сѐ, го бараат тоа Царство. Добриот син го бара она што е законско од неговото наследство. Тој не се откажува од наследството на своите родители, а кога ќе го прими, не го упропастува туку го умножува. Таква е и волјата Божја за Неговите синови, преку исполнувањето на Неговата волја да се гради Царството Божјо во одделните души и во животот. Во тоа царство има радост, зашто во душата на човекот разоткриваме радосно живеење. Затоа и св. ап. Павле за царството Божјо вели дека е правда, мир и радост во Светиот Дух (Рим. 14, 17).

Ние кои сакаме да влеземе во радоста на Царството Божјо треба да бидеме будни и постојано да се молиме. Сите сме поканети да влеземе со сопствените души за да учествуваме во една голема веселба на духовна радост, на доброто и љубовта, на искрената и возвишена вера. Исус е Божествен Младоженец, Кој како Своја чиста и непорочна невеста ја има Црквата. Сите треба да се подготвуваме да бидеме сватови (Мт. 9, 15), односно радосни учесници во тоа големо таинство на единството помеѓу Исуса Христа и Неговата Црква. Тоа единство ги опфаќа верниците и ги прави учесници во таа неизмерна радост и ги препородува за нов живот. Но, поканетите сватови треба да ги чуваат светилниците полни со масло, за да можат да влезат во свадбеното торжество и да се веселат со сите кои се спасуваат.

Кога се вели масло за духовните светилници, се мисли на искрената, чиста, длабока и плодоносна вера, која раѓа благочестие, а благочестието е во полза за сѐ (1. Тим. 4, 8). Светилниците треба секогаш да ни бидат полни со масло, за да има во нив светлина, зашто само со светлина можеме да излеземе и да Го пречекаме Божествениот Младоженец. Зашто Он е Светлина, како што и Самиот рекол: Јас сум светлина на светот (Јн. 8, 12), а ние верниците треба да веруваме во Светлината Која е Исус Христос.

Ние денеска ги прославуваме двајцата сејачи на Божествената светлина. Тоа се св. ап. и ев. Лука и св. Константин Кавасила, Охридскиот Архиепископ. Да се обратиме со искрена молитва кон двајцата Божји проповедници, тие да се застапат пред престолот на Бога, а Неговата благодат да ги запали и нашите светилници. Па, така, будни и достојни да Го пресретнеме Небесниот Младоженец, а Он да нѐ воведе во Царството небесно, сега и во сета вечност. Амин.

Св. Константин Кавасила и св. ап. Лука

                Храм „Пресв. Богородица – Перивлепта“ Охрид

                                                31.10.2024 г.

 

svkonstant2024 1

svkonstant2024 2

svkonstant2024 3

svkonstant2024 4

 

svkonstant2024 5svkonstant2024 6

 

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Декември 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3