На 26 април 2009 година (Томина недела), во црквата „Свети Никола – Долна Маала“ – Охрид, Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на повеќемина свештенослужители отслужи света Литургија. Кон верниот народ Владиката се обрати со поучно слово кое Ви го пренесуваме интегрално:

Running Sneakers Store | NIKE Chaussures, Sacs, Vetements, Montres, Accessoires, Accessoires-textile, Beaute, Sous-vetements - Livraison Gratuite



Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

Денеска е таканаречена недела на Антипасха и спомен на апостол Тома. Ако си спомнувате браќа и сестри, во првиот ден од Христовото Воскресение, вечерта, се читаше светото Евангелие од Јован Христос по своето Воскресение им се јавил на учениците и им рекол: "Мир на вас"! А учениците се израдувале бидејќи Го виделе Господа. Но евангелистот вели дека помеѓу нив не бил апостолот Тома. А кога тој се вратил, радосните ученици му кажале дека Христос воскреснал и им се јавил. А Тома рекол:"Додека не ги видам раните од клинците на неговите раце, и ако не го ставам прстот мој во раните од клинците, и не ја ставам раката моја во ребрата Негови, нема да поверувам". Со овој стих евангелскиот дел завршува. А денес пак, тоа продолжува, на следниот начин на После осум дена учениците Христови и апостолот Тома биле заедно собрани, и повторно им се јавил Христос и им рекол :"Мир на вас"! Потоа му се обратил на Тома велејќи: "Стави го прстот твој овде и погледај ги Моите раце, подај ми ја твојата рака и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверен туку верувај"(Јн.20,27). Тогаш апостол Тома со восхит, и со чуство на вина затоа што не им поверувал на учениците, рекол:"Господ Мој и Бог мој".

Овие величествени и срдечни зборови, кои ги изрекол апостолот Тома и денес звучат во срцето на секој верник.Тие за нас треба да бидат патеводителна звезда по која ние сме обзрзани да ги ориентираме сите наши дела и мисли.

Во овој ден ние секогаш зборуваме за неверието на апостол Тома. И Господ, по сведоштвото на евангелистот, обраќајќи се кон апостол Тома рекол:"Тома ти поверува заради тоа што Ме виде Мене но, блажени се тиа што не Ме виделе, а поверувале".Тоа се однесува и кон нас драги верници, зашто Господ тоа му го рекол на целото човештво:"Блажени се тие што не видоа а поверуваа, во Господа, Кој воскресна и ја победи смртта со Својата смрт.

Во суштина, милиони и милиони луѓе, а и ние со вас во таа група, расудуваме на истиот начин како и апостолот Тома.Ако видам, и допрам - тогаш ќе поверувам.Тоа е навистина така и тука нема потака потреба од лукавство.Треба да имаме тврда и непоколеблива вера во Господа, за да бидеме подалеку од сите тие расудувања.Но, милиони, луѓе, уште еднаш потенцирам, милиони луѓе расудуваат така како што расудувал апостол Тома, сé додека не го видел воскреснатиот Господ. Тие, за голема жал ја отфрлаат вистината од себе, ја намалуваат и ја осиромашуваат, зашто покрај "ако видам и допрам" има уште некаква мера која на некој начин придонесува човештвото на силно да го отфрла воскресението. Тогаш каде е нашата вера, каде е нашата душа, каде се нашите духовни очи кои би ја виделе таа реалност и би рекле: "Навистина Христос Воскресе"?! Но, за жал човештвото, се труди да се издигне себеси и заедно со тоа осиромашува и се спушта до степен кој понекогаш се нарекува пристап кон решавање на проблемот. А еве нема ниту миг, ниту ден во животот за да човекот не го провери чувството на верата, како некакво мерило во определување на сето она што го опкружува во неговиот живот.

Верата во Христа - тоа е посебно чувство, посебен дар Божји, и посебен благослов Божји кон светот и кон луѓето. Тој благослов Божји човекот сам го отфрлил велејќи: "покажи ми и тогаш ќе поверувам". Нема да поверуваш ни тогаш ако во тебе нема Божја искра, ако немаш срце подготвено и душа отворена за да го сретнеш воскреснатиот Бог.
Заради тоа во денешниот ден драги верници, кога ја слушнавме веста за апостолот Тома, Црквата Христова ни вели: "Разумен човеку, ти поседуваш дар Божји, ти поседуваш образ и лик Божји, зошто го криеш сето тоа? Зошто се претворуваш во слуга (машина)? Денеска има создадено и делуваат многу машини кои можат да мерат и да прогнозираат дури и поточно од човек, поточно ја определуваат мерката како на времето така и на просторот. Но ниту една машина никогаш не може да се радува во воскресението Господово. Таа никогаш не може да ја почувствува благодата Божја, таа благодат која ги допира нашите срца.

Да Му заблагодариме на Господа Кој ни подари не само живот, но и вера и можност за да видиме, слушнеме и да го примаме во душата торжеството и ликувањето на најголемиот празник - светлото Христово Восресение, кое ја отвора вратата кон вечноста и бесконечниот живот. Амин. Христос Воскресе! За многу години.

tomina1

tomina1

tomina1

tomina1

tomina1

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Април 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3