На 01.11.2010 година, на празникот на преподобниот Прохор Пчински, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ – Плаошник, традиционално како и секоја година, беше отслужена света архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, свештениците Игор Никовски, Никола Христоски и Горан Ставрески, и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. По завршувањето на Литургијата Митрополитот Тимотеј го прекрши празничниот колач.
НАЈНОВО ОД ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКАТА ЕПАРХИЈА
ПРАЗНУВАЊЕ НА СПОМЕНОТ НА ПРЕПОДОБНА ПАРАСКЕВА ВО ДЕБАР
„Откако се украси со желба за Бога, преподобна мајко Параскево, и замрази сé што е суетно во овој лажен живот, Тргна по Христа, горејќи со жед за духовното; кога го умртви телесното мудрување со воздржание, со вистинско умиление и совршено смирение, од Бога си примила дар за неискажливи чудотворења; Него моли Го, да ги спаси и просветли душите наши.“
Running Sneakers Store | Yeezy Boost 350 TrainersОСВЕТУВАЊЕ НА НОВ ПАРАКЛИС ПОСВЕТЕН НА СВЕТА МАЧЕНИЦА ПАРАСКЕВА
Неделата на 17 октомври 2010 година, во чест 1100 годишнината од упокојувањето на свети Наум Охридски, во неговата света обител се освети нов параклис посветен на света маченица Параскева. Со чинот осветување чиноначалствуваше Поглаварот на Македонската православна црква Неговото Блаженство г.г. Стефан во сослужение на надлежниот Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополит брегалнички г. Иларион, архимандрит Нектариј, игумен на манастирот, и мноштво свештенослужители. После осветувањето се служеше света архиерејска Литургија. Кон верниот народ Архиепископот се обрати со празнично слово.
Asics shoes | Vans Shoes That Change Color in the Sun: UV Era Ink Stacked & More – Pochta News
ПОКРОВ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА
На 14.10.2010 година, денот кога го прославуваме празникот Покров на Пресвета Богородица, во параклисот во резиденцијата на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, кој е посветен на овој празник, се отслужи света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на протоереј Димче Ѓорѓиески, свештеник Никола Христоски и ѓакон Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на литургијата се изврши мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот, пред присутните верници, се обрати со пригодна беседа, која интегрално ви ја принесуваме:
НА ПРАЗНИКОТ НА СВЕТИТЕ БЕСРЕБРЕНИЦИ КОЗМА И ДАМЈАН
На 14.11.2010 година, денот кога ги празнуваме светите бесребреници Козма и Дамјан, а во храмот кој го носи нивното име, беше отслужена света архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на свештениците Игор Никовски и Никола Христоски и ѓаконот Васко Голабоски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј изврши мал водосвет и го прекрши празничниот колач. Пред многубројното верно паство, Митрополитот се обрати со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост: