konstantinelena

Подигната е на доминантно место, во стариот дел на градот во непостредна близина на црквата ,,Св. Богородица Перивлепта". Над јужниот влез од внатрешноста е откиен натпис од кој дознаваме дека црквата е подигната и фрескоживописана во 1477 г. Во натписот се спомнува ктиторот Партение и тој е насликан со модел во рацете. До него е насликана неговата мајка Марија и синот Михаило.
Во ахитектонски поглед оваа црква е еднокорабна со попречен полуоблест свод. Правоаголната основа е засведена со полуоблест свод и завршува на исток со тристрана апсида. Подоцна од јужната страна е доѕидан еден мал параклис посветен на Света великомаченица Параскева.
Конструкцијата на оваа црква е скоро идентична со двете цркви од XIV век: ,,Св. Богородица Болничка" и ,,Св. Ѓорѓи" во с. Годивје - Охрид.

Целата црква во внатрешноста е фрескоживописана.
Во олтарниот простор е насликана ,,Св. Богородица Ширшаја", а под неа светите архиереи: ,,Св. Василије", ,,Св. Григорије", ,,Св. Јован", ,,Св. Атанасије".
На јужниот ѕид се претставени ,,Цар Константин и Елена". Фреските во втората зона ги исполнуваат композициите: ,,Слегувањето на Светиот Дух", ,,Успение на Пресвета Богородица", ,,Тајната вечера", ,,Молитвата во Гетсиманската градина", ,,Одрекувањето Петрово", ,,Оплакување" и ,,Погребението Христово". Во сводот се најубавите ликови на ,,Бог Отец", ,,Бог Син", ,,Бог Светиот Дух".

Во тремот на црквата посебно внимание заслужува фрагментарно сочуваната композиција ,,Заминувањето на сите воини во борба за победа на Христијанството".

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Август 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
27 28 29 30 31 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31 1 2 3 4 5 6