Според востановената богослужбена пракса во нашата света православна Црква, во петоците од првите  пет седмици на Великиот пост е предвидено да се служи Мало повечерие заедно со Акатист на Пресвета Богородица. Во првите четири петоци Акатистот се дели на четири дела (статии), а во последниот, петтиот петок тој се чита целосно.

jordan release date | Men's Footwear

Повеќе...

Распоред на богослужби во Великиот пост на кои чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј:

  • Прва среда од Великиот пост (09.03.2011) – света архиерејска Литургија на Претходно осветени дарови - храм „Св. Богородица - Каменско“  Охрид
  • Прв петок од Великиот пост (11.03.2011) –Акатист на Пресвета Богородица - храм „Св. Богородица - Каменско“  Охрид
  • Тодорова сабота (12.03.2011) – света архиерејска Златоустова Литургија - храм „Св. Богородица - Каменско“  Охрид
  • Прва недела од Великиот пост, Недела на православието (13.03.2011) – света архиерејска Василиева Литургија – храм „Св. вмч. Ѓорѓи“ Охрид
  • Втора недела од Великиот пост, Недела на св. Григориј Палама (20.03.2011) – света архиерејска Василиева Литургија – параклис „Св. Григориј Палама“, манастирски комплекс „Св. вмч. Ѓорѓи“ с. Рајчица, Дебар
  • Трета недела од Великиот пост, Крстопоклона недела (27.03.2011) - света архиерејска Василиева Литургија– храм „Св. вмч. Ѓорѓи“ Струга
  • Четврта недела од Великиот пост, Недела на св. Јован Лествичник  (03.04.2011) – света архиерејска Василиева Литургија – храм „Св. Петар и Павле“ Кичево
  • Свето Благовештение (07.04.2011) – света архиерејска Златоустова Литургија – храм „Св. Софија“ Охрид
  • Петок од петта недела на Великиот пост (08.04.2011) – Акатист на Пресвета Богородица – храм „Св. Богородица – Каменско“ Охрид
  • Петта недела од Великиот пост, Недела на св. Марија Египетска (10.04.2011) – света архиерејска Василиева Литургија – храм „Св. Никола – Геракомија“ Охрид
  • Цветници (17.04.2011) – света архиерејска Златоустова Литургија – манастир „Св. Богородица – Пречиста“ Кичево

Sports brands | Sneakers Nike Shoes

Повеќе...

На 09.03.2011 година, во првата среда од Великиот пост, во храмот „Св. Богородица – Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија на предосветени дарови. На Литургијата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј (Најдоски), свештеник Димче Азески и ѓакон Николче Ѓурѓиноски. На литургијата присуствуваше многуброен народ, а на многумина од нив, кои држеле тридневен пост од секаква храна и пиење (тримир), им беше дадена света вода – агиазмо. По завршувањето на Литургијата беше извршена групна исповед на свештенството од нашата епархија и беше одржан состанок на кој се разгледуваа повеќе прашања и проблеми. Митрополитот Тимотеј пред присутните верници се обрати со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме:

latest Running | Asics Onitsuka Tiger

Повеќе...

На 06.03.2011 година, на празникот Прочка, во црквата „Св. Богородица -Каменско“ во Охрид, беше отслужена вечерна богослужба на која богослужеа неговото високопреподобие архимандрит Нектариј (Најдоски), протојереј Димче Ѓорѓиески, свештеник Димче Азески и ѓакон Николче Ѓурѓиноски. На богослужбата присуствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, како и повеќе свештеници од нашата епархија и многуброен верен народ. Со благослов на нашиот Митрополит, старешината на храмот „Св. Богородица – Каменско“, свештеник Димче Азески, се обрати кон присутните верници со пригодна беседа, а потоа сите верници зедоа благослов од Владиката и свештениците и си побараа прошка еден со друг.

Nike sneakers | Buy Yeezy Slides 'Core' - Kanye West x Adidas — Ietp

Повеќе...

На ден 27.02.2011 година, во резиденцијата на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, се одржа седница на Епархискиот управен одбор на Дебарско-кичевската епархија, на која беше разгледана и усвоена Завршната сметка на Епархијата за 2010 година и беше одобрен Предлог буџетот на Епархијата за 2011 година. На состанокот присуствуваа членовите на Епархискиот управен одбор и тоа:

  • Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј, претседател на ЕУО - Охрид
  • Свештеник Игор Никовски, секретар на ЕУО – Охрид
  • Архимандрит Нектариј (Најдоски)
  • Протојереј-ставрофор Ефтим Бетински
  • Протојереј-ставрофор Илија Танаскоски
  • Г. Владимир Толески, инженер
  • Г. Светислав Маџаров, доктор
  • Г. Петко Кутаноски, економист.

Sports brands | Altra Timp 3 Review , Best Trail Running Shoes 2021

Повеќе...
Страница 255 од 292

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јануар 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
29 30 31 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1