На 16.04.2015 година, на Светли Четврток, во манастирот „Св. Јован Богослов - Канео“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тмотеј, во сослужение на свештениците Никола Христоски, Димче Азески, Владо Недески и Љупчо Бакрачески и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата беше извршен чинот на Водосвет во Светлата седмица и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.

Sports Shoes | Jordan Ανδρικά • Summer SALE έως -50%

Митрополит Тимотеј

 

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух!
Драги браќа и сестри!

 

Денеска светата православна Црква, а со неа и сета вселена, прославува невообичаен настан. Денес се прославува славното и победоносно Христово Воскресение. Воскресението Христово, или Пасха, е повеќе од еден голем празник. Оној што сака барем еднаш да земе учество во ова торжество, и радоста што ќе ја доживее, не може да се рамни со ниту една останата радост што човек би ја доживеал во својот живот. Затоа светата Црква пее: „Денеска сè сe исполни со светост, небото, земјата и подземието. Смртта го празнува умртвувањето, адовото разрушување, поинаквиот живот на вечниот почеток" (Пасхален канон).

Сите овие зборови, коишто го објаснуваат прославувањето на Велигден, ни одговараат на едно основно и суштествено прашање. Ни оговараат за вечниот живот. На сите нам, коишто веруваме во Христа, во нашиот Бог, даден ни е нов живот. Живот кој ни го објавува празникот Велигден, и ни го открива денешното торжество. Торжество кон кое нè повикува Воскреснатиот Христос. Од Него, ние примаме почеток за нов живот. Го примаме Оној живот, кој пред 2000 години засветел од гробот. Тој нов живот се дава на секој еден кој верува, во денот на неговото крштевање, како што вели св. ап. Павле: „И така, ние се погребавме со Него преку крштевањето во смртта, за да можеме, како што Христос воскресна од мртвите преку славата на Отецот, и така ние да живееме нов живот" (Рим. 6, 4).

Празнувајќи ја Пасхата како еден настан, сите ние сме должни, секој поединечно во својот живот, да ја примиме благодатта и да го измениме нашето подобие, нашето однесување кон сè во овој свет, па вклучувајќи ја и смртта. Живот кој ни дозволува да се радуваме и да се утврдуваме во него. Смртта повеќе нема сила. Живот којшто живее во Христа и кој го води верниот човек од овој лажен, преоден и минлив свет, кон вистински нетлен и вечен живот. Тој живот му помага на секој верен човек. На вистинскиот верник му помага да ја разбере вистината на својата положба, вистината за својот повик и за своето назначување.

Воскреснатиот Господ Исус Христос ни дава нов живот. Господ нè повикува да одиме во нов живот. Победувајќи ја смртта, Он ни дарува совоскреснување во Неговото победоносно Воскресение. Во тоа се состои нашето торжество. А ние го прославуваме тоа во севкупното пасхално богослужение: Христос воскресна и живот живее, Христос воскресна и нема ниту еден умрен во гроб.

Светото Евангелие уште ни зборува: Барајте го тесниот пат. Одете по тесен пат и трпете, бидејќи во тоа се состои вашата почит. Од обичниот живот знаеме дека широките патишта, честопати, ни изгледаат лесни, удобни и брзи. Но, најчесто, забораваме дека тие патишта, исто така, нè водат кон многу стрмни и лизгави патишта. Нè водат кон престапи и отстапки од моралните принципи. Нè оттргнуваат од вистината и од правдата, односно од спасението на нашата душа. Но, не треба да заборавиме на Христовите зборови, кога Он ни вели: „Барајте го најнапред царството Божјо и Неговата правда" (Мат. 6, 33). Тоа е заповедта на нашиот Воскреснат Господ Исус Христос.

Прославувајќи го денеска Христовото Воскресение во овој свет манастир, да се потрудиме и да го отфрлиме од нашите срца и души, сето она што нè оддалечува од правдата, од вистината, од љубовта и од Христа. Во нашето срце и во нашата душа да обезбедиме мир, љубов кон Христа Бога и кон нашите ближни. И така, Христос нека воскресне во нашите срца и во нашиот ум. Та на секое место да Го славиме и величаме нашиот Спасител, како Победоносец и Животодавец со Неговото славно и победоносно Воскресение. Христос воскресе!

 

Светли Четврток
16. 04. 2015 год.
манастир „Св. Јован Богослов - Канео" Охрид

 

svetcetvr2015 2

svetcetvr2015 3

svetcetvr2015 4

svetcetvr2015 5

svetcetvr2015 6

svetcetvr2015 7

svetcetvr2015 8

svetcetvr2015 9

svetcetvr2015 10

svetcetvr2015 11

svetcetvr2015 12

svetcetvr2015 1

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јули 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
29 30 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2