
По повод големиот национален празник Илинден и црковниот спомен на св. пророк Илија (02.08.2011) беше отслужена света архиерејска Литургија во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во мијачкото село Лазарополе, на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски Стефан, во сослужение на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј (надлежен епархиски архиереј), Митрополитот Повардарски г. Агатангел, архимандрит Партениј (игумен на Бигорскиот манастир), протоереј Зоран Грозданов од Велес, еромонасите Макариј и Јосиф, свештениците Благоја Спироски и Игор Никовски, протоѓаконот Антоние Дујоски и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. Присуството на многубројниот верен народ, како и прекрасните гласови на сестрите од манастирот во Рајчица, придружувани од големиот пријател на македонскиот народ, протопсалтот Панајотис Сомалис од Атина и учениците и студенти богослови од Македонската православна црква кои го негуваат старомакедонското црковно пеење, ја направија Литургијата уште поторжествена и величествена. Благодарение, пак, на грижата на црковниот одбор и братството од Бигорскиот манастир, храмот заблеска исто како и пред 170 години.
affiliate tracking url | Nike Air Force 1'07 Essential blanche et or femme - Chaussures Baskets femme - Gov