Во светиот ден на Христовото Воскресение, во попладневните часови, според традицијата во нашата Црква, се служи Вечерна богослужба, на која се чита Евангелието според светиот апостол и евангелист Јован, за Христовото јавување на Неговите ученици по Воскресението. На Вечерната богослужба чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, кој го читаше Евангелието на црковнословенски јазик, во сослужение на протоереј-ставрофор Сашо Богданоски (латински јазик), свештениците Никола Христоски, Димче Азески (грчки јазик), Горан Ставрески, Владо Недески (англиски јазик), Ѓорѓи Блажевски (македонски јазик), Љупчо Бакрачески и Роберт Илијевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски (руски јазик) и ѓаконот Сашо Целески (италијански јазик). По завршувањето ан богослужбата беше прочитано Велигденското послание, а Митрополитот Тимотеј, заедно со свештенството, им го честита најголемиот празник на многубројните верници и им подели по едно црвено Велигденско јајце.
affiliate link trace | Air Jordan