„Денес, Богомајко, ние верните луѓе светло празнуваме, штитени од твоето доаѓање и, гледајќи кон твојот пречист лик, умилно говориме: Со твојот чесен омофор покриј нè, и од секакво зло избави нè, молејќи Го твојот Син, Христа нашиот Бог, да ги спаси душите наши“.

На ден 14.10.2011 година го прославуваме празникот Покров на Пресвета Богородица и си споменуваме за чудото во храмот на Пресвета Богородица во Влахерна, во Цариград. По повод овој празник беше отслужена света архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на свештениците Никола Христоски и Горан Ставрески и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Литургијата беше отслужена во капелата во резиденцијата на нашиот Митрополит Тимотеј, која е и посветена на овој голем празник. Ова празнување нека нè потсети на постојаното покровителство на Пресвета Богородица и да запомниме дека кога и да го бараме нејзиното покровителство, тој нејзин покров, секогаш ќе нè покрие и заштити од сите наши непријатели.

affiliate tracking url | M2k Tekno

Повеќе...

На ден 04.10.2011 година (вторник), Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, заедно со секретарот на Епархијата, свештеник Игор Никовски, беа во посета на с. Мраморец, Охридско. Селото се наоѓа на 1200 метри надморска височина, а поради далечината и условите, луѓето одамна се иселиле од него. Но, и покрај тоа што луѓето кои потекнуваат од ова село живеат на други места, тие со голем труд и посветеност се ангажирале да го обноват селскиот храм „Св. Никола“, а тоа и успешно го направиле. Околу храмот е направена дренажа, обновена е камбанаријата, направен е нов фрескоживопис во целиот храм, а истиот е убаво ограден со камена ограда. Работите продолжуваат со конзервација на иконите и иконостасот и се надеваме дека за кратко време, со пожртвуваноста со луѓето од овој крај, храмот ќе биде доведен во соодветна употреблива состојба.

                                                           

свештеник Никола Христоски
Повеќе...

На 30.09.2011 година го прославуваме споменот на светите мч-чки Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија. Овие свети маченички, не само што ги носат имињата на трите најголеми христијански добродетели, туку, полагајќи ги своите животи за Христа, се и вистински пример за секој еден христијанин како треба да се живее според нив. Во нивна чест, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на кој чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј (Најдоски), протоереј Сашо Богданоски, свештениците Љупчо Симиџиески, Игор Никовски, Никола Христоски и Горан Ставрески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. По завршувањето на Литургијата Митрополитот Тимотеј се обрати кон присутните верници со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

latest Running | Air Jordan Release Dates 2021 + 2022 Updated , Ietp

Повеќе...

„Ти, Кој доброволно на Крстот се искачи, на Твојот нов народ што го носи Твоето име, дарувај му ги Твоите добрини; дај му сила на Твојот народ набожен, давајќи му победа на непријателите, имајќи го за помош Твоето оружје на мирот, непобедливата победа“ (кондак на Воздвижение на чесниот Крст).

Знаејќи ги и верувајќи во зборовите на Црквата дека „Крстот е чувар на сета вселена...слава на ангелите и рана за демоните“ многуброен верен народ дојде на денот (27.09.2011) кога го прославуваме празникот на Воздвижение на чесниот и животворен Крст (Крстовден) во манастирот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Рајчица, Дебар, за да учествува на светата архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Партениј, еромонасите Доситеј, Макариј и Јосиф, свештеникот Игор Никовски и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. По завршувањето на Литургијата беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верното стадо со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.

affiliate tracking url | NIKE AIR HUARACHE

Повеќе...

„Раѓањето твое, Богородица Дево, радост и јави на целата вселена, зашто од тебе засветли Сонцето на правдата – Христос нашиот Бог, и, откако ја разурна клетвата, благослов ни даде, а кога смртта ја уништи, вечен живот ни дарува“ (тропар на Рождество на Пресвета Богородица).

Празникот на Рождество на Пресвета Богородица, и оваа година, торжествено и со сите почести беше прославен во манастирот „Пресвета Богородица – Пречиста“ во Кичево. Во чест на Мајката Божја беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј-ставрофор Ѓорѓи Лапоски, протоереј-ставрофор Тоди Јован од Поградец, Р. Албанија, протоереј, Војне Ристески, свештениците Игор Никовски, Сашо Ристески и Никола Христоски и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. На светата Литургија беа присутни и Неговата Екселенција, Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов, градоначалникот на Кичево, г-дин Благоја Деспотоски, пратеникот г-дин Антонио Милошоски, како и повеќе видни личности. По завршувањето на Литургијата беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројните верници со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Best Nike Sneakers | Jordan Ανδρικά • Summer SALE έως -50%

Повеќе...
Страница 245 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јули 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
29 30 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2