Се наоѓа на источниот брег на Охридското Езеро, во близина на селото Трпејца.
Градена е во форма на впишан крст, со купола, што се наоѓа на централниот дел, што има осмостран тамбур. Ѕидана е од бигор, камен и тула. Во почетокот, црквата имала и припрата, која била засводена со полукружни сводови.

Според зачуваниот натпис, што се наоѓа над западниот влез, изградена е од кесарот Гргур, за време на деволскиот епископ Григорие, во 1361 година, кога е и фрескоживописана.

Кога станува збор за живописот, би рекле дека тој е дело на зограф што се издвојува од неговите современици, што работеле во Охрид. Според неговите карактеристики, не е исклучена можноста своите познавања да ги стекнал во познатиот уметнички центар во Солун. Највпечатлива е фреската, на која е претставена св. Ана како ја дои Пресвета Богородица, нагласувајќи еден реалистичен момент - искажување на мајчинска љубов.

Иако пристапот да манастирот е само преку езерото, сепак е доста посетен, особено во летниот период. Во поново време обновена е традицијата да се богослужи во овој манастир на 04 јули, веднаш после празникот на св. Наум, и на 21 септември кога е доста посетен од страна на жителите на селата Пештани и Трпејца како и од Охрид.

Старешина на манастирот е свештеник Атанас Казанџиски, парох Пештански.

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Декември 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3