„Ти си вистински бесмртен, како што тоа го кажува и твоето име (Атанасиј), зашто ти со твојот збор си ги надминал дејствените (луѓе), победувајќи ги со својот строг живот и опитните говорници: и во двата погледа си ги надминал сите врвови. Затоа, откако болсна со неспоредлива добродетел, се здоби со бесмртен спомен во вековите“ (песна од канонот на Утрена на свети Атанасиј Велики).

 

На 31.01.2018 година, во манастирот „Св. Атанасиј Велики“, метох на манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, на денот на споменот на светите отци наши, и архиепископи Александриски, Атанасиј и Кирил, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г.  Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, протоереј-ставрофор Никола Христоски, свештениците Љупчо Бакрачески и Сашо Целески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Asics footwear | Nike Air Max 270

 

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Драги браќа и сестри,

Изворот на сè е во човековото срце. Сите помисли, добри или лоши, извираат од таму. Светоста или грешноста на човекот зависат од неговото срце. Токму затоа и Црквата веќе повеќе од две илјади години се обраќа кон човековото срце и кон човековиот разум. Во целокупната своја историја, Црквата ги повикува луѓето да ја сочуваат верата и верноста кон Христа.


Денеска го прославуваме св. Атанасиј Велики, кој верно Му служел на Господа. Во светото Евангелие според Јован се вели: „Кој Ми служи Мене, нека врви по Мене" (Јн. 12, 26). Овие зборови треба постојано да одекнуваат во нашите глави. Не е возможно да Му се служи на Господа, да создаваме привидна надворешна хармонија на црковен живот и љубов, или, пак, создавање културни вредности, ако ние не Го следиме Христа. Животот што би го создавале, би се отуѓувал од следењето на Христа. Отуѓени од Христа, се оддалечуваме од Божјиот извор и ги разрушуваме врските со општите духовни наследства, односно, ги разрушуваме врските со Божјото откровение. Во таков случај, во човековиот живот можат да се појават најгнасни богохулства и други непријатности. За жал, некои, тие богохулства ги третираат и ги нарекуваат – културни достигнувања.


Кој Ми служи Мене, нека врви по Мене! Овој позив се однесува на сите христијани. Сите се обврзуваме дека ќе Му служиме на Господа, но, должни сме да знаеме што е тоа да Му се служи на Господа? Ако не Го следиме Господа, ќе бидеме како бакар, што ѕвони, или кимвал, што ѕвечи (1. Кор. 13, 1). Следењето на Христа значи познавање на она што учел Господ Исус Христос. Но, не само да се примат Неговите заповеди, туку, со срце и со ум да се мотивираат нашите постапки во доброто, следејќи го религиозното убедување, вкоренето во православното предание. Следењето на Христа, неретко означува да се оди против моменталното расположение и убедување на луѓето. Честопати може да не бидеме разбрани од другите, понекогаш, дури и исмејувани, клеветени, па и дискриминирани. Сите овие појави биле присутни во две илјади годишното искуство на Црквата Христова, и ништо ново нема ни денес. Следењето на Христа, значи да Го примиме со сето срце и да живееме според Неговите заповеди.


И св. Атанасиј Велики, уште од најрана младост, се одлучил да Го следи Христа со сето срце и со сиот ум. Овој Божји угодник бил обдарен од Бога со извонредни интелектуални способности и, како ѓакон на Александрискиот архиепископ Александар, ќе земе учество на Првиот вселенски собор 325 година во Никеја, денешна Турција. Примајќи Го Христа со чисто срце, Бог ја излил Својата благодат врз него. Воден од Божјата благодат, тој ќе биде еден од главните мислители кои ќе ја формираат и прецизираат догмата за Господа Исуса Христа, а против учењето на неразумниот Ариј. Заради неговата силна и непоколеблива вера, и заради чувањето на вистинското, на правото учење на светата Христова црква, тој ќе претрпи многу прогонства и измачувања, но, од Христа и од вистината никогаш нема да отстапи. Затоа, светата Црква му се оддолжува со давањето на епитетот Велики. Епитет што во својата две илјади годишна историја, го дала само на неколку Божји угодници.


Па и ние денеска, кои се наоѓаме во овој свет храм, како метох на Свети Наум Охридски, а посветен на св. Атанасиј, да се обратиме со искрена молитва кон него. Да ни ја зацврсти верата православна. Да ја умножи љубовта помеѓу нас, па и ние, со чисто срце и бистар ум да Го следиме Господа Христа. Но, не само со зборови, туку и со дела и да спечалиме милост Божја и спасение наше, сега и во сета вечност. Амин!

 

Св. Атанасиј Велики
31. 01. 2018 година
Манастир „Св. Атанасиј Велики" – с. Љубаништа

 

svatanasijzim2018 1svatanasijzim2018 2svatanasijzim2018 3svatanasijzim2018 4svatanasijzim2018 5svatanasijzim2018 6svatanasijzim2018 7svatanasijzim2018 8svatanasijzim2018 9svatanasijzim2018 10 

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Април 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3