„Сега сите да го воспееме јерархот, пастирот и учителот на луѓето во Македонија, откако со вера пристапивме во неговиот дом, и да го целиваме неговиот свет и божествен гроб, викајќи: Отче богомудри, ти си нашиот и пастир и учител; не престанувај да го чуваш прилежно твојот град, зашто, надевајќи се на твоите молитви, како топол застапник те одбележуваме" (икос на празникот на свети Климент архиепископ Охридски и Чудотворец).
Празнувањето на големиот светител Климент започна на 07.12.2014 година, со свечена Вечерна богослужба во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон" на Плаошник во Охрид, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, протоереј Димче Ѓорѓиески, свештениците Никола Христоски, Димче Азески, Владо Недески и Ѓорѓи Блажевски и ѓаконот Сашо Целески.
Nike air jordan Sneakers | Air Jordan Retro - 2021 Release Dates + Preview , Fitforhealth