„Радувај се, свештени уме, чисто живеалиште на Света Троица, црковен столбу, тврдино на верните, помош на поразените, ѕвездо која со твоите од Бога примени молитви постојано ги разоруваш опасностите и мракот на болките, светителу Николае; тивко пристаниште во кое се спасуваат оние што ги носи животната бура: Моли Го Христа, да им даде на душите наши милост голема“ (стиховна стихира на Вечерна на свети Николај Мирликиски).
На 19.12.2015 година, денот кога го прославуваме споменот на светиот Николај Мирликиски Чудотворец, великиот ревнител за вистинската вера, во храмот „Св. Никола Геракомија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, свештеникот Љупчо Симиџиески, еромонасите Доситеј и Макариј, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. Пред многубројниот верен народ, кој речеиси без исклучок пристапи кон светиот Путир, Митрополитот Тимотеј се обрати со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј им подели нафора на верните чеда.
Authentic Nike Sneakers | 【国内4月発売予定】プレイステーション5 × ナイキ PG5 PS EP 全2色 - スニーカーウォーズ