Овој манастир се наоѓа над селото Горни Манастирец, во близина на градот Македонски Брод, во областа, што се наоѓа по средниот тек на реката Треска, и поради што е наречена Порече.

Според анализата на остатоците од фреските во овој манастир се претпоставува дека потекнува од XIII век. За време на турското владеење во Македонија, овој манастир бил запален, но, нема точни податоци кога се случило тоа. Со дозвола од Султанот, месното население од Поречието, со доброволна работа и средства, повторно го изградиле овој манастир во 1846 година.

Од тој период е конакот што се наоѓа на југоисточната страна, тој на јужната страна е изграден во почетокот на ХХ век, додека на 22. VII 2007 година, од страна на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и Митрополитот Струмички г. Наум, се освети новоизградениот конак, кој се наоѓа на источната страна.

Настојател на манастирот е монахот Бенедикт Божиноски.

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Декември 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3