На 29 август 2010 година, денот кога Црквата го слави споменот на свети Јоаким Осоговски, во црквата света Богородица – Перивлепта во Охрид, се служеше архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Кон верниците Владиката се обрати со поучно слово кое интегрално ви го пренесуваме.

bridge media | Patike – Nike Air Jordan, Premium, Retro Klasici, Sneakers , Iicf

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

Драги браќа и сестри,

Во денешниот евангелски расказ на светата Литургија слушнавме за царската свадба, која Христос ја споредува со Царството небесно, односно со цар човек, кој подготвил свадба за својот син. Двапати ги испраќа своите слуги да ги повика поканетите гости, но никој од нив не дошол. Едните рекле дека ќе одат на работа на поле, други во трговија, а третите ги фатиле слугите и ги претепале. Тогаш царот се налутил па ја испратил својата војска и ги истребил убијците и ги запалил градовите.

Бидејќи сé било подготвено, домаќинот им кажал на своите слуги: „Појдете по раскрсниците и повикајте ги сите што ќе ги сретнете и најдете“. Слугите излегле на улиците и ги собрале сите што ги нашле, и добрите и лошите и свадбената веселба започнала. Царот здогледувајќи човек кој влегол во свадбената одаја, без свадбена облека, им рекол на слугите: „Фатете го и врзете му ги рацете и нозете и фрлете го во темница“. Евенгелската парабола завршува со зборовите на домаќинот: „Многумина, се повикана но малкумина се избрани“ (Мат. 22, 14).

Свадба - тоа е Царството Божјо, приготвувајќи го тоа славење, а тоа е Отецот Небесен, неговиот син е Христос Спасителот. Слугите кои повикуваат на свадба тоа се: пророците, апостолите, а повиканите се сите луѓе, кои се откажале и даваат негативен одговор на поканата да присуствуваат на свадбената веселба и да се насладат на духовните торжества и на благодатната храна. Немање, пак, на свадбена облека нé преставува сите кои сме слични, а тоа сме многумина од нас кои немаме добри дела и духовна чистота, да дојдеме на свадбената веселба и да се насладиме на Господовите благодатни дарови.

Господ ја завршува параболата со зборовите: „Многумина се повикани, а малкумина се избрани“ (Мат. 22, 14). На прв поглед овие зборови ни изгледаат како жалосни. Колку е мачно да се присуствува на свадбена веселба кај Отецот Небесен?! Се повикани многу, но се почестени, или избрани, кои ќе ја почувствуваат радоста се покажуваат малкумина. Но, ние самите се лишуваме од радоста да бидеме избрани од Бога, затоа што ја набљудуваме нашата земја, ја купуваме, ја продаваме, се занимаваме со животните прашања од овој свет и не го слушаме повикот што н# повикува. Ретко си спомнуваме за тоа дека Господ не повикува во храмот Божји на свадбена вечера. Што човек ќе посее тоа и ќе жнее. Како што тука се лишуваме да учествуваме во духовната свадбена веселба, така ќе бидеме лишени и од учеството во небесното севесело претстојување.

Нас секогаш нé чека свадбена веселба Господова тука на земјава, во царството на благодатта, во молитвите, во верата, во светите тајни на Христовата црква и во Царството небесно. Затоа е многу важно да се има благоразумие за непропадливиот свет. За да го употребиме даденото време на овој живот за правење на добри дела. Тоа да го постигнеме неопходно е да се победува секое искушение и мака, и да памтиме дека секој еден од нас што дошол на свадбената веселба со самото тоа веќе е дојден и во духовните веселби во вечноста. А Господ за да не нé исфрли од свадбената веселба треба да имаме и свадбена облека. Таа облека е потребно да ја исткаеме од љубов и милосрдие од правда и чистота и постојан труд и трпение. Таа облека е во Христа подржувачката љубов, чистота и смирение.

Претечата на Господа Исуса Христа свети Јован Крстител ни напомнува дека секирата лежи блиску до дрвото и секое дрво што недава плод и е суво ќе биде исечено и ќе биде фрлено во оган, така Господ постапува со секој човек кој не прави добри дела. Никој од нас не знае дали Господ ќе ни даде да го живееме и задутрешниот ден и дали ќе ни даде време да се покаеме, да се очистиме од своите гревови за да можеме да влеземе во радоста на брачната веселба. Затоа е потребно секојдневно да се преиспитуваме и подготвуваме поправедни и почесни да се појавиме пред лицето Божјо. Господ ја зацврстува нашата вера во тоа што ни дава возможност уште тука на земјата да постигнеме чистота, праведност и светост. Светата православна црква ни покажува примери со животот на Божјите угодници.

Токму таков пустиножител денеска нашата света црква прославува во ликот на преподобниот Јоаким Осоговски. Неговиот живот како пустиножител и исповедник ни покажува дека може дека уште тука на земјава како што ја нарекува пророкот долина на плачот, да се подготвиме за вечна радост во Царството Божјо преку силна и непоколеблива вера, молитва и труд, пост и подвизи. Да се обратиме со молитва кон свети Јоаким Осоговски и тој да се моли пред престолот на Севишниот и ние да бидеме во бројот на избраните во Царството Небесно. По молитвите на свети Јоаким Осоговски. Амин.

29.08.2010 г., 14 Недела по Педесетница и Свети Јоаким Осоговски
Црква Света Богородица - Перивлепта - Охрид

Митрополит Тимотеј

2808201001 3

2808201002 3

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Декември 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3