На Педесетница – Духовден, во црквата „Света Троица“ во Охрид, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на повеќемина свештенослужители отслужи света Литургија. По завршувањето на Литугијата, според типикот на Црквата се отслужи и Вечерна богослужба. После завршувањето на богослужбата, Владиката заедно со останатите свештенослужители излегоа во дворот на црквата каде што се изврши мал Водосвет и се благословија и прекршија празничните лебови. Кон верниот народ Владиката се обрати со празнично слово кое интегрално ви го пренесуваме.

 

spy offers | Sneakers Nike Shoes

 

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

Драги браќа и сестри,

Денеска светата Православна црква го прославува празникот Педесетница, односно педесетиот ден по славното Христово воскресение, т.е. настанот што се случи десеттиот ден по Христовото вознесение. Денес Господ Исус Христос го исполни Своето ветување, што го даде на светите апостоли пред спасоносното вознесение, кога примената човечка природа, чиста и без грев каква што беше создадена, ја вознесува на небото и ја постави од десната страна на Бога Отецот, бидејќи беше создадена според образот и подобието на Бога.

На овој ден Христовите ученици, заедно со Мајката Божја, се наоѓале во постојана молитва во Сионската горна соба, каде што престојувале некое време, молејќи се и созерцавајќи ги делата на својот Учител Господ Исус Христос, а особено за Неговото тридневно воскресение, за безбројните чудеса и последното Негово чудо: Неговото вознесение на небесата и славните ветувања на учениците. И додека тие престојувале во горната соба, одеднаш настанала голема бучава од небото, како да дува силен ветар, и се покажал над нив Светиот Дух во вид на огнени јазици. И апостолите биле напоени од Светиот Дух и почнале да зборуваат на многу јазици, како што им давал Духот Свети. Бидејќи Ерусалим на овој ден бил исполнет со многу различни народи, кои меѓу себе не се разбирале, а биле дојдени да ја прослават старозаветната Педесетница, апостолите почнале да им проповедаат на нивните јазици, за силата и чудата на вистинскиот Бог Господ Христос, Кој се родил од Дева, проповедал, правел чуда, бил распнат и по три дена воскреснал, се вознел на небото и седнал од десно на Бога Отецот, а денеска им го испраќа Духот Свети, Кој ги облагородува и просветлува и утврдува со благодатта да го проповедаат Евангелието на сите можни јазици. И сите присутни, пак, се восхитувале и чуделе прашувајќи се: “Што може да биде ова?” (Дела 2 глава).

Спасителот на апостолите на Маслиновата Гора пред самото Негово вознесение, им го ветил доаќањето на Светиот Дух, велејќи: “А вие седете во Ерусалим додека не се облечете во сила одозгора”. Тој слегол врз светите апостоли и ги исполнил со Својата благодат, ги облекол во сила од висините и потполно духовно ги препородил, и ги зацврстил во верата. Така тие од прости луѓе, рибари, занаетчии и дрводелци, најобични луѓе Галилејци, станале познавачи на различни јазици – полиглоти; некогашните страшливци, кои дури и својот сакан Учител го оставиле поради стравот од Јудеите, се разбегале кој каде што знеел, во онаа страшна Гетсиманска ноќ, сега за миг постануваат бестрашни борци и проповедници на богочовечката наука на Спасителот. Така Христовите апостоли станале водачи на дотогаш нечуена и невидена револуција, која со новата божествена наука и новите евангелски закони на љубов, милосрдие и простување, го препородила стариот многубожечки и робовладетелски свет и на нивно место соѕидала нов христијански слободен свет, во кој напредокот и културата на човештвото доживува прогрес во сите полиња.
Благодатта Божја, која со Светиот Дух се излива врз Христовите апостоли и денес се наоѓа во светата Христова Црква, и преку нејзиното свештенство и Светите тајни се разделува на децата Божји. Така Црквата Божја на денот на своето раѓање постанала непресушен извор на благодатта Божја, со која сите нејзини деца, сите крстени души, христијански се хранат и со таа духовна храна се спасуваат од гревот, злото и вечната смрт.

Да не заборавиме, драги браќа и сестри, дека нашето спасението не е само Божјо дело, туку тоа треба да биде и наше дело. И ние како луѓе треба да сакаме и да се трудиме да бидеме спасени и избавени, се разбира со благодатта Божја. Светиот апостол Павле во едно од своите посланија вели дека светот лежи во зло. Повеќе свети учители на Православната црква прават споредба за желбата и волјата кај луѓето - како човек кој е паднат во длабока провалија и самиот не може од истата да излезе. Тој плаче и бара помош, и се наоѓаат сожаливи луѓе, кои му ја пружаат помошта спуштајќи цврсто јаже за да го извлечат. Но, ако тој не сака да го фати јажето и не сака цврсто да се држи за него, за да не падне, тогаш не можат само желбите и волјата на другите да му помогнат. Така е и со благодатта Божја. Таа на сите ни се нуди, но ние треба да ја сакаме да ја примиме и да ја сочуваме во нас, ако сакаме нејзината помош во нашиот живот да ја почувствуваме, за да бидеме избавени и облагородени за вечен живот.

Затоа, драги христијани, да ги украсиме нашите христијански души со добродетелите, со вера, надеж и љубов, но со цврста вера, постојана надеж и делотворна љубов. Сето тоа може да се постигне со голем труд и тоа бара жртва и кон Бога и кон луѓето, која што треба да ја храниме постојано со Божја благодат, која и денеска, како и на Педесетница врз апостолите, изобилно се излева врз сите деца Божји, па и ние со своите сили и своите напори, како и оној несреќник од провалијата, ќе се спасиме од гревот, злото и вечната смрт, и ќе го наследиме Божјото царство.

Да се помолиме Господ оваа своја благодат да ја излее и врз нашите души и тела, за да можеме вистински и достоинствено како христијани, и како што ни доликува и приличи, да го славиме и величаме триединиот Бог, Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во сите векови. Амин.

Црква “Света Троица”, населба Радојца Новичиќ – Охрид
07.06.2009 година.

DSC 9104

DSC 9104

DSC 9104

DSC 9104

DSC 9104

DSC 9104

DSC 9187

DSC 9187

DSC 9187

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Април 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3