„Откако со доблесните страдања направи уште подобри дела, плодовите од твоите подвизи Му ги принесе на Христа, преблажен маченику! Откако желбата ја поткрепи со вера, стравот со надеж го отфрли, љубовта небесна ја заработи, сефален Георгие! Затоа, имајќи смелост, со благопријатните молби проси мир за душите наши, очистување на гревовите и милост голема“ (литијна стихира на Вечерна богослужба на св. вмч. Георгиј).

 

Во средата од четвртата седмица по Пасха го прославуваме светото Преполовение, празник кој ги поврзува светата Пасха и Педесетницата. двата големи празници кои се соединети и поврзани еден со друг. Со прославувањето на Преполовението, ние всушност Го прославуваме Спасителот, Господ Исус Христос, но и ја нагласуваме важноста на овие два големи празници. Оваа година, на овој свет ден, на 06.05.2015 година, го прославивме и споменот на светиот великомаченик и победоносец Георгиј, храбриот маченик, кој ја изобличи нечестивоста на мачителот и Му принесе на Бога жртва благопријатна. Празнувањето на овие два празници започна со свечена Вечерна богослужба во манастирот „Св. вмч. Георгиј“ во Рајчица, Дебар, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Партениј, еромонасите Доситеј, Макариј и Ефросиниј, свештениците Никола Христоски, Благоја Спироски и Димче Азески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ероѓаконите Порфириј и Силуан. Оваа свештена вечер, беше голема радост за сите присутни, но особено за сестрите од овој манастир, кои добија уште два силни борци против оној кој попусто непријателствува против нас. Имено, Митрополитот Тимотеј замонаши уште две монахињи, кои со негов благослов и благослов на игуменот Партениј, ги добија имињата Теодора и Макрина. По завршувањето на Вечерната. Митрополитот Тимотеј се обрати кон мноштвото верни со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

latest Nike Sneakers | Nike Shoes

 

Митрополит Тимотеј

 

Во името на Отецот, Синот и Св. Дух!

Драги браќа и сестри,

 

Нашите прародители беа создадени за вечност. Таа блажена, благодаттна состојба ја изгубија заради нивната непослушност кон Бога. Но, љубовта Божја кон нас луѓето и кон севкупниот човечки род продолжува и покрај непослушноста на нашите прародители. Она што Бог го бара и очекува од нас, е да покажеме грижа и љубов кон нашето спасение. Сите останати средства потребни за спасение, Бог преку светата Црква обилно ги нуди на секој од нас, но, повторно, од нас зависи дали со истите ќе се ползуваме или ќе покажеме негрижа и отстапништво.


Ако еден човек се подготвува за посета на некоја видна личност, од кого очекува некои времени, овоземни благодетти, тој однапред размислува и се подготвува психички и физички за таа средба. Осмислува како да се претстави пред него, како да се облече, како и што да проговори, а сѐ со цел, да го оствари она што испланирал, односно да ги добие од него оние времени благодети кои му се потребни. Но, истиот тој човек не постапува исто кога треба да посвети грижа, труд и да даде свој влог за да се подгови соодветно и да се сретне со Небесниот Цар, односно Бог Отец, Кој наместо времени, ни нуди вечни богатства и вечно спасениие на нашите души. Истиот тој човек не покажува доволна грижа кон таквите вредности, кои Господ Исус Христос ни ги нуди и очекува од нас како од христијани. Потребно е тие вредности не само декларативно да ги сакаме со зборови, туку треба да се трудиме со нашите постапки и нашите дела да ги спечалиме.


Ние, како христијани, честопати знаеме да посветиме голема грижа за овоземни потреби, да спечалиме, да изградиме убава куќа, да купиме убава кола и да го уредиме нашето живеалиште. Но, честопати забораваме да посветиме доволно внимание на нашето спасение. Ако пак посветуваме малку од нашето внимание, тогаш тоа го третираме како нешто малку важно и последно од нашите приоритети. Некои од нас дури и гревот не го рачунаат како отстапување од исполнувањето на волјата Божја, туку тоа го разбираат како нешто најнормално, нешто кое се случува со сите луѓе. Притоа, забораваме дека Бог очекува од нас како од христијани да покажеме борба против секаков грев, а за да можеме да се нарекуваме вистински христијани, ние ќе мораме и да ги исполнувамне заповедите Божји. Свети апостол Јаков вели: И така, верата, ако нема дела, сама по себе е мртва (Јак. 2, 17).


Потребно е ние како христијани, малку повеќе да размислиме за тоа дека нашиот Спасител, Господ Исус Христос, ја проли Неговата пречиста Kрв за наше спасение. Потребно е да се покаеме, за да не се лишиме од вечното спасение. Без покајание нема спасение за никого. Човекољубивиот Бог покажа така чудесна промисла во Неговиот домострој, за да се покае секој грешник и за да се приведе кон спасение. Но, ние луѓето честопати остануваме апатични и не покажуваме доволно интерес за ова спасително дело. Христос, Синот Божји, ни покажа нам и на светот дека Он дојде во светот и добрололно пострада, покажувајќи големо смирение и давајќи го Својот живот, за да нè избави од сите болести, маки, страдања и смрт. Бидејќи Самиот доброволно Се даде за жртва, распнат на крст, со тоа ни порачува и нам, дека сето тоа го направи заради нас, и од нас очекува самопокајание, за да можеме и ние да се ползуваме со сите овие благодети кои ни ги нуди.


Бог сака секој човек да се спаси и да добие живот вечен, но, ние грешните луѓе најчесто ја потценуваме тaа Божја грижа. Честопати, ние како грешни луѓе ја отфрламе таа Божја милост и не сакаме како разумни битија да одговориме на подадената Божја рака, туку остануваме незаитересирани и одиме по погрешни патишта, кои нѐ одалечуваат од вистината, правдата и љубовта, односно нè отуѓуваат од самиот Бог. Честопати изгледаме како некој давеник, на кого му подаваме рака за да го спасиме, но доколку тој непокаже и своја волја и несака да одговори на таа подадена рака, ние неможеме да му помогнеме. Слично се случува и со нас. Бог постојано штедро ни ја нуди Својата десница и нè повикува цврсто да се фатиме и држиме за неа, за да нè избави од овој греовен и лажен свет. Повторно, од нас самите зависи, дали ќе покажеме волја и желба да одиме кон вечноста, кон непреодното, трајното и спасоносното за да спечалиме спасение за нашите души.


И денес прославувајќи го гораздиот маченик за верата Христова, светиот Георгиј Победоносец, кој го жртвуваше својот живот со маченичка смрт, се поучуваме дека вечноста се спечалува и со мачеништво. Тој презрел сè од овој свет, и богатство и слава и младост и убавина и се жртвувал за Христа, за да им помогне на своите браќа христијани. Од нас денеска, Светата Црква не бара такво мачеништво, но бара да покажеме достојна христијанска љубов, грижа и труд за нашето спасение, а тоа ќе го постигнеме преку исполнувањето на заповедите Божји и прописите на нашата света православна Црква. Исполнувањето на овие прописи е можно со вложување на наш труд, но да не забораваме дека ни е потребна и Божја благодат, која ни помага во нашиот подвиг, нè поткрепува да можеме успешно и достоинствено да го исполниме она што од нас се бара како од христијани. Молитвата е главното средство преку кое најмногу се излива благодатта Божја на секој христијанин, кој со вера и искреност бара помош од Севишниот Бог.


Сето досега кажано се однесува на секој христијанин, независно дали е лаик, свештеник, монах или монахиња. Но, сепак определбата за монашки подвид подразбира и очекува поинтензивно живеење согласно барањата на Светата Црква и учењето на нашата православна вера. Молитвата, постот и послушанието се трите основни столба на кои треба секој монах да го втемелува своето монашко подвижништво, и преку кои ќе може да ги победува сите овоземни искушенија, кои нè снаоѓаат како луѓе од крв и месо. Обраќајќи се кон сестрите кои вечерва ги зедоа монашките завети, би сакал да им порачам да се угледаат на подвигот, на страдањето, на мачеништвото, но и неотстапувањето, односно на цврстината на свети великомаченик Георгиј, па и тие со цврстина и непоколебливост да ги живееат монашките завети. А сето тоа нека биде за слава на Троичниот Бог, за просперитет и углед на оваа света обител, за афирмација на Македонската Православна Црква - ОА и за спасение на нивните души. Амин!

 

Вечерна на празникот Свети Георгиј Победоносец
05. 05. 2015 год.
Манастир „Св. вмч. Георгиј Победоносец" - с. Рајчица, Дебар

gjurgj2015vec 2

gjurgj2015vec 3

gjurgj2015vec 4

gjurgj2015vec 5

gjurgj2015vec 6

gjurgj2015vec 7

gjurgj2015vec 8

gjurgj2015vec 9

gjurgj2015vec 10

gjurgj2015vec 11

gjurgj2015vec 12

gjurgj2015vec 13

gjurgj2015vec 14

gjurgj2015vec 15

gjurgj2015vec 16

gjurgj2015vec 17

gjurgj2015vec 18

gjurgj2015vec 19

gjurgj2015vec 20gjurgj2015vec 21

gjurgj2015vec 22

gjurgj2015vec 23

gjurgj2015vec 24

gjurgj2015vec 25

gjurgj2015vec 26

gjurgj2015vec 27

gjurgj2015vec 1

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јули 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
29 30 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2