Светата православна Црква на 4 февруари го слави споменот на светиот апостол Тимотеј, постојан сопатник на светиот апостол Павле, кој заедно со него ги обиколил Ахаја, Македонија, Италија и Шпанија. Голем ревнител на верата Христова, благ на збор и по душа, св. ап. Тимотеј по смртта на св. ап. Павле кратко ќе биде ученик и на св. Јован Богослов, а подоцна станува епископ во Ефес, каде и маченички го завршува својот живот.

Adidas footwear | Nike Shoes, Sneakers & Accessories

Во чест на великиот апостол и по повод именденот на нашиот Митрополит,  и оваа година, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ – Плаошник во Охрид, се отслужи света архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, игумен на манастирот „Св. Наум Охридски“, игумен Јосиф, игумен на манастирот „Пресвета Богородица“ во с. Калишта, Струшко, протојереј-ставрофор Ефтим Бетински, протојереите Сашо Богданоски и Димче Ѓорѓиески, свештеник Никола Христоски и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. По завршувањето на Литургијата беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј им подели нафора на присутните верници.

Во  резиденцијата на нашиот Митрополит беше поставена трпеза на љубовта, а беше извршен и прием на голем број гости. Од името на свештенството и Вашето верно паство Ви го честитаме именденот и ви пееме: На многаја лета!

sv.timotej11 2

sv.timotej11 4

sv.timotej11 6

sv.timotej11 8

sv.timotej11 10

sv.timotej11 12

sv.timotej11 14

sv.timotej11 16

sv.timotej11 18

sv.timotej11 20

sv.timotej11 22

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јуни 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 1 2 3 4 5