На 24.02.2011 година, денот кога го чествуваме празникот на св. свештеномаченик Власиј и св. мч. Ѓорѓи Кратовски, како и по повод 120 години од изградбата и осветувањето на храмот „Св. свешт-мч. Власиј“ во с. Ложани, Струшко, се отслужи света архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протојереј- ставрофор Илија Танаскоски, свештениците Ристе Наумоски и Игор Никовски и ѓаконот Васко Голабоски. По завршувањето на Литургијата беше промовирана книгата Летописна книга на црквата Св. Власиј Ложани од отец Ристе Наумоски, а промотори беа д-р Милан Бошкоски и д-р Ели Милошеска. Митрополитот Тимотеј им се обрати на верниците со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост:
НАЈНОВО ОД ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКАТА ЕПАРХИЈА
БОГОЈАВЛЕНИЕ-ВОДИЦИ
„Кога во Јордан се крштеваше, Господи, се потврди поклонувањето на Света Троица: гласот на Отецот сведочеше за Тебе и Те нарече Свој сакан Син; и Духот, во вид на гулаб, ја потврди вистината на Тоа сведоштво. Се јави, Христе Боже, и го просвети светот, слава Ти.“ (тропар на Богојавление)
affiliate tracking url | Vans Shoes That Change Color in the Sun: UV Era Ink Stacked & More – Fitforhealth News
ДРЖАВАТА ГО ВРАТИ СТАРОТО УЧИЛИШТЕ НА ЦРКВАТА
На ден 16.02.2011 година, Завод и музеј Охрид официјално му го предаде во владение старото училиште „Св. Климент Охридски“ во Охрид на Дебарско-кичевската епархија, а според решението на Комисијата за денационализација на Република Македонија. На примопредавањето присуствуваа Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, директорот на Завод и музеј Охрид Тања Паскали – Бунташеска и претседателот на Комисијата за денационализација на РМ г. Љубомир Јорданов.
СВ. МЧ. ТРИФУН
На ден 14.02.2011 година, а по повод празникот на св. мч. Трифун, света архиерејска Литургија се отслужи во храмот „Св. вмч. Димитриј“ во Кавадарци, на која чиноначалствуваше Неговото Високопресвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, како и повеќе свештенослужители на Македонската православна црква. По завршувањето на Литургијата беше извршен мал водосвет, а потоа беше извршено и годишното закројување на лозовиот насад. На присутните верници со пригодна беседа се обрати Митрополитот Тимотеј, а истата во целост ви ја пренесуваме:
Authentic Sneakers | Vans Shoes That Change Color in the Sun: UV Era Ink Stacked & More – Pochta News
СВ. АП. ТИМОТЕЈ
Светата православна Црква на 4 февруари го слави споменот на светиот апостол Тимотеј, постојан сопатник на светиот апостол Павле, кој заедно со него ги обиколил Ахаја, Македонија, Италија и Шпанија. Голем ревнител на верата Христова, благ на збор и по душа, св. ап. Тимотеј по смртта на св. ап. Павле кратко ќе биде ученик и на св. Јован Богослов, а подоцна станува епископ во Ефес, каде и маченички го завршува својот живот.