Празникот на светите апостоли Петар и Павел, во Дебарско-кичевска епархија со света божествена архиерејска Литургија беше прославен во истоимениот храм во Кичево. Со божествената Литургија чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит г. Тимотеј во сослужение на архимандрит Нектариј, протојереј Војне Ристески, јереј Стевче Тошески, јереј Игор Никовски и ѓакон Николче Ѓурѓиноски. Верниот народ, кој со пост и молитва се подготвувал пристапи кон светиот Путир причестувајќи се со Телото и Крвта Христова. После завршувањето на Литургијата, Владиката заедно со свештенослужителите излегоа во дворот на црквата каде се изврши мал Водосвет и се благослови и прекрши празничниот леб. Кон многубројниот верен народ, Владиката се обрати со празнично слово кое интегрално ви го пренесуваме.
Nike shoes | Air Jordan Release Dates 2021 + 2022 Updated , Ietp
Митрополит Тимотеј
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
Драги браќа и сестри,
Православната црква денеска прославува еден голем празник, кој е посветен на двајцата первоверховни апостоли Христови Петар и Павле. Кога гледаме со нашите духовни очи, ние со побожност се поклонуваме пред нивното големо и значајно апостолско дело. Тие биле исполнители на волјата Божја: „Одете и научете ги сите народи...“ (Мат. 28, 19). Тие се огнени проповедници на словото Божјо, непоколебливи и мажествени борци за правдата Христова, не плашејќи се ниту од биења, измачувања ниту пак од маченичка смрт, која и двајцата ја претрпсле - по древната црковна традиција - на денешен ден. Апостолот Петар бил распнат, а апостолот Павле пресечен од меч.
Ни се покажува и на нас грешните, слабите и малечки со нешто да се поучиме од светите апостоли, и останува толку да ги прославуваме нивните исклучителни подвизи во името на Христа, бидејќи сите ние живееме во мирнн времиња и секој од нас го исполнува во својот живот тоа мало послушание, што Господ го наложил на секој еден посебно.
Но ние, треба и можеме да се поучиме многу од св. апостоли: не толку според нивните посланија, делови што ги читаме на секоја св. Литургија, туку непосредно од нивните подвизи, и нивните добродетели; да се научиме како својата бесмртна душа да ја сочуваме од гревовните искушувања, да ја украсуваме со духовни убавини, како би застанале пред лицето Божјо како верни чеда на Небесниот Отец.
Апостол Петар бил човек. Кога Господ Исус Христос пред страдањето на тајната Вечера им зборувал на своите ученици дека им претстојат соблазни, жалости и искушенија, ап. Петар изјавил пред сите: „И сите да се откажат од Тебе, јас нeма никогаш да се откажам“. И вие речиси сите ги знаете зборовите кои Господ му ги упатил на ап. Петар: „Вистина ти зборувам на тебе во таа ноќ пред да запее петел, три пати ќе се одречеш од Мене“ (Мат. 26, 33-34).
Ете, петок наутро, одкако го тепале и мачеле Спасителот, по човечка потреба му и било потребно бодрсње и утеха, тогаш верноста на ап. Петар и љубовта кон својот Учител можеле да Го утешат, - но во тие минути ап. Петар на зборовите на слугинката: „И ти си бил со Исуса Назарецот“, трипати се одрекол од Него од страв: „Не Го познавам Човекот за Кога зборувате“ (Мк. 14, 66-72). Се одрекол трипати со клетва!
Тоа е големо паѓање на ап. Петар, уште не обновен со благодата на Светиот Дух! Тој бил уште обичен човек со сите негови слабости и паднал. Но, брзо било и неговото станување. Штом се откажал од Господа во тие мигови брзо се сетил на Христовите зборови што му ги кажал Исус. Ја почуствувал сета тeжина за сторениот грев: „и горко плакал“ како што вели ап. Матеј (Мт. 26, 75). Тоа плачење за својот грев, секогаш е спасоносен на секој грешник, и привлекува милосрдие на Спасителот. Покајувајќи се за сторениот грсв апостолот Петар бил примен од Спасителот пак со достоинство на апостол, од кое достоинство тој се одрекол со одрекувањето на Господа значи тој сам отпаднал со својот грев.
Вие ги слушавте зборовите од Евангелието за тоа како Сиасителот кога им се јавува на апостолите по Воскресенито, трипати го прашува апостолот Петар: „Љубиш ли ме Петре...?“ и ги добил силните одговори: „Ти знаеш дека Те сакам“, три пати Му кажал: „Паси ги јаганците Мои... Паси ги овците Мои“ (Јн. 21, 15-17), Господ му порачал да го пасе словесното стадо, да биде исполнител на Неговата Божествена волја, и создател на Светата Црква Христова на земјава.
Дали и ние не се одрекуваме од Господа? Зар не ги исполнуваме Божјнте заповеди - тоа не значи одрекување од својот Спасител? Но гледајте браќа и сестри сите ние прску устата на нашиот кум кога сме крстени сме ветиле дека сме соединети со Христа, дека ќе живееме со Христа и многу пати сме го повторувале тоа ветување дека ќе Му бидеме верни на својот Господ, кога принесуваме покајание и пристапуваме кон Светата Чаша Христова!
Ако ние останеме да живееме во кал, продолжуваме да носиме во нас злоба, да осудуваме, да завидуваме, да се гневиме продолжуваме да изговараме неумесни зборови, да се осквернуваме со блуд, ако не ја исполнуваме волјата Божја со тоа што устата и срцето ќе ги оградиме од секаква скверност, зар со тоа не го изменуваме својот Господ? И да го видиме примерот на ап. Петар, јасното сознание за своето гревопаѓање и неговото солзно покајание, нè вдахновува и нас, слабите, немоќните секоја минута кога паѓаме во грев, да ги видиме своите гревови и да знаеме за нив да плачеме пред лицето на Оној Кого ние со нашите самоволија Го ожалостуваме.
Еве пред нас е и ликот на ап. Павле. Тој се нарекувал до преобразувањето Савле. Ние знаеме дека бил еден од големите исполнители на законот Мојсеев и за таа ревност бил голем гонител на христијаните. Кога прогледал со неговите духовни очи после чудната средбата со Господа, и кога постанал апостол Павле, тој ги надминал сите останати апостоли со својата ревност во исполнувањето на апостолскиот подвиг. Тој најповеќе претрпел гонсња, тепања, затварања, но никогаш не престанал да Го проповеда Господа Исуса Хрпста распнатиот и Воскрсснатиот. Затоа и светата црква ги нарекува первоверховни апостоли овие двајца.
Да погледнемс како Господ ги повикал овие двајца апостоли. Господ Исус Христос го повикал ап. Петар додека тој заедно со неговите браќа ловел риби на Тиверијадското езеро. Апостол Павле бил повикан на чудссен начин: најпрво го ослепил, за да му прогледаат неговите духовни очи, а потоа му го дал тоа духовно гледање, со кое ап. Павле ги согледал неговите гревови и ја согледал сета сладост да биде слуга на својот Господ Исус Христос.
И нас со вас драги браќа и сестри Господ не повикува кон Себе на најразлични начини и патишта, и со тивкиот Свој глас со Кој Тој зборува на нашата совест и со чудесните јавувања, и со посебните настани во нашиот живот. Понекогаш Господ нè потсетува со некој настан, за да не врати кон Него, со што не потсетува дека нашето гревовно срце нè води во провалија, нè опоменува дека Господ е над сè и ако не се поправиме ќе завршиме во провалија и во вечна смрт. Тој нежен Божји глас често пати ни веди: Опаметете се, поправете се, стоиш на работ од пропаста и не е далеку од тебе падот, и смртта која те води во вечни маки.
Како што знаеме апостол Петар бил семеен човек, имал деца и со него живеела и неговата тешта, ап. Павле бил девственик, безбрачен. Апостол Петар бил прост човек додека пак Павле бил многу учен. Но пред Господа сите се еднакви. Господ ги привлекува кон Себе и учените и простите и женетите и не женетите.
И ние со вас сме различни по нашите положби, по возраст, но сите сме деца на Небесниот Отец. Сите ние имаме бесмртна душа, да ја спасиме на што не повикува Спасителот, а не повикуваат и апостолите Петар и Павел.
Како што знаете јас сум ваш архиереј, вие - мирјани. Секој од нас го носи својот долг ваков или понаков земни труд, едни во семејни обврски други - во работа, едни - постари - други помлади. Но како што се вели во една погребална песна сите ние ќе застанеме во еднакво достоинство пред лицето на Небесниот Отец. Од секого од нас Небесниот Судија и Отец ќе праша само за тоа, како сме го поминале овој земен животен пат, како ја спасуваме нашата бесмрттна душа, како сме одговориле на тој глас Божји кој не вика за вечен и блажен живот.
На тоа дело, на спасение на луѓето, го посветиле своето апостолско делување апостолите Петар и Павле. И ние драги верници во овој светол празник, кога го прославуваме нивното маченичко завршуваље на животот, да ги слушнеме во нашите срца тие повикувања за вечното спасение, со цврста вера, љубов вистинска и нелицемерна, кон што тие го повикувале словесното стадо за време на нивниот апостолски подвиг, и продолжуваат да нè повикуваат сите нас преку нивните посланија, И ние да бидеме вистински ученици на нашиот Спасител за да го добиеме царството Божјо. По молитвите на апостолите Петар и Палве така нека биде. Амин!
12.07.2009 година, Петровден,
црква Св. Петар и Павле - Кичево