Годинешната централна прослава на патрониот празник на Македонската православна црква, како и на градот Охрид, се одржа во манастирот „Свети Климент и свети Пантелејмон“ на Плаошник, Охрид. Празнувањето започна на 07.XII, со служење на празнична вечерна богослужба со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски, г.Тимотеј во сослужение на повеќе свештенослужители.

 

buy footwear | Nike Off-White

 

svkliment1

svkliment1

svkliment1

Утредента, на 08.XII празнувањето продолжи со служење на празнична утринска богослужба, а по неа света, божествена архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г.Стефан во сослужение на Епископот Хераклејски, г.Климент, архимандрит Нектариј, игумен на манастирот „Свети Наум Охридски“, архимандрит Партениј, игумен на манастирот „Свети Јован Крстител“ – Бигорски како и повеќемина свештенослужители.

svkliment4

svkliment5

Радува фактот што благочестивиот и верен народ беше присутен во огромен број на заедничкото и соборно прославување на заштитникот на нашата земја, на нашата црква, како и на нашиот град, свети Климент, охридскиот чудотворец, кои со вера трпеливо чекаа за да се поклонат пред неговите мошти. Подготвени со пост, молитва и исповед голем дел од нив пристапија и се причестија со светите тајни, односно, со телото и крвта на нашиот Спасител, Господ Исус Христос. Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, гледајќи го своето словесно стадо и поттикнат од љубовта и грижата за нивното спасение, произнесе боговдахновено слово во кое беседеше за значењето на делото и подвигот на свети Климент Охридски.

svkliment5

svkliment5

По тоа, заедно со останатите свештенослужители, Архиепископот Стефан отслужи и молебен пред моштите на овој голем македонски и сесловенски чудотворец и молитвеник.

svkliment5

svkliment5

svkliment5

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Февруар 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
26 27 28 29 30 31 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 1