
На 24.05.2024 година, денот кога ги прославуваме македонските и сесловенски просветители светите солунски браќа Кирил и Методиј, во базиликата „Св. Климент Папа Римски“ во Рим, каде што почиваат светите мошти на светиот Кирил Солунски, беше отслужен Молебен во чест на светите рамноапостолни браќа Кирил и Методиј, на којшто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен, протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештеникот Кирил Павлески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. На Молебенот присуствуваше Претседателот на Македонија г-ѓа Гордана Силјаноска Давкова, како и многубројни гости. По завршувањето на Молебенот, Митрополитот Тимотеј се обрати со пригодна беседа, којашто ви ја пренесуваме интегрално.