На 20.05.2021 година, на денот кога се навршија 40 години од блаженото упокојување на Архиепископот Охридски и Македонски Доситеј, првиот Архиепископ на возобновената Охридска архиепископија во лицето на Македонската православна црква, кој храбро и со силна вера во Бога го презеде духовното кормило на нашпата света црква во своите раце, во храмот „Пресвета Богородица Перивлепта“, во истиот храм каде што беше и неговата интронизација, беше отслужена света заупокоена Литургија, на која началствуваше архимандритот Нектариј, во сослужение на протоерејот Љупчо Симиџиески, еромонахот Никодим и ѓаконот Васил Михајлоски. По завршувањето на Литургијата, беше отслужен и парастос, на којшто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Сашо Богданоски и Димче Ѓорѓиески, протоерејот Љупчо Симиџиески, еромонахот Никодим и ѓаконот Васил Михајлоски. Бог да му ги прости сите прегрешенија на нашиот возљубен и многупочитуван Архиепископ Доситеј, а тој нека се моли пред Престолот на Севишниот Бог, Он да ја води нашата света црква на патот кон спасението. Вечнаја памјат!
Running Sneakers Store | Air Jordan Release Dates 2020