„Вљубена во Твојата убавина, Христе, чистата Параскева го поднесе горењето од огнот, викајќи: Трчам по трагите на Твојата божествена миризба, во мојата истрајна борба, благословувајќи го непрестајно Твоето име божествено“ (песна од канонот на преподобна Параскева).
На 08.08.2015 година, денот кога го прославивме споменот на преподобната маченичка Параскева Римјанка и светиот маченик Ермолај, во храмот „Св. Петка“, сместен во дворот на манастирот „Св. НАум Охридски“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалкствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Димче Ѓорѓиески, свештеникот Димче Азески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.
Authentic Nike Sneakers | Releases Nike Shoes
Митрополит Тимотеј
Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.
Драги браќа и сестри,
Вистинскиот христијански живот, треба да биде преточен во исполнување на Божјите заповеди. Исполнување на заповедите коишто сме ги добиле преку учењето на нашиот Спасител Господ Исус Христос. Секој еден христијанин, кој така се нарекува само формално или по традиција или по раѓање, и ако така го живее својот живот нема да има удел во Божјата милост и во Божјата благодат. Нема да има удел во даровите коишто светата Црква штедро ги раздава на своите верници. Милоста Божја или благодатта, енергијата, силата, тие не можат да се купат со никакви материјални средства.Ниту со подмитувања, ниту со некакви економски сили и моќи, туку, тие се добиваат како дар Божји.Тој, пак, дар, треба да се заслужи со нашиот непорочен и исправен христијански живот. Дека ова не се празни зборови и учења на Црквата, ние, тоа го гледаме и знаеме од многубројните Божји угодници кои ни засветуваат како некои светилници на нашиот овоземен пат. Светилници кои нè упатуваат кон вистинскиот од на светата Црква и кон Божјите заповеди коишто единствено се корисни и спасоносни за нашите души и за нашиот живот.
Еден од тие светилници е и светата маченичка Петка. Таа била родена во II век, во Рим, од богати христијански родители и уште од млади години живеела строг христијански живот. По смртта на своите родители, го раздала својот имот на сиромаси и уште поревносно почнала да Го проповеда Христа. Заради јавната проповед,честопати била изведувана пред римските властодршци каде што била подложувана на големи маки и притисоци.Сèсо цел да ја натераатда се откаже од Христа. Но, милоста Божја била врз неа и таа за време на страдањата правела многу чуда, а исамата,на чудесен начин, била излекувана од раните што ги здобивала за време на страдањата. Некогаш била обвинувана дека многубожечките богови покажале милост кон неа и тие ја излекувале. Но, таа недвосмислено Го исповедала Христа, дека Он е Тој што ја исцелува и ја избавува.Он е вистинскиот Бог а не нивните лажни кипови. Така оваа светителка била исечена со меч и маченички го завршила својот живот во II век во Вечниот град. Нејзините свети мошти биле пренесени во Цариград, а потоа разделени, на мали честички, во повеќе цркви и манастири. Од тие честички имаме и ние во повеќе цркви и манастири во Р. Македонија.
Ние, како христијани, должни сме да се поучиме од Божјите угодници. Наоѓајќи се во поширокиот двор на манастирот„Св. Наум", имаме многу добри примери во ликот и делото на светиот Наум, Охридскиот Чудотворец, како и во делото и службата на светата маченица Параскева Петка.Овие двајца светилници на Црквата Христова се удостоиле, да бидат дарители на Божјата милост,на сите христијани кои им се обраќаат за разни потреби од секојдневниот живот. Ние, како грешни луѓе, од крв и месо, секојдневно правиме престапи и се оддалечуваме од патот којшто води кон царството Божјо. Но, затоа, пак, ги имаме овие светилници кои нè осветлуваат, опоменуваат и нè упатуваат кон патеките коишто нè водат кон црквата Христова. Нè водат кон нејзините заповеди и прописи, а кои, пак, ние, должни сме да ги почитуваме и според нив да постапуваме.По молитвите на св. Петка и св. Наум, да се удостоиме, Бог да ја излие Неговата штедра милост и да ни ги умножи добрите дела.Па да бидеме и ние иматели на таа Божја милост и така да ги спасиме нашите души, сега и во сета вечност. Амин!
Св. маченица Параскева – Петка
08.08.2015 год.
храм „Св. Петка" во манастирот „Св. Наум"