Верата без дела е мртва.

Искрената вера секогаш се потврдува со вистински дела. За тоа сведочат црквите кои постојано се градат по нашите села и градови, во кои верниот народ соборно го слави и му благодари на семилостивиот и човекољубив Бог. А тоа раѓа неискажлива радост во секое богољубиво срце. Таква радост се случи и на 01. август 2009 година кога се освети црквата „Раѓање на Пресвета Богородица“ во с. Злести, Општина Дебрца – Охридско. На чинот на осветувањето чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, игумен на манастирот „Свети Наум Охридски“, парохискиот свештеник Душан Јордановски, свештеник Игор Никовски, секретар на Дебарско-кичевската епархија и ѓаконите Димче Азески и Николче Ѓурѓиноски. По осветувањето на новоизградената црква се служеше и света архиерејска Литургија, на која Митрополитот Тимотеј кон верниот народ се обрати со пригодно слово, кое ви го предаваме во целост:

Adidas shoes | adidas sold 1 million dollars today Enflame Release Date - raw amber nmd laces

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух. Амин.

Драги браќа и сестри,

Како што знаеме Господ го создал човекот вечно да престојува во рајот, но, поради неговата непослушност тој бил истеран од рајската градина и бил задолжен со пот и мака да ја обработува земјата и да го вади лебот и на тој начин да се прехранува. Преку гревот на нашите прародители доаѓа и смртта како последица на истиот. Но, милоста Божја и љубовта кон човечкиот род, Бог ја покажал од самиот почеток и им ветил дека ќе им испрати Спасител и Утешител, и кој поверува во Него да има живот вечен. Тој го испраќа својот Единороден Син Господ Исус Христос преку раѓањето од Пречистата Дева Марија, Тој ќе го проповеда Словото Божјо, ќе поучува во села и градови, ќе прави чуда, ќе лекува од секакви болести, ќе воскреснува мртовци а сè со желба луѓето да ги увери во науката Божја и да им го покаже патот по кој да одат ако сакаат да се спасат. По своето страдање, распнување и воскресение Господ Исус Христос ќе ја основа и Црквата своја, која се рамножува преку многуте цркви и манастири по севкупната вселена во кои се принесуваат молитви и се вознесуваат славословија на Бога.

Како што слушаме од Светото Евангелие, Господ ја создал Црквата и дал ветување дека ниту вратата на пеколот нема да ја надвладее. (Мат. 16, 18). На Црквата Бог и дал клучеви од Царството. На Црквата Бог и дал право да им ги раздава на верните чеда неизменливите божествени добрини. Во храмот, Божјите очи и срце престојуваат постојано (3 Цар. 9, 3). Тука Господ го пројавува своето благодатно присуство преку Неговиот повик кон сите што ги љуби со гласот: „Дојдете при Мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам“ (Мат. 11, 28). Од што ќе не успокои? Од животните беди, од тешките гревови и душевните страдања. Не само тоа. Тој не само што ќе не успокои, туку ќе ни даде и утеха и олеснување на секоја христијанска душа, која страда и е натажена, и ќе и' даде милост и потребната Божја помош.

Светото Писмо и Светото Предание, историјата на Црквата Христова, и религиозното искуство, сведочат за тоа дека во храмот Божји луѓето се удостојуваат со благодатната помош Божја. Праведната Ана мајката на пророкот Самоул, примила благодат во храмот и постанала плодна од неплодна. Исто така, пророкот Захариј и Елисавета во храмот ја примаат веста дека нивната неплодност е исчезната. Марија Египетска, големата грешница, ќе се удостои со дарот на покајание во тремот на храмот. Многумина примаат дар на исцеленија во храмот. И денеска се точат многу дарови на милоста Божја во храмовите, бидејќи благодатта Божја секогаш престојува во храмовите. Со своите молитви Црквата го осветува нашиот овоземен живот. Таа е силна не само да ја олесни нашта тешка задгробна состојба, но е овластена да ни ги отвори и затвори дверите небесни според дадената и' сила од Господа: „сè што сврзете на земјата, ќе биде сврзано и на небото; и сè што разврзете на земјата, ќе биде разврзано и на небото“. (Мат. 18, 18).

Според волјата на Бога Отецот и на нашиот Господ Исус Христос, нашиот пат кон вечен и блажен живот поминува преку храмот Божји. Во храмот Божји е утврдена скалата која нѐ води во Царството Небесно. Во храмовите сè не потсетува на небото, сѐ го вознесува нашиот ум и срце кон Бога: и архитектурата на храмовите, и фрескоживописот, и богослужнието, и светите икони, и дејствијата и обредите - сето зборува за горното, сè го повикува човекот да се возвиши. Храмот Божји - тоа е место кај што се извршуваат светите Тајни, тоа е училиште на верата и благочестието, кои се проповедаат во името на Бога, кои се раздаваат во Негово име од престолот Божји, преку богоизбранте свештенослужители во Црквата.
Во храмот Божји ние имаме среќа да се молиме. Молитвата - тоа е нопходен услов за да се прими благодатта Божја. Можно е и потребно е да се моли човек и дома, но домашната молитва може да биде студена и слаба. Во храмот Божји, молитвата од секој нас е поткрепена и се затоплува со општата христијанска молитва, со молитвата на богопоставените свештенослужители, и најглавна е бескрвната жртва за време на Литургијата. Во храмот молитвено се соединува земната и небесната Црква. Со една уста и со едно срце да го славиме Господа, и да Му се молиме за простување на нашите гревови, да ни ги дарува големите и богатите милости Негови.

И денеска кога го осветивме овој нов изграден манастир посветен на Рождеството на Пресвета Богородица и овој празник денешен посветен на преподобната Макрина, сестрата на свети Василиј Велики, тоа не е спомнување само на едно историско збиднување за постоење на Божјите угодници туку има и духовна смисла, затоа што ни напомнува на зборовите на светиот апостол Павеле дека секој човек - е храм Божји, и дека Духот Божји во нас живее (1 Кор. 3, 16). Да си поставиме прашање: Каков е нашиот храм? Не е ли затрпан со камења, не ли осквернет со лоши дела? И црквата со зборовите на богослужението денес нè повикува: Обновувајте се браќа, и стариот човек оставете го, во нов живот живејте...; И себе си воздигнувај се човече и биди нов место стар и во душата празнувај и обновувај се додека си жив.

Да се помолиме на светата мајка Божја на кого е посветен овој храм, таа да биде наша молитвеница и застапничка со нејзините молитви пред нејзиниот Син Гопосд Исус Христос, да ни ја зацврсти нашата вера, да ни ја умножи љубовта православна, да ни ја утврди правдата и да ги облагороди нашите души и срца, та секогаш да го славиме и исповедаме името на нашиот Спасител и да го добиеме ветеното царство што го приготвил за секоја христијанска душа, што го исповеда и живее според законот на нашата света Црква.

На сите приложници, настојатели, украсители, одборници, помагачи и на секоја христијанска душа, што помогнала да се изгради овој свет храм од името на МПЦ и од нашата епархија ви искажуваме топла благодарност а од света Богородица и од Господа Христа им посакуваме да им подари сè што е спасоносно за нивните души тела. Благослов и благодатта Божја да дојде врз сите вас, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.
Црквата „Раѓање на Пресвета Богородица“ е започната да се гради во 2000 година, по проект на Драган Танески. Иконостасот е дело на Гоце Трајчески, фрескоживописот го изработи Васе Чуркоска, додека иконите на иконостасот се дело на Љупчо Дескоски.

DSC 1350

DSC 1350

DSC 1350

DSC 1350

DSC 1350

DSC 1350

DSC 1350

DSC 1350

DSC 1350

DSC 1350

DSC 1350

DSC 1350

DSC 1350

DSC 1350

DSC 1350

DSC 1350

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Април 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3