На 23 април 2009 година (Светли Четврток), во црквата „Свети Јован Богослов“ - Канео во Охрид се служеше света Литургија. Со божествената Литургија чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на повеќемина свештенослужители од Охридското архиерејско намесништво. Кон верниот народ Владиката се обрати со богодахновено слово кое  интегрално ви го пренесуваме:

Sport media | Sneakers



Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот, Синот и Светиот Дух!

Христос Воскресе!

Драги браќа и сестри.

Човечкиот род е создаден од Бога за вечно бесмртно живеење. Но тој принцип е нарушен од нашите прародители Адам и Ева, па така човекот станува смртен. „Преку еден човек гревот влезе во светот, а преку гревот и смртта, и по таков начин смртта премина во сите луѓе“ (Рим. 5, 12). Но, Бог не ја откажа Својата грижа и Својата љубов кон човекот и Својата промисла за спасение на човекот. Уште на прародителите им го наговестува испраќањето на Искупителот, Кој ќе даде откуп за гревовите на Адам и на севкупниот човечки род. (I Мој. 3, 15). Кога се исполни времето Бог, второто лице од Света Троица прими човечко тело, се јави на земјата во човечки образ (Филип. 2, 7), соединувајќи ја во Себе Божјата и човечката природа, стана Син Божји (Јн. 1, 41), и Син Човечки (Мт. 20, 28), односно Богочовек. И како Богочовек доброволно ги зеде врз себе гревовите на светот, па преку смртта на крстот го искупи Адама и сиот човечки род од гревот (Кол. 1, 14), а со Своето воскресение од мртвите ја уништи смртта (I Кор. 15, 56).

Христос победувајќи ја смртта го победил и адот. Ангелот прашува: „Зошто Го барате живиот меѓу мртвите“ (Лк. 24, 5) Христос вели: „Јас живеам и вие ќе живете“ (Јн. 14, 9). Затоа и црквата Христова во Велигденските богослужби пее: „Иако во гроб си слегол, бесмртниче адовата сила си ја разрушил, и си воскреснал како победител Христе Боже“. Велигден е празник на животот и празник над сите празници, зашто Распнатиот воскресна, та секој што верува да има живот вечен (Јн. 3, 16).

Затоа и ние кои во Христа сме крстени во Христа се облековме сретнувајќи се во овие радосни Велигденски денови, се поздравуваме со победоносниот Христијански поздрав: Христос Воскресна и одговараме Навистина Воскресна! Со тоа го посведочуваме Христовото Воскресение и ја исповедуваме нашата вера дека живееме со надеж во воскресението.

Празникот на Христовото воскресение е повик кон сите луѓе и народи да учествуваат во воскресенската победа. Злото, па дури ни смртта, оттогаш немаат власт над нас освен ако самите своеволно не им дадеме простор во нашите души и во нашето живеење. Ослободени сме од ропскиот дух и заедно со Христа сме победници на гордоста, самољубието, омразата и завидливоста.

Воскресението е почеток на обновен живот во Бога. Со такво живеење сите христијани, а особено нашиот македонски народ отпочнал да живее преку проповедта на Свети Климент и Свети Наум Охридски, кои Го проповедале Господа Исуса Христа на оваа наша благословена македонска земја.

И денеска кога го прославуваме светли четврток да се помолиме на воскреснатиот наш Спасител Господ Исус Христос тој да воскресне во нашите души, нашите срца, нашиот разум, во нашите зборови, во нашите постапки, та секогаш и на секое место да Го сведочиме, како вистински Негови следбеници и како такви да го добиеме ветеното царство што го приготвил за секоја благородна и христољубива душа и вечно да пребиваме со Воскреснатиот Господ Христос. Христос Воскресе!

svetlicetvrtok1

svetlicetvrtok1

svetlicetvrtok1

svetlicetvrtok1

svetlicetvrtok1

svetlicetvrtok1

svetlicetvrtok1

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јули 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
29 30 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2