Светло прославувајќи ги светите рамноапостолни солунски браќа, Кирил и Методиј, богоносните отци и работници на лозјето Христово, денес се радуваат сите словенски народи, меѓу кои е и нашиот македонски род. А и како да не се радуваме кога Сесловенските и македонски просветители нè избавија од ропството на незнаењето и многубоштвото, и ни го дадоа неицрпниот извор на вода, која тече во живот вечен. 

 

По повод овој голем празник, висока црковно-државна делегација беше во посета на Рим, вечното почивалиште на светиот Кирил Солунски, каде со повеќе пригодни свечености беше одбележан празникот на светите браќа. Празнувањата започнаа ден порано, на 23.05.2016 година, со отворањето на изложбата Св. Климент Охридски и неговите претстави во ликовната уметност, која беше поставена во просториите на Понтификалниот универзитет „Урбанијана“, а беше организирана од страна на НУ Завод и Музеј Охрид. На отворањето на изложбата, свои обраќања имаа Претседателот на Собранието на Р. Македонија, г-дин Трајко Вељаноски, како и Министерката за култура на Р. Македонија, г-ѓа Елизабета Канческа Милевска. Вечерта заврши со извонредниот концерт на гитаристот Дарко Багески.

latest Nike Sneakers | Nike Shoes

 

Чествувањата на светите браќа продолжија денеска, на гробот на светиот Кирил во базиликата „Сан Клементе“, каде што беше отслужен Молебен на светиот Кирил, а на кој чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на Митрополитот Европски г. Пимен, протоерејот Никола Христоски, игуменот Јаков и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Молебенот особено го разубави студентскиот хор, кој го сочинуваа студентите од колеџот Русикум во Рим. На Молебенот присуствувaше целaтa цркoвнo-држaвнa делегaцијa, меѓу кoи и декaнoт нa ПБФ "Св. Климент Oхридски" Скoпје, г-дин Ѓoкo Ѓoрѓевски, кaкo и поголем број наши иселеници во Италија. По завршувањето на истиот, Митрополитот Тимотеј се обрати кон присутните со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

 

Митрополит Тимотеј

 

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

 

Христос воскресе!

 

Драги браќа и сестри,

Наоѓајќи се во овие Велигденски празнувања, ние, во исто време, го празнуваме и празникот на големите сесловенски свети браќа Кирил и Методиј. Светлото Христово Воскресение е централен настан на нашата Црква, вера и на нашето спасение. Господ Исус Христос се жртвуваше за човечкиот род. Се жртвуваше со крстно страдање. Според тогашните римски закони, беше осуден како најголем грешник и престапник. Но, Он, во третиот ден, славно и победоносно воскресна. Ја основа Неговата света Црква, ги утврди во верата Неговите следбеници – апостоли, а преку апостолското преемство, силата Божја, како небесна благодат, ја раководи Црквата Божја.

 

Св. ап. Павле, во посланието до Коринтјаните вели: „И така, возљубени, имајќи вакви ветувања, да се очистиме од секаква скверност на телото и духот, па да твориме дела свети и со страв Божји" (2. Кор. 7, 1). Овие зборови на апостолот на народите се вечна порака. Порака што не застарува. Тоа е повик насочен кон секое човечко битие. Порака којашто му го покажува патот по кој треба да се оди во текот на овоземниот живот. Исполнувајќи ја таа порака, човекот се здобива со можност, во неговото срце и душа да влезе силата Божја, односно Духот Животворен. Од практичниот живот знаеме дека ниту еден разумен човек нема да се всели во нечист дом. Најпрво, ќе се потруди да го исчисти, вароса, да го спреми за живеење, па дури потоа да се всели и да живее во него. Ако ние, како луѓе со слабости и недостатоци, како услов за наше вселување бараме да биде чисто, тогаш колку повеќе силата, енергијата Божја, поставува услов и бара од нас, нашите срца, нашите души, па и севкупното наше битие да биде очистено, просветено и погодно место за пребивање на Божјата благодат. Затоа, нашиот Спасител, преку устата на овој боговдахновен апостол, нè повикува да ја очистиме секоја нечистотија од нашето тело и душа. Уште старозаветниот мудрец вели: „Почеток на мудроста е стравот Господов; добро разбираат сите, што се раководат од него; а послушноста кон Бога е почеток на разбирањето" (Изрек. 1, 7). Така правеле сите старозаветни пророци и мудреци, потоа Христовите апостоли и следбеници, односно, сите свети луѓе.

 

Денеска, го прославуваме св. Кирил Солунски. Овој Божји избраник се потрудил повеќе од сите негови современици. Во страв и побожност го сеел семето Христово кај повеќе народи. Но, особено е заслужен за проповедањето на христијанството помеѓу словенските народи. Како човек кој стекнал високо образование на тогашната Византиска Магнаурска школа, тој, сите негови капацитети ги искористил во ширењето на словото Божјо помеѓу нашите предци. Неговиот пат не бил лесен. Требало да се избори со германското духовништво кое било заробено од тријазичната ерес, односно, светото Евангелие можело да се проповеда само на трите јазици, напишани на крстот, на еврејски, грчки и латински. Св. Кирил ја победил оваа ерес докажувајќи дека сонцето ги грее подеднакво и едните и другите. Делото на св. Кирил и на неговиот свет брат Методиј е епохално и словенските народи ги воведува во културните, просветените, цивилизирани, и пред сè христијанизирани народи уште во IX век. Посебно, пак, Македонскиот народ има причина, повеќе да ги прославува и да ги велича, бидејќи и самите потекнуваат од наши простори.

 

Стоејќи сега пред твојот свет гроб, свети Кириле застапи се со твоите свети молитви пред Севишниот Бог. Застапи се за Македонската православна црква и за Македонскиот народ. Да ги надминеме сите непријатности, внатрешни и надворешни. Та во меѓусебен мир и слога да го славиме името на Севишниот, сега и во сета вечност. Амин!

 

Христос воскресе!

 

Св. Кирил и Методиј

24.05.2016 год.

Базилика „Сан Клементе" – Рим, Р. Италија

 

svkir2016 1svkir2016 2svkir2016 3svkir2016 4svkir2016 5svkir2016 6svkir2016 7svkir2016 8svkir2016 9

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Мај 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
27 28 29 30 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31