На 19.01.2016 година, кога го прославуваме големиот празник на светото Богојавление на нашиот Господ Исус Христос - Водици, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноаначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, свештениците Димче Азески и Ѓорѓи Блажевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Голем Богојавленски водосвет, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон мноштвото верни со пригодна беседа, која подолу во целост ви ја пренесуваме.

latest Nike Sneakers | Sneakers Nike Shoes
Повеќе...

„На осмиот ден од Христовото раѓање, достојно му се придружи и сеславниот спомен на светителот (Василиј). Почитувајќи го неговиот спомен со вера, ние Го воспеваме Господа и Го превозносиме во вековите“ (песна од канонот на Утрена на Обрезание по тело на Господ Исус Христос и св. Василиј Велики).

 

На 14.01.2016 година, денот кога го прославуваме празникот Обрезание по тело на Господ наш Исус Христос и на светиот Василиј Велики, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Никола Христоски, свештениците Владо Недески и Љупчо Бакрачески и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а потоа беше отслужен и Молебен за благосотојба и благослов од Бога во Новата Година. Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Nike Sneakers Store | Air Jordan
Повеќе...

„Разгорен од ревноста за љубовта Христова и откако ја фрли облеката за борба, исполнет со вера и со Божествениот Дух, првомаченикот ја потврди за сите богомудрата проповед на рибарите“ (песна од Канонот на Утрена на свети Првомаченик Стефан). 

 

На 09.01.2016 година, денот кога го прославуваме споменот на светиот апостол, првомаченик и архиѓакон Стефан, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, свештениците Васко Голабоски, Петре Бојчиноски и Љупчо Бакарачески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Христијан Костоски. По завршувањето на Литургијата беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон присутните верници со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Sneakers Store | Men’s shoes
Повеќе...

На 08.01.2016 година, на празникот Собор на Пресвета Богородица, во храмот „Пресвета Богородица - Челница“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Никола Христоски, свештениците Димче Азески, Горан Ставрески, Владо Недески, Ѓорѓи Блажевски и Љупчо Бакрачески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј ги поздрави присутните со пригодно слово. 

bridgemedia | jordan Release Dates
Повеќе...

Родениот ден на Спасителот и Заштитникот на најмладите, го прославија и му се израдуваа и дечињата од нашата Епархија, кои беа топло пречекани од Дедо Владика. Имено, на 07.01.2016 година, во просториите на Дебарско-кичевската епархија, Митрополитот Тимотеј приреди прием за свештенството од нашата Епархија, а најмногу се израдуваа дечињата, кои со радост му го честитаа Божик на Митрополитот Тимотеј, а Дедо Владика им подари пакетчиња, возвраќајќи им на радосниот поздрав: Христос се роди!

 

Best Nike Sneakers | Nike Shoes, Clothing & Accessories
Повеќе...
Страница 173 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јули 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
29 30 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2