На 19 август 2010 година, на празникот Преображение на Господ Исус Христос, во манастирот света Богородица – Пречиста во Кичево се служеше света архиерејска Литургија. Со божествената Литургија чиноначалствуваше надлежниот Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на протојереј-ставрофор Ѓорѓи Лапоски, протојереј Стефче Тошески, јереј Сашо Додевски, јереј Игор Никовски и ѓакон Николче Ѓурѓиноски. После завршувањето на Литургијата, Владиката со останатите свештенослужители го благословија новиот лозов плод. Кон верниот народ Владиката се обрати со празнично слово кое во целост ви го пренесуваме.

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

Драги браќа и сестри,

Денешниот празник се нарекува Преображение. Не само во црквата и со црковен јазик, туку и во обичниот секојдневен живот кај луѓето го сретнуваме зборот преображение. Се сретнува желба кај многу луѓе да се преобразат, да станат подобри отколку што биле до овој момент. Желбата да се преобрази, да се измени - тоа е потреба на човекот да има во својот живот празник, да се обрати кон возвишеното чувство кое ќе нé одведе од секојдневните суети и од прозаичните погледи на овој свет.

Што го преобразува човекот? Го преобразува човекот пред сé идеја висока, која го зафаќа севкупното битие. Го преобразува човекот и верата во нешто посветло, прекрасно кон кое што сака да се доближи, да го постигне со посредство на човечката способност. Го преобразува и го вдахновува човекот самото високо и благородно чувство, кое и го нарекуваме љубов, - љубовта кон луѓето и добрите дела. Љубовта е способна да го потикне човекот на големо творештво, кон достигнување на недостижното и кон разбирање на неразбирливото.

Денешниот евангелски настан што го прославува сета православна црква, како денеска така и за сите времиња, го покажува Преображението кое го надминува секое човечко просветлување.

Што е Преображение Господово, кое станува идеал за нашето човечко просветлување или преобразување, и зошто да се уподобуваме на Господа Бога Творецот на светот, Кој живее во непристапната светлина и се преобразува пред сведоци - своите ученици и апостоли? Светото евангелие преку устата на апостолот ни го опишува овој настан. Христос ги зел со Себе тројцата ученици: Петар како прв по верата, Јован како прв по љубовта и Јаков како прв во трпението и верноста, и се искачил на Гората да се помоли. „И се преобрази пред нив и лицето Негово беше светло како сонце, а облеката Негова светна како снег“ (Мт. 17, 2). Каква цел има Преображението Господово? На ова прашање ни одговара црковната песна, кондакот на празникот, кога вели: „На Гората си се преобразил, Христе Боже, и Твоите ученици ја видоа Твојата слава колку што поднесуваа; та, кога ќе Те видат Тебе како се распнуваш, да разберат дека Твоето страдање е доброволно, и на светот да му проповедаат дека Ти си навистина, светлината на Отецот“.

Светите ученици преку ова видение му проповедаат на светот. Бог е светлина, - посведочува Божественото откровение. „Постоеше вистинска Светлина, Која го просветлува секој човек, што доаѓа на светов“. (Јн. 1, 9) Бог Кој што живее во непристапна светлина, и се јавува Себеси на светот и на луѓето. Неговата Божествена светлина го осенила некогаш гонителот на христијаните Савле на патот за Дамаск, и Савле постанува потоа ревносен апостол и проповедник на Евангелието и примил маченичка смрт за Христа. Господ ја пројавил својата светлина и слава и кон првомаченикот и архиѓакон Стефан. „И сите што беа во Синедрионот, се вгледаа во него и видоа дека лицето негово му беше како лице на ангел“. А Стефан, исполнет со Дух Свети, кога погледна кон небото, ја виде славата Божја и Исуса како стои од десната страна на Бога, и рече: „Еве, ги гледам небесата отворени и Синот Човечки како стои од десната страна на Бога.“ (Дела 6, 15 и 7, 55-56).

Светите преподбни велат дека благодатта на Светиот Дух пред с# е светлина која го просветува и осветува секој човек. Да си спомнеме за пророкот Мојсеј тајновидецот на Божјото лице, што го примил на Синај откровението. Кога тој слегол од гората Синај луѓето не можеле да гледаат во него, затоа што неговото лице светело. До крајот на своите денови од својот живот тој носел покривало на своето лице, за да не ги поразува оние што го опкружуваат во светот. Да си спомнеме за самото Преображение. Кога Христос засветлил во свелината на божеството и кога се појавил заедно со небесните жители со големите пророци Мојсеј и Илија, неговите ученици не можеле да гледаат во светото Преображение, паднаа со лицата на земјата и облак светол го закривал видението.

Човек е богоподобно суштество. Човекот во себе носи честица на Божествената светлина, делче од божеството. Нам ни е сроден светот на Неговото Божество и не случајно за него тежнее душата на човекот. Можно е да се престојува во неговата сфера, во колку ние тоа го посакуваме. Патот кон тоа оди преку богообраќање преку труд и непоколебливо обраќање на човекот на средба на божественото снисходење. Господ го прави првиот чекор од наша страна. Нашата желба и нашите настојувања ја играат решителната улога во понатомошното Богоопштење. Токму во нив ние се обновуваме се усовршуваме и се преобразуваме.

За да го достигнеме своето преображение, ние како луѓе сме должни да имаме љубов и добри дела. Ние со нашиот труд го создаваме нашето преображение и обновување. А Господ оди во пресрет кон секое добро и кон секоја изразена добра волја, испраќа благодатна помош и дар на Светиот Дух. При Неговата обилна помош, полесно се спасуваме отколку што погинуваме.

Господи Исусе Христе Сине Божји, да се пројави врз нас светлината на Твоето лице и да ни засветли на нас грешните во овој свет Твојата секадеприсутност, по молитвите на Пресвата Богородица и на сите Твои светии. Амин.

19.08.2010 г., Преображение Господово, Манастир Пречиста – Кичево

Митрополит Тимотеј

preobrazenie201001 1

preobrazenie201002 1

preobrazenie201003 1

preobrazenie201004 1

Running Sneakers | Air Jordan 1 Retro High OG 'University Blue' — Ietp

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Декември 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3