На 2 август 2010 г., Илинден, во селото Волино – Охридско, се освети и положи камен-темелник за изградба на нова црква посветена на света Петка. Чинот осветување и полагање камен-темелник го изврши Владиката г. Тимотеј. После осветувањето следеше богата културно-уметничка програма.
НАЈНОВО ОД ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКАТА ЕПАРХИЈА
НА ПРАЗНИКОТ ПОСВЕТЕН НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА
На празникот посветен на светиот пророк Илија – Илинден, во црквата свети Ѓорѓи во Струга, Митрополит г. Тимотеј во сослужение на протојереј-ставрофор Илија Танаскоски, протојереј Митре Попоски, јереј Петре Бојчиноски, јереј Игор Никовски и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски служеше света архиерејска Литургија.
ОСВЕТУВАЊЕ ЦРКВА ВО СОШАНИ
На 1 август 2010 г., во селото Сошани – Охридско, надлежниот Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на јереј Димко Димески, јереј Игор Никовски и ѓакон Николче Ѓурѓиноски го изврши чинот осветување на нова црква посветена на „Свети Никола“. После осветувањето се служеше света архиерејска Литургија. Кон верниот народ Владиката се обрати со поучно слово кое интегрално ви го пренесуваме.
ОСВЕТУВАЊЕ ЦРКВА ВО КУРАТИЦА
Во саботата на 31 јули 2010 г., во селото Куратица – Охридско, се изврши осветување на нова црква посветена на „Успение на Пресвета Богородица“. Чинот осветување го изврши Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на архимандрит Нектариј, јереј Никола Кипријанов, јереј Игор Никовски и ѓакон Николче Ѓурѓиноски. После осветувањето се отслужи света архиерејска Литургија. Кон верниот народ Владиката се обрати со поучно слово кое во целост ви го пренесуваме.
Nike footwear | Nike ShoesНА ПРАЗНИКОТ НА СВЕТИТЕ КИРИК И ЈУЛИТА
На 28 јули, денот кога црквата го слави споменот на светите Кирик и Јулита, во црквата „Света Богородица – Болничка“ во Охрид се служеше света архиерејска Литургија. Со божествената Литургија чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит г. Тимотеј во сослужение на јереј Никола Христоски, јереј Димче Азески и ѓакон Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на светата Литургија во дворот на црквата Владиката заедно со останатите свештенослужители извршија мал Водосвет и го благословија и прекршија празничните лебови. Кон верниот народ Владиката се обрати со поучно слово.
Authentic Nike Sneakers | Air Jordan 1 Retro High OG 'University Blue' — Ietp