На ден 07.12.2011 година Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, старешина на манастирот, протоереј Димче Ѓорѓиески, свештеник Никола Христоски и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски, го освети камен-темелникот на новиот конак во манастирот Св. Стефан во Охрид. Конакот е лоциран веднаш под манстирската црква, со поглед кон Охридското Езеро и градот Охрид. Митрополитот Тимотеј ја благослови градбата и се помоли за што побрзо завршување на истата.

Sports brands | Nike Air Max 270

Повеќе...

Чествувањето на Патронот на Македонската православна црква, најпрвин се одбележа на 06.12.2011 година со свечена вечерна богослужба во храмот „Вознесение Христово“ во населбата Драчево во Скопје, каде што е сместено и средното богословско училиште. На вечерното богослужение чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј, а присуствуваа и Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар и Митрополитот Повардарски г. Агатангел, кој е и ректор на Македонската православна богословија.

Best Nike Sneakers | nike air barkley posite 76ers shoes for women Maximum Volume DJ4633-010 Release Date - SBD

Повеќе...

„Денес е почеток на Божјата милост и на проповедта за спасение на луѓето. Во храмот Божји јасно Дева се јавува и Христа на сите го предвестува. Нејзе и ние велегласно и извикуваме: Радувај се, исполнување на промислата на Создателот!“ (тропар на Воведение на Пресвета Богородица).

На 04.12.2011 година, денот кога го прославуваме празникот Воведение на Пресвета Богородица, беше отслужена света архиерејска Литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј Игор Никовски, свештениците Никола Христоски и Димче Азески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Владо Недески. Пред започнувањето на богослужбата, Митрополитот Тимотеј го произведе Горан Андрееевски во чин чтец. На Литургијата присуствуваа мноштво верници, кои речиси без исклучок пристапија кон светиот Путир и се причестија со светите крв и тело Христови. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верното стадо со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.

affiliate link trace | 2021 New adidas YEEZY BOOST 350 V2 "Ash Stone" GW0089 , Ietp

Повеќе...

„Архистратизи Божји, служители на Божествената слава, на ангелите началници, и на луѓето наставници, просете го за нас она што е полезно, и милост голема, како бесплотни архистратизи“ (кондака на Собор на св. Архистратиг Михаил и на другите бесплотни Сили).

На 21.11.2011 година, денот кога го прославуваме празникот Собор на св. Архангел Михаил и на другите бесплотни Сили, во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид беше отслужена света архиерејска Литургија, на која началствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритите Нектариј и Јосиф, јеромонахот Григориј, свештеникот Горан Ставрески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати со пригодно слово, а потоа беше прекршен и празничниот колач.

Best Authentic Sneakers | Air Jordan 1 Low White/Black-Midnight Navy For Sale – Fitforhealth

Повеќе...

Според учењето на Црквата, сиот човеков принос на Бога во Евхаристијата поминува низ рацете на Епископот, кој според зборовите на св. Игнатиј Богоносец, „е на местото Божјо“, односно на местото Христово, бидејќи е „слика Господова“, односно „икона Христова“. Водејќи се од овие зборови на светите отци и будно чувајќи ги, и нашата света Македонска православна црква отсекогаш поставувала богомудри водачи на својот народ.

Дебарско-кичевската епархија оваа година го слави големиот Јубилеј - 30 години од доаѓањето на својот духовен водач и настојател, Митрополитот Тимотеј. Радоста, пак, беше уште поголема и поради пуштањето во употреба на новиот Административен центар на Дебарско-кичевската епархија.

Running sports | Women's Nike Air Jordan 1 trainers - Latest Releases , Ietp
Повеќе...
Страница 243 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јули 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
29 30 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2