kartaОхрид е град во кој минатото и сегашноста се испреплетуваат и меѓусебно се надополнуваат. Град во кој поучени од историјата се гради иднината. Христијанството во него е присутно од самиот негов почеток. Од доаѓањето на светиот апостол Павле, преку мисијата на свети Еразмо во III век, кој на брегот на Охридското Езеро покрстил преку 20 000 луѓе, до организираниот црковен живот на калето во Охрид (познато уште и како Плаошник), каде што имало епископска катедра, чиј епископ бил учесник на Првиот вселенски собор. Активниот црковен живот продолжил и во наредниот период, за што ни сведочат базиликите од IV, V, VI век. На Плаошник, во IX и X век, дејствувале и свети Климент и свети Наум кои просветени од Светиот Дух ја просветиле Македонија и цела Европа, и духовно и културно.

Свети Климент го изградил манастирот посветен на свети Пантелејмон и го основал првиот универзитет на Плаошник, додека свети Наум го изградил надалеку познатиот манастир што го посветил

на свети архангел Михаил и сите небесни сили, а денес го носи неговото име, и е основоположник на монашкиот живот во Македонија.

Тука се наоѓало седиштето на древната и славна Охридска Архиепископија, која неканонски беше укината во 1767 година, но повторно возобновена во лицето на Македонската православна црква во 1967 година, на Црковно народниот собор во катедралната црква на охридските архиепископи „Света Софија".

Со возобновувањето на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската православна црква, на 17 јули 1967 година, на Третиот црковно народен собор, се возобнови и древната Величка епархија со седиште во Охрид. Само после една година, на одржаниот Црковно народен собор на 17 октомври 1968 година, со одлука бр. 538, древната Величка епархија е преименувана во Дебарско-кичевска епархија, повторно со седиште во Охрид.

Прв епископ Велички, а подоцна Митрополит Дебарско-кичевски бил г. Методиј (Ѓорѓи Попоски). Роден на 27 III 1914 година во Прилеп. На 27. Х 1936 година бил ракоположен за ѓакон, а за свештеник во јули 1937 година. На 13 III 1966 година бил избран за епископ Велички, а во 1968 година бил востоличен за Митрополит Дебарско-кичевски, со која управувал до неговото упокојување на 25. II 1976 година.

Втор Митрополит Дебарско-кичевски бил г. Ангелариј (Цветко Крстески). Роден на 7 IV 1911 година во село Долнени, Прилепско. 1932 година, во црквата „Свети Димитриј" во Битола бил ракоположен за ѓакон, а за свештеник истата година во црквата „Света Богородица", исто така, во Битола. Монашки потстриг примил во 1972 година. Во 1975 година бил хиротонисан за епископ Пелагониски, а во 1977 година бил востоличен за Митрополит Дебарско-кичевски. После изборот за Архиепископ Охридски и Македонски, на 19. VIII 1981 година, со Дебарско-кичевската епархија администрирал уште еден месец, до 20. IX 1981 година.

Трет Митрополит Дебарско-кичевски е г. Тимотеј (Славе Јованоски). Роден е на 20. Х 1951 година во Младо Нагоричане, Кумановско. Монашки потстриг прима на 10. IX 1981 година во манастирот „Свети Јован Крстител" – Бигорски, а на 11. IX 1981 година е ракоположен за јероѓакон во истиот манастир. На 13. IX 1981 година е ракоположен за јеромонах во манастирот „Света Богородица" – Пречиста, Кичевско, а за архимандрит е произведен во манастирот „Свети Наум Охридски" во Битола. По изборот за епископ, на 20. IX 1981 година е хиротонисан за архиереј на МПЦ во црквата „Свети Димитриј" во Скопје. Од 21. IX 1981 година е назначен за Митрополит Австралиски и администратор на Дебарско-кичевската епархија. Со Австралиската епархија раководеше до 1995 година, од кога продолжи да раководи со Дебарско-кичевската епархија како Митрополит Дебарско-кичевски.

Дебарско-кичевската епархија вкупно зафаќа 3565,1 км², односно 35 651 000 м². Во нејзин состав се наоѓаат вкупно 14 општини, 5 градови, 262 села, од кои 179 се чисто христијански, 20 со мешано население и 63 чисто муслимански села.

Административно е поделена на четири архиерејски намесништва, и тоа: Охридско, Струшко, Кичевско, Бродско и Дебарско.

Вкупното население изнесува околу 228 060 жители од кои: 110 229 се македонци и исламизирани македонци, 82 855 албанци и 24 095 турци. По верска основа околу 90 000 православни жители, 11 000 исламизирани македонци а остантите се муслимани и незначителен број на секташи.

Во овој краток четириесет годишен период се постигнаа видливи резултати, во главно на градежен план. Од обновувањето на епархијата до денес изградени се околу 140 нови цркви и возобновени се повеќе манастири и манстирски конаци. Само во минатата 2007 година се осветени 6 нови цркви и 1 манастирска црква, 3 манастирски конаци и 11 осветувања на камен-темелници за нови цркви. Покажан е значителен резултат и во нашите манастири. Кога е обновена , во 1967 година, во епархијата имало само 1 манастир, и тоа манастирот „Света Пречиста" – Кичевска, со 2 монахињи, а денеска имаме 7 живи манастири, од кои 4 машки и 3 женски. Нивниот број скоро десет пати е поголем. Што се однесува, пак, до парохиското свештенство имало само 4 свештеници со богословско образование, а останатите биле без никакво богословско образование, додека денеска немаме свештеник без средно богословско образование а имаме повеќемина со високо факултетско богословско образование.

Религиозно моралната состојба на нашите верници се движи во нагорна линија. Нашите епархијани ја држат и почитуваат православната вера, која што и понатаму треба да ја продлабочуваат со знаење. Во црквите во нашата епархија забележителен е интересот за црковниот живот, особено на нашата младина. Од тие причини повеќе години, во една од охридските цркви се одржува верска поука во неколку групи, секојдневно се одржува радио час, а повремено и телевизиски час. Епархијата, од 1990 година, оформи и издавачка куќа „Канео" каде што се издадени над 100 наслови. Се издава и годишен алманах „Светиклиментово Слово" со дидактички, образовен и информативно-културен карактер, сè со цел за правилно осознавање на нашата православна вера.

Best Nike Sneakers | Aimé Leon Dore x New Balance 550 'Red' — Ietp

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1