„Нека се радуваат денес словенските народи, светло празнувајќи го свештениот спомен на богомудрите учители, бидејќи од нив започна Божествената литургија на сродниот ни јазик словенски, и се извршува сето црковно служење; преку нив ни се даде и неисцрпниот извор на вода која тече во живот вечен. Пиејќи од неа, да не престанеме да ве величаме вас, Кириле и Методие, зашто вие, веселејќи се во славата на светите, се молите прилежно да се спасат нашите души“ (седален на Утрена на светите Кирил и Методиј).
На 24.05.2015 година, на денот кога ги празнуваме светите рамноапостолни и сесловенски просветители Кирил и Методиј, во параклисот посветен на двајцата браќа во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, протоереј Димче Ѓорѓиески, свештениците Никола Христоски и Горан Ставрески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј им го честита празникот на присутните и им подели нафора.
Sports News | Men’s shoes