
Третата недела од светата Четириесетница во Дебарско-кичевската епархија, Охридското архиерејско намесништво беше прославена со архиерејска Литургија, отслужена во манастирот „Св. Климент Охридски и вмч. Пантелејмон" на Плаошник – Охрид.
На светата Литургија чиноначалствуваше неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј и свештениците Игор Никовски и Никола Христоски, како и ѓаконот Димче Азески.