Великопосните богослужби во Охридското архиерејско намесништво на Дебарско-кичевската епархија во првите четири дена од светата Четириесетница се извршуваат со едноцрквие во „Св. Богородица – Каменско" во градот Охрид. На богослужбите присуствуваат сите свештенослужители од намесништвото, со востановен ред на дежурен свештеник, кој ги извршува богослуженијата, а останатите свештенослужители, возглавени од Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, своето молитвено учество во богослужбите го дополнуваат на двете певници.

Nike footwear | Nike Air Force 1'07 Essential blanche et or femme - Chaussures Baskets femme - Gov

1g

Во средата како прв ден во кој се извршува света Литургија на Предосветени дарови во црквата „Св. Богородица" исполнета со верен народ, богослужеше неговото високопресовештенство г. Тимотеј, а во сослужение на архимандрит Нектариј, свештенк Љупчо Симиџиоски старешина на црквата и ѓакон Димче Азески.

По благочестив обичај задржан во Охридското намесништво во првата седмица верниот народ не пристапува кон светата Причест, туку подготвувајќи се со пост, молитва, милостина и добри дела, во голем број пристапуваат во првата сабота Тодорова сабота и во правата недела – Неделата на Православието. Меѓутоа, голем е и бројот на верниците кои пристапуваат на крајот од светата Литургија за да примат по една лажичка осветена вода – агиазма – затоа што првите три дена воопшто не вкусиле храна и не се напиле вода.

Свештенството по завршувањето на светата Литургија, дојдени од сите намесништва во Епархијата, пристапуваат кон востановената традиција во Епархијата, на светата тајна Покајание со извршување на исповед, која вообичаено оваа година ја изврши неговото високопреподобие архимандритот Нектариј, игумен на Светинаумовиот манастир во Охрид.
Потоа свештенството со својот Владика се собираат во административната просторија при црквата на свештенички состанок, првиот во тековната година, на кој се разгледуваат пастирски и административни прашања и се даваат насоки за понатамошни делувања и активности во текот на годината.

Понатамошните богослужби во Охридското архиерејско намесништво од петокот сцвештенството ги продолжуваат во своите парохиски цркви.

 

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Февруар 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
26 27 28 29 30 31 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 1