dimitrij

Недалеку од Горна порта, на самиот излез од дворот на ,,Св. Богородица Перивлепта" се наоѓа малата црква посветена на Светиот воин Димитриј. Не се сочувани историски податоци за постанокот на оваа еднокорабна црква со тристрана олтарна апсида. Има два влеза - на западната и јужната страна - и полукружен свод и се вбројува во редот на помалите охридски цркви кои се изградени и живописани во XIV век.

Фрескоживописот во внатрешноста на црквата е поделен во три зони. Првата ја претставуваат светители во цел раст од кој се издвојува ликот на патронот ,,Св. в-мч. Димитриј" насликан во облека на воин. Во фрескоживописот се препознава зограф со високи уметнички квалитети.

Втората зона е исполнета со сцени од животот на Господ Исус Христос од кои ги набројуваме: ,,Влегувањето во Ерусалим", ,,Распетието Христово" и ,,Воскресението". Над втората зона на фризот од медалјони се прикажани повеќе пророци.

Авторот на фрескоживописот на црквата ,,Св. в-мч. Димитриј" останува до ден денес непознат.

Карактеристичен е и ,,Големиот змиски крст", кој потекнува од XVII век.

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1