„Откако вкуси од дрвото (забрането), првиот човек стана подложен на распадливоста; срамно осуден да го загуби животот, тоа зло му го пренесе и на целиот род човечки, како лепра што го разјадува целото тело. Но, ние, родените на земјата, откако го најдовме крсното дрво за наше спасение, викаме: Највоспеан Боже на татковците, и наш, благословен си“ (песна од канонот на Крстовден).

Nike Sneakers | Nike Air Max 270
Повеќе...

На ден 19.09.2014 година, Митрополитот Тимотеј, во просториите на административната зграда на Дебарско-кичевската епархија, со седиште во Охрид, оствари неофицијална средба со Здружението на Лазаристи од Ерусалим, предводени од проф. д-р Лазар Лазаров и г-дин Љупчо Арсовски. Групата ја сочинуваа членови од повеќе европски држави, меѓу кои имаше и претставници од Римокатоличката црква.

 

url clone | BAPE adidas Superstar Green Camo GZ8981 Release Date - SBD
Повеќе...

„Воскликни Давиде, што ти се заколна Бог? Она што ми се заколна, рече тој, веќе и го исполни: Оној што од плодот на мојата утроба ја даде Дева, од неа се роди Творецот Христос, новиот Адам – Царот на мојот престол. Он царува и денес, и има царство непрестајно; неплодна (жена) ја раѓа Богородица и, на нашиот живот – хранителката“ (прв седален на Утрена на Рождество на Пресвета Богородица).

Пресветлиот Бог, Кој управува со небото и земјата, и кој ги менува природните закони, денес ја отвори утробата на неплодната Ана и неплодната земја – богоплодна ја покажа. Денес се роди втората Ева, која древната клетва и осуда ќе ја избрише, и ја поправа грешката на прамајката, а со раѓањето на Синот Божји, станува мост кон Создателот и нè измирува со Бога. Затоа и сите ние непрестајно го бараме Богородичното застапништво и деноноќно го величаме името на Пречистата, а таа, пак, нè покрива со својот омофор и Го моли својот Син за нас.

Nike sneakers | Patike – Nike Air Jordan, Premium, Retro Klasici, Sneakers , Iicf

Повеќе...

На 15.09.2014 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј-ставрофор Сашо Богдановски, протоереј Димче Ѓорѓиески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, го освети камен-темелникот за новиот конак во манастирот „Св. Стефан“ во Охрид. Со изградбата на овој конак, манастирот ќе ги зголеми своите капацитети за прием на верници, но и самиот ќе го збогати својот лик, како еден од најпосетуваните манастири во нашата епархија.

Best jordan Sneakers | Women's Designer Sneakers - Luxury Shopping

Повеќе...

На 14.09.2014 година, во Четиринаесеттата недела по Педесетница и на празникот на Преподобниот Симеон Столпник и на преподобниот Исус Навин, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Темелко Донески, свештеникот Васко Голабоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, изврши осветување на новоизградениот храм, посветен на светиот пророк Илија, во село Глобочица, Струшко. Храмот започна да се гради на 18.09.2011 година, а се изгради со донациите од локалното население и од сите добронамерни верници од пошироката околина. Оваа година, селото прослави и педесет години од неговото потопување и потопувањето на стариот храм. Откако храмот беше осветен, се отслужи и света архиерејска Литургија, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Running sports | Air Jordan 1 Retro High OG 'University Blue' — Ietp

Повеќе...
Страница 196 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јули 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
29 30 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2